Е баш ваков коментар од свекрва ми добив, која воопшто нема работено за плата во животот и појма нема како изгледа. Тешко ми било мене сум седела и сум земала пари. Аха ај важи.
Во маркет си седела и си земала пари? Аууу уште свекрвата. Тие свекрви па никогаш не можам да ги разберам. Не сум слушнала една да е на место.Подршка девојче ако работиш во маркет и со таква до тебе плус. Само храбро и напред,
Моето работно искуство во маркет.Многу оддамна.Во Жито маркети. Вработена со врски. Прв ден на работа,шефицата ми вика разгледувај денес што каде стои и можеш да поднаместуваш по рафтови.Ок Втор ден на работа шефицата ми објаснува како се работи што се работи,ми дава една гондола под моја одговорност и ми вика ако нешто се продаде со поминат рок и се врати од муштеријата ти си го плакаш.Ок Трет ден доагам на работа шефицата ми вика мораш да ги научиш производите у дуканов по цена и што каде стои во понеделник ќе дојде менаџерот ќе те испрашува.Ок Четврти ден почнува смена се ок доаѓа шефицата и вика на колешка-касиерка, покажии на новата вработена како се работи на каса (за касите си имаше вработени касиерки по 2 на смена).Ок Петти ден почнувам со работа и ајде одма на каса.До мене цело време стои колешка гледа како работам.Завршува работно време се бројат касите во едната фалат 700 и нешто денари.Шефицата индирекно ме обвинува дека ја сум крива.Ја почнувам да џогирам дукан додека сите колешки во канцелариичето кај шефицата се договараат по колку треба да дадат да покријат промет.Мене никој ништо не ми кажува.Ок Шести ден доаѓам на работа сите колешки ме гледаат ко да сум им ги убила најмилите,со префрлување дека нема они да работеле за да покриваат грешки на некој.Ок Седми ден ми беше последен и тоа отидов само да им кажам дека не доаѓам веке на работа. И се тоа за 9000 ден плата.
Мојов подолг коментар е мој. Неколку години искуство како продавач. А последниот коментар дека не ми се работи кога давам откази од работа продавач беше од вработена во државно.
Еве денес баш видов, ќе се отвара нов Кам во Струга, ни оглас имаат пуштено ни ништо и оп ќе го видиш утре отворен и преку 10 вработени внатре, зошто Мега Кам ќе бил.... Ја прашувам една вработена таму што ја знам лично и викам -Кога почна? -Еве сега пред еден месец. -А имаше негде оглас или? -Не бе, имаа потреба од вработени. Оглас нигде немаше ни на АВРМ кај што нели мора да пуштат заради пријавување, деноноќно следам огласи. Револтот кај мене е преголем, за во оваа скапаница од држава, да ти требаат пријатели и врски за се и сешто.
Дали знаете колку е почетна плата во Рептил, колку слободни денови следуваат, работни часови, работна атмосфера?
Lele uzas se zito uzas proletta imaa oglas za rab I se prijaviv za rab I me viknaa na intervju I ne me primaa na rab I sega pred nekojden pak mi se javija za intervju otidov I mi rekoa oti ke mi se javat niti mi se javija niti nisto a inace si baram nova rab oti firmata kade sto rabotam propaga i pisuvam za zito vo strumica
Ве молам некој/а искуство со Кипер? Плата гледам дека е 17900, слободни денови, услови такви работи нешто? Фала ви
Jas rabotev vo stokomak me ispratija da istovaram istovaram vo magacinot i posle redev roba po raftovi i priogam na Edna koleska i prozboruvam i mi vika ne mi praj muabet se snima i posle nekoe vreme seficata mu se javuvas na direktorot i mu vika ne go biva samo prasuva prv den na rabota kako da znam ja odma sto treba da se raboti
Цццц. Па од дома да знаеме што треба да се работи. Затоа после имало работа немало работници. Е па ќе нема кога тие што пуштиле корени таму се однесуваат како што не треба покрај другите проблеми.
Па тоа е тоа македонското наместо да те оправи, да им каже на другите да ти покажуваат што како она те кажува на директорот.
Бев тогаш на интервју, примаат и македонци на работа, првите 6 месеци 17.500 плата, после 18 500. Слободен ден еден ден преку недела, телефон строго забрането, во магацин ти стои, немаш во тебе во тие 8 саати, има службен кај шефицата, на кој може и тебе да те побараат ако е итно, што за тоа време што чекав за интервју (едно пола саат) дремеше на тој истиот телефон де со маж и, де со детето, небитно, другите работеа, која трча на каса, која трча реди роба, трета чистеше со џогер и уште госпоѓа шефица и се дере од сред маркет "подисчисти таму, немате убаво поминато". Шанси за напредување мали, ако си пушач несмееш да имаш пауза за пушење, односно "строго забрането пушење во работно време" (а тој шефот/директор што знам ја, што ми го рече тоа, кога влегував во маркет, пушеше надвор цигара, значи не се за сите исти правила). Паузи сведени на минимум, онака трчаш до вц, трчаш назад да работиш, што воопшто не е исправно, сегде следува 30 мин пауза. Мене ми рекоа све работиш, ако нема луѓе на каса, местиш роба или чистиш маркет, вц што да е. Навечер се чисти маркет пред затворање, а знаеме колкави се маркетите. Незнам, јас не би. Попрво би во Рамстор, кајшто си ја знаеш својата работа и толку.
Јас работам во кам ,значи немаш позиција да знаеш да овоа е само моја работа и крај трчаш куцаш на каса ,трчаш редиш палети , цел камион роба стасува некогаш и 2 камиони . И тоа во 19 20 вечерта стасува и мораш да трчаш приоритетот да го наредиш ( 3 4 палети овошје и 2 големи палети фрижидерска роба ) а надвор во маркетот во моментот се фали и тоа ако стасаш до 10 а нема теоретска шанса , секоја вечер имаш пописни листи де 1 или 2 листа броиш мериш се тоа , па да се внесе во комп , ами касите да се избројат денот да се затвори ,да се изџогира среди и во 23 и 30 си готов а до 22 работно време , толку на моменти се разочарувам од фирмава незнам