Епа затоа само идат нови и си одат ,што ние старите работници неможеме да издржиме( јас сум 3.5 години во фирмава) а не па некој од 2 месеца . Да не е корона кризава за работа одма си барав барем ќе знам до колку ми е работно време и кои ми се обврските. Утре сум цел ден на раб од 6 30 до 17 ами после 17 се мери целото овошје и 18 30 ако завршиш си среќен ,си викаш аа рано завршивме ами 30 дена по 1.5 саат неплатени , ама налет парите сакам навреме да си одам детето ме нема видено дома
По маркетите е сегде така, јас работев во ДМ, втора смена до 9, ја заклучваме вратата, и бог знај кога ќе си одиш дома, некогаш се случваше 11 да не најди, то е се плус кој нормално никој не ти го плаќа. 9 и 15, до 9 и пол било рано да сме излегвале, 11 касно незнам шо очекуват и шо сакат со ова стварно, ама претерано е.
A tie sto rabotat vo direkcijata na kam ne smeeat da ostanat posle 4,za da ne im plakjaat plus pari za prekuvremeno. Po dukjanive im e gajle..
Да да сегде аха. Да имаш малку став и да не им се тресеш нема да е така. Јас ако ми беше до 9, 9 излегував, прва смена до 3, 3 и 1 минута чао. 10 минути пред крај му викав на шефот/шефицата, јас се бројам. На почетокот ми се бунеа, демек никој не си оди одма, неможеш, јас ги прашав еднаш "ќе ми платите прекувремено? Мене до 3 ми е работно време, јас во 3 и 1 минута си одам". Ако не им чини нека ме избркаат. На што личи бе да ги малтретираш луѓето. Ако сам не покажеш став џабе е. И јас бев порано таква, ќути си трај си, во кујна дур работев, до 11 работнп време на кујна, 11 ипол си одиш, до 1 останувавме секој втор ден. Ама маж ми фала му на господа ме вразуми и ме окуражи дека мораш да имаш став или ќе те газат. Уште 2 колешки го завземаа мојот став и ние си одевме на време, другите ќути трпи. И ние и они за исти пари работевме, само јас си бев на време дома, они не. Тоа е
Па нема место. Струга. Иначе одамна ќе бев, се знаеме со директорката, ако се ослободи место одма одам. Најфер се реално. Со години вработен им нема избегано. Башка на неопределено ги пријавува сите. Многу фер.
Таму немаат избегано, овде парче направија ама после еден месец скоро сите што напуштија се вратија. Се знае време за се, се знае ден за плата, не си чистачка.
Да, да најфер се. Можда затоа што се странци газдите. Може не е сјајно, ама за работа во маркет едни од подобрите се. Знам уште 2013/2014 кога одев во Турција на одмор и кога ќе пазаревме во Мигрос ако не грешам така се викаше (Рамстор), услужливи, фини, маркетот среден, цени ефтини, да ти е ќејф да влезеш. Незнам во Веро на пример како е, зошто нели и тие се странци.
Пошто во дирекција имаат сектор само за да измислуваат секој ден што да се брои и мери Тие и пред 4 се заминати ,еднаш во 3 и неш им ѕвонев нешто само таа јадната на рецепција што е инаку др се заминати си беа
Еден пример еве ќе ти кажам, со колешката бивша бевме сами на смена и излеговме пред 9 и пол и одма бевме опоменати дека нејќеле да слушнат за порано бегање, во ситуација се доведе друга колешка да се скара со маж и дека ја чекаше сат време пред маркет, непријатно ми беше да слушам морав да им се вмешам во муабетот, и имаше право чоекот да вика пошто ние не сме знаеле да реагираме зато ти викам секаде слушам исти приказни скоро за сите маркети, знам дека немораше да ќутиме али така беше ситуацијата. Друго прашање, Искуство со Стокомак? Имав аплицирано ми вратија на маилот дека ќе ме контактират ако ми треба работници, кајј нас наскоро ќе се отвора па сакам да знам нешто поќе
Имам работено во маркет, и нема шанси да се нафатаж да работам пак, значи не постои нешто што ќе ме натера да работам во маркет повторно! За мене таа работа е пренапорна, и психички, и физички, од кревање на палети, до редење роба, куцање на каса, чистење, броење промет, броење каси, затварање ден, па уште на крај некои исфрустрирани луѓе, да дојдат да ми обесуваат за се и сфашта, да се расправаат пошо таков им е денот, па јас да им ќутам, шанси нема! А, да не заборавиме, дека ако направиш грешка на каса, сам си даваш од свој џеб, некогаш главата не знаеш каде ти е, трчаш на сите страни, и нормално дека паметот ти е насекаде, се прават грешки!И на крај капнат уморен си, немаш сила за ништо, значи кој колку сака нека ме убедува како тоа некаде е одлично, нема шанси да работам никогаш во мојот живот повеќе, во ниту еден маркет!
Во Кит-го засега мислам дека имаат најдобри услови за работа и недела им е неработен ден. Државен празник само прва смена. Плата на 1ви. Имаат голем број на вработени и се знае кој е на каса, месара, овошје, готова храна, сувомесни производи и кој реди роба и кој ја прима. Платата им е над 22-23.000 ден. Кам и Стокомак не се знае кој пие кој јаде и најголема гужва имаат и недела работен ден. После завршување работиш и друга работа, чистење. Ако ептен немате каде не одите на вакви места.
Сигурна си за условиве во Кит го? Да зимата 23 илјади плата немаше откази да фрчат. И касиерките исто редат роба а и тие од деликатес куцаат на каса,а и сами си чистат.
Имам блиска личност што работи таму. Дојде и до 26.000 плата. Редовно одам и секогаш се истите женски на каса и деликатес. Никогаш немам видено еден ден да е на една работна позиција, друг ден на друга итн. Ок е да замениш некого да оди на пауза, ама да ти е тоа обврска и да работиш на две места не. Да тие од каса си имаат свој рафт кој го одржуваат, нормално нема да седат така ако нема работа на каса, ама не им е на трчање. Во споредба со Кам и Стокомак каде секогаш една каса е празна, палети низ маркет, па трчаат да наплатат, па да наредат роба низ цел маркет.