Не , не ми спомнаа . Инаку тоа било пред три години така , сега се тие услови . Бев во Понеделник на разговор и ми рекоа ако не ти се јавиме за две недели ќе бидеш на чекање за некоја ново работно место , но ми се јавија вчера дека сум примена . Откажав и си останав каде што сум
Како бе 10мин пауза?А јадење? Законски е пола саат да му се сневиди, да не јаде човек, у грло да му застане. И кои се они да ми кажат дали да пушам? Не работам во маркет, ама со години се мафтам по молови и се некои вака фикс идеи, па си се нервирам ко ќе прочитам. Робовладетелство! ЦЦЦ
Е да 10 минути е паузата и тоа низ нос ја вадат. Работа во маркет е една од најнервозната работа мислам дека во свет. Се нервираш со муштерии , со шефови со се Се додека им работиме ќе ни се качуваат на глава.
Атва во Кичево, нели? Имам слушано дека многу ги гњавеле таму, и дека слабо сакаат да работат луѓе во тој/тие маркети. Жена на еден пријател/школски работеше таму и знам, таа напушти од таму. И сега што направи, ме интересира ако не е проблем?
Тоа што во моментов можам да направам за да ти помогнам, малку преку проклетиов интернет и фб е тоа што ги репортнав/пријавив од два профила, по иницијатива на жена ми. https://www.facebook.com/atvamarketi/ Секое добро тебе и на твојата фамилија во иднина.
За тинејџери и луѓе кои сами живеат е супер работа али за фамилијарен човек не. од кај нервози на работа па дома деца...
Не кажа дека секоја грешка(кога ќе избришеш некој искуцан производ) ти ја бројат, ако имаш многу бришено ти се закануваат со отказ. Плус 1 палета мора да биде наредена за половина час а за тоа време ако има гужва трчаш на каса, ги управуваш муштериите да го најдат производот што го бараат...Цели сме исечени од скалперите од шо брзаме немаме време да си ги преврзиме раните. И пак шефовите не се задоволни. Колку работа и да си завршил едно нешто да не си направил те критикуваат. Нон стоп се работи под притисок и под стрес. Ама за платата е супер.
Тешко е во маркет да се работи, јас не би искрено никогаш, а све друго би работела. Е сега ако немам работа би и маркет ако морам, нема да се жалам. Братучедка моја работеше знам колку и беше тешко и напорно зимаше да убава плата не викам не, и блиску и беше, али цел ден немаше време да седне и да јаде све и беше набрзина.
Познаничка работи во Рамстор на овошје и зеленчук и е задоволна. Таа е на полно работно време односно 40 часа неделно. Прва смена е од 8-15 втора 15-22 и еден ден слободна во текот на неделата. Задоволна е од плата (сега зема околу 19 000де), бонуси, К-15, две-три паузи има од 10 мин и една од 30 мин за јадење.
Зима 19.000 сигурно има стаж претходно кон и е пресметан во платата и зависно колку време работи во Рамстор и од таму стаж рачунаат. Почетниците не зимаат толку туку 15.500. Една пауза од 30 мин и две петки.
Да, стаж има и претходен а во Рамстор е веќе 7-8 год. ако не се лажам. Почетна плата не знам колку и била кога почнала ама сега зема толку колку што пишав
Zdravo platata za vo market e 14 300 za na kaza 16000 mislam deka bese ama moj sovet nikako u Vero u kisela voda sve ke rabotis begaj si vo drugive Vera pozz