Зур маркетот кај нас во Куманово е под името Дим маркет инаку газдата им е тој. На брат ми жена му работи веќе година дена таму, почна со минимална, сега зема 24.000 плата со редење роба само. Тие на каса сигурно повеќе земаат. Е сега, вели тешко е, мкни носи до магацин, па од магацин по рафтови ама тоа е. Слободен ден, нели освен недела, има уште еден ден во неделата по договор со останатите колешки. Се надевам ти помогнав.
Јас не можам да поверувам ни 25000 дека е плата. И баш би сакала доказ да видам дека стварно 35000 е. Не дека тебе не ти верувам, туку во ова не верувам, просто за неверување е ама дај боже да е така. Да не е од 6 до 18 часот за 35 000?
Ако сакаш поголема плата бирај маркет кој работи и во недела. Ако имаш и претходно сраж се стига и до 28.000.
Вистина плативе на касиери во Кам и во Киппер околу 40000 стигнаа да се? Алал да им е ако е вака, за разлика од други маркети и други фирми, што на целово поскапување денар не покачија
Не верувам ако беше така нема стално да имаат огласи кој би дал отказ ако плата за таа работа е 40.000 ден.
Од вработена во банка ова го слушнав. Она се жали помала плата од нив земала,ги гледа трансакциите на плата. Шефовите наводно околу 60000 прилив имале. Алал да им е ако е вака
Па ќе внимаваш за да не си мањак. Е сега ако те местат колеги или некој шеф... Тоа е веќе друг проблем
Во Веро мислам дека е минимална плата. Таму и 40 илјади да даваат нема да е доволно, сум работела и воопшто не ми се допаѓа.
Мала плата земаат 19.000 почетна и до кај 21-22.000. Не им качуваат плати и затоа им даваат плус уште еден слободен ден во неделата. Платата им е редовна секој 1 во месецот, к15 редовно пред нова година итн. Се на се не вреди.