35.000, 40.000 денари за во маркет? Не верувајте на се што ќе прочитате. Оглас се трпи. Знам случаи кога на оглас пишувало една плата, одат на разговор и таму кажуваат дека платата е помала. Размислете логично, да даваат 40.000 денари во маркет, па еден куп луѓе од државно ќе си заминат за да работат во маркет. Во пошти кажаа на протестот дека 80% земаат нешто повеќе од минималецот. Во општините и институциите оние од најнизок ешалон, исто земаат мали плати. Библиотеки, музеи, тапа. И во полицијата и во армијата почетните плати се ниски. Ако мислиме дека во маркет даваат 40.000, ќе испадне подобро е во маркет да работиш одошто во ИТ. За 6.000 денари покачиле плата во маркет во рок за една година? Да видам, да не верувам. Ни роден брат, сестра, не ви кажува колку точно зема. Народот лаже. По Државен завод за статистика, чевларство, текстил, трговија ти се најслабо платени гранки. П.С. Кај мене во фирмата пуштија оглас за веќе најден работник и таму беше лупната платата колку што земаат шефовите. Работник имаме, огласот беше формалност. Добив пораки од луѓе кои го виделе огласот „ееејј абе навистина, толкави се платите кај вас?“.
Тинекс се катастрофа во последно време, многу им бегаат и стално бараат нов кадар. Ни со плати не се сјајни. Ако бараш во маркет подобро Рамстор, Веро.
кит го се катастрофа плата 20 000 и тоа е ништо друго не се плаќа касиерите плус држат рафтови за роба бонус таргет имаа и тој му го скинаа моментално најслаби со плата
може ли некој да ми каже како е во кам и стокомак колку е платата колку слободни денови има колку регрес плаќат дали има бонус јас работам во кит го 9 години касиерка и ке напуштам овој месец па имам можност во стокомак или кам маркет се мислам во кој маркет да одам
може да ми кажиш услови во стокомак плата слободни денови дали се плаќа бонус како што имат во огласот
Како е работното време во кам ,стокомак,жито дали и тие работат 40 часа во неделата како веро,бидејки тие работат два дена по шест часа,четири по седум.
Можели емаил од КАМ и Стокомак?? За да се пријавам за работа. Во моментот нема оглас за вработување во Куманово па јас сакам за секој случај да пратам CV.