Јас работам во Гиго во Драчево.Не е тешка работата за редење сокови и тешки работи си има магационери,за примање роба они се одговорни.Таму има пиљара,фрижидери со сувомеснато и месара.Секој почетник прво реди роба после оди на пиљара работи па на фрижидер и после на крај е касата.За која позиција си најспособен таму те ставаат најчесто.Ама се бара да знаеш се за да се уфрлиш на помош ако треба.Се на се не е напорно и има редовна плата.Ако сабота е 10ти ден за плата он ја пушта петок.
Kako odi vrabotuvanje vo kam stokomak ili kiper? Zemat li so pola rabotno vreme? Primer ziveam u gjorce i sakam u toj market da sum a ne vo druga naselba
Мене апсолутно не ми е јасно како може вработен што денес услужува 100-200 купувачи да стои на каса. Во многу маркети вработените стојат по цели смени. Креваат товар плус. Слободен ден еден. Колкава и да е платата не се издржува а знам дека во повеќето маркети платата е околу минималецот. После нема работници. Нека им ги подобрат условите во кој што работат. А од друга страна администрација менаџери крлежи да не речам колку сакаш. Со плати 1000 евра викенди празници се слободни. И уште протести па јас да работам во климатизирани простории со фотељи со слободни викенди и празници ќе работам и ќе ќутам па дури и минималец да земам. Ги исцедија работнициве и дел од нив истоштени си заминуваат. А коментарите на административците и газдите не им се работело на луѓево мрзливи биле. Ајде кажете на колку време стоење и служење треба да има пауза. даваат една од 30 мин. Па не се достојува шест дена во неделата по седум саати па макар давале и 50000 денари.
Каде е тука работно време од 40 саати скоро секаде во маркетите работат повеќе од 40. Такви истоштувачки се условите и во зоните во фабрикине. И тоа може да се најде на оглас маркет или во фабрика во три смени исто со стоење или тешки физички работи.
Не ти е јасно оти си улежана драга моја . Сите сакаат на готово работа,под клима и канцелариски работи. НИКОЈ НЕ САКА ФИЗИЧКА РАБОТА !!! Сакаш добра работа и 1500 евра/месечно?! Оди појди во Могорче,Дебарско и пази стока 12ч/дневно. Обезбедено јадење и спиење. Ама не ми е јасно како стоите секој ден .... Епа треба некој да ти смени пукната гума на автопат . Сигурно тато и мама нема . Помачи се и испрљај се нежно дете мое драго . Заработи си го трудот . Јас сум работел во маркет за 10500 мкд месечно по 10 саати во 2010 година .... Све улежани млади генерации ... Ама не ти е јасно како се стои на нозе . Продолжете да не ви е јасно.
Ама ти си работел за 10500 во 2010 , денес млад човек не станува од спиење за минималец. Реално ги поддржувам , можеби работодавците ќе се свестат за каква работа бараат и каква плата нудат.
Не сум улежана 15 години работам во маркети и фабрики ама само ги кажувам проблемите кои се очигледни и затоа нема работници. Не ми јасно како некој нормален човек смета дека треба да стоиш седум саати дневно и тоа да е онака ок. А друг работник што дава извод лична карта итн да седи и да одмара викенди и празници и да зема поголема плата. А овој каде купувате леб да стои. Не суди без да ме познаваш. Напатен работник сум јас. И зашто ти си работел за 10 илјади во маркет а не си отишол во могарче?
Демек ако стои на нозе пред каса и рмба 10 саати, ќе си го заработи трудот? Да, да, важи. Ниту вреднуваат труд, ниту ги заболе ако се трудиш и вложуваш повеќе, гледаат да ги искористат вработените за што е можно помалце пари. Факт. И тоа нема никаква врска со работната етика и мрзеливост на вработените, туку не сакаат да ги платат како што треба, е тоа е проблемот.
И никогаш не се борам за повисоки плати туку за подобри услови за работниците за да се сведат на миниум последиците од работата. Испукани капилари искривени грбови операции од кила... Не одам во могране зошто работам тука борејќи се за подобри услови на вработените во маркетите и фабриките.
Со тие први втори трети смени ни можеш фамилија да видиш ни си одморен да прошеташ ни деца да воспиташ и школуваш. Право да носиш мобилен телефон немаш освен на пауза. Отсуство боледување права реткост. Зошто така се казнуваат одредени работници а други онака си доаѓаат од работа одморени одсуство може да земат речиси секогаш постојано се достапни на мобилен итн. Во какво време живееме и до кога вака?
Тоа што ти си прифатил да работиш за 10500, не значи и друг дека треба да прифати. Немој да ме сфатиш погрешно, ама ако сметаш дека твојот труд вреди 10500, тогаш не вредиш ништо на пазарот на труд. Не значи дека ако заработуваш помалку, си подобар човек. Сакам пари, кој не сака? Зошто да работам 8 саати на нога 6 дена неделно за 20.000, кога можам да земам во канцеларија 40.000? Само треба да го уклучам мозокот. Тоа што ти се гордееш дека на времето си работел за минималец, е уствари перење на мозок, дека ти толку вредиш и дека ако сакаш повеќе пари, треба повеќе да рмбаш. Додека има работници кои се задоволуваат со минимумот за живот, ќе имаме се повеќе газди кои ќе се богатат на нивниот грб. Замисли директор да рече - ќе зимам 1000 евра плата наместо 4000 за да ја заслужам повисоката за 5 години од сега. Не се десило, нели?
Дечкото ништо лошо не рече, во маркет се знае дека се зема минималец, а порано толку беше 10.000 денари. Денеска баш зборуваме на тема вработување со една сосетка, едното дете во државно со плата многу малку над минималец, мобинг, самоволие, се жали, другото дете работело непријавено за мала плата, па сега си нашол поасална работа. Ова се млади луѓе со завршен факултет. Почнале да работат на 24-25, еве ги 30 имаат, уште се незадоволни од статусот, по неколку години работа. И ќе вклучиш мозок, да, ама и илјадници други ќе вклучат мозок, не си само ти. Околу мене имам еден куп вработени во фабрика, прва, втора, трета смена одат за 25.000 до 30.000 денари и се чувствуваат како на седмо небо, а стојат 8 часа и веројатбо дишат штетни супстанци од каблите. На седмо небо се оти сега првпат во животот успеале да најдат работа. Македонија е јад и беда, и натаму ќе биде.
И што ви е чудно што во маркет, сендвичара и слични работни места даваат минималец? Колку да даваат? Има газди на помали фирми во провинција си уплаќаат за себе некоја смешна плата, а газди се. Демек ако се газди, па парите им врнат оти се од Бога предодредени, па перење мозок било ако некој прифатил да работи за ниска плата. Не е перење мозок, туку тост секој ќе стави на тостер, роба да реди секој знае, таа фирма толку профитира, и платата е таа. Еве знам трудница, газдата ја излажал, мислела дека е пријавена и се надева на породилно, но нема да земе ни денар, ја одјавил. Абе овде во Македонија трудница не примаат на работа, трудници бркаат од работа, ако имаш деца, не те ни примаат на работа, а не па како ќе си воспитал деца со работа во смени. Тоа е твој проблем. Може да направат некои отстапки, ама само ако си ВРВЕН во тоа што го работиш, а тоа не е ставање кечап во тост, туку да си некој јак ИТ, машински инженер, некој кој не можат лесно да го заменат.
Се додека мислиме дека е лесно да се прави тост и реди роба ништо не правиме. Се додека тие што го прават тоа имаат прекувремени саати, работа цела смена застанати, еден ден слободен а не два ....без право на боледување, без право на отсуство од работа од оправдани причини итн. ништо не правиме. И од тие што редат роба и прават тост има такви кои би биле успешни во друго нешто некоја понормална работа да речеме само никој не им ја дал шансата.
Да не се правиме луди, со факултети работат по маркети, а со средно земјоделско завршено со 2-ки, тешко дека имаш капацитет да се покажеш на некоја повисока позиција. Живееме во време кога секој петти е магистер, кој ќе ти даде шанса тебе со 3 степен средно да се покажеш на повисока позиција на пример? И што ќе покажеш? Во маливе градови ќорав оглас нема, не па нормална работа, нема никаква. И да има 3 огласи, проформа се. Тежок е животот овде. Лани лето видов дека во Пехчево луѓе стануваат рано, во 5 и нешто имаат превоз за до фабриката за кабли во Кочани. Значи во 4.30 треба да стане тој. Мачење е.
И јас викам да не се правиме луди и тие што сакаат да работат да ги натераме да не работат да бегаат од државава и слично. Туку дури и да нема капацитет да му се дадат нормални услови за да работи. Сите да работат во исти услови со исти привилегии па и со слични примања.
А да не зборувам за тоа колку способни информатичари инженери итн имаме во државава. Никој не е незнам колку по способен од другите физикалци па да ужива такви привилегии службени коли патувања плата од 1000 евра. Или да не речам неработење.