Еве јас немам проблем да сум во движење и да носам тешко ама да стојам на нозе во едно место нема ебени шанси. И кошмар ми е кога треба некаде ред да чекам со саати. Од стоење во место полесно се папсува него од одење. Читни на гоогле зашто е така.
Denes rabotata vo market ti e poplatena od "Doktor" pobijte me ako sum greška Nikoj ne se prasuva deka vo pojakive giganti nema plata pod 27 000.... Prasajte maticen lekar kolku zema plata. Da stignes do doktor gubis dobri 7 godini ..pa ti sea vidi
Само сакам да искоментирам дека платата во маркетите не е баш минималец како што некои членови овде тврдат. Факт е дека постојано се бара кадар, и баш поради тоа што се бара персонал газдите ги качуваат платите. Еве баш вчера видов еден оглас, пишува и плата што не е за потценување , можеби некому ќе му биде од корист.
Мижи Асан да ти баам е платава да беше навистина толкава немаше да бараат стално работници. 24.000 е платата и тоа им кратат ако на робата и помине рокот па некогаш вработените мора да ја купат за да не им скратат од платата. Ова го знам зошто газдиве се од моево место и првиот Зур маркет е овде отворен.
Ми го зема зборот од уста. Матичните се тапа. Стоматолозите во провинција исто, ако немаш своја ординација или си во некоја тапа ординација, не се исплати. Доктор специјалист во државно колку зема? Може се 50.000 или 55.000 денари, ама скапува од работа. Пример еден уролог на подрачје од 200.000 луѓе, два отропеди на толку народ, па прегледуваат по 40 пациенти на смена. Многу е бре. Една учителка зема 27.000 денари плата. Што е тоа. Ништо. Читам банкари тука по темиве колку ниски почетни плати имале. Епа сега извинете, нека не се навреди никој, ама правење тост и лечење луѓе ли ќе рамниме? Дечкото не кажа ништо лошо, сакаше да кажа дека пари има, ама напорна е работата. И јас кога ќе прочитам дека на овчари нудат 50.000 на пример, си велам „еејј, добра пара“, ама па тоа значи да си таму, да ги пасеш, молзеш, јагниш, а тоа е цела наука. Ај јагни овца или забележи дека е болна ако немаш искуство. Ако не забележиш болест, не викнеш ветеринар, овцата умира, во загуба си, работата не ја знаеш, итн. Сума сумарум, не ги цениме интелектуалците, а за маркети, ќе дојде ден со самонаплата може ќе бидат.
Извинете што се убацувам вака, ќе зборувам конкретно за Зур маркет. Јас работев 4 години во еден од маркетите, ( сменив работа за работа по струка физиотерапевт сум, дадов отказ пред 2 месеци). Платата е како што пишува на огласот, ако малце повеќе ти фаќа кликерот прилично лесно се постигнува максималната плата со бонуси. Имаш бонуси од продажба, бонуси од промет заразлика од минатата година, празници не ги ставам во овој кош. Можам да ви кажам дека и сега (по струка што сум завршила факултет) ја земам истата плата. Дека ми е помирна главата, помирна ми е, си го работам тоа што сум го учела. За роковите што очекувате? Како и во секое работно место си имате одговорности, тука одговорни сте за робата ( имате доделено ваш рафт со роба на која треба да внимавате ), има неколку процедури што треба да се запазат и ако си доволно одговорен работник нема да ти се случи да имаш роба со поминат рок. Башка не "казнува и крати од плата" одма, добивате опомена колку сте заборавиле да пријавите производ со поминат рок. Впрочем и генерално, поголем број од фирмите доколку пријавиш на време ( околу 2-3 недели пред да помине рокот на робата ) истата ја враќаат без проблем и ја заменуваат со роба со добар рок. Не разбирам зашто се шират дезинформации колку некој паметен да се направи. Моето искуство со Зур е скроз позитивно и газдите за кои што зборуваш не се прават газди уопште, баш се приземни луѓе, ако ги знаеш лично сигурно си сфатила дека знаат од кај дошле и што постигнале.
Не зборев за пропуштен производ со поминат рок туку за тоа дека крателе ако производот не се продал и кога ќе почне да поминува рокот им крателе наместо да го вратат. Е сега ако тие лажат лажам и јас, башка што жени тегнат и влечат роба сами и немаат магационери. И постојано огласи и нови вработени кој си одат сигурно од арно не е.
Еве јас ви пишувам од лично искуство дека во маркетот во кој јас работев вакво нешто немаше. Разбирам доколку имаш некаков револт, но сепак не е во ред да се шират дезинформации.
Реалноста е сосема друга веќе во никој маркет не зимаат 24. Во некој маркет се стига и до 40 а редовно зимаат 35.
Ова со рокот е апсолутно вина на газдите. Производи кои често и лесно се расипуваат треба да се со помала цена за да се продадат побрзо. Во Стокомакот кај мене не знам колку пати, ако не и на секое одење начекувам скапани свежи печурки и плус рокот уште за ден два. И ова се случува одамна. И немаат памет да ги поевтинат за да не ги фрлаат после. И фала богу никогаш не купувам од таму свежи. Ако повеќе им се исплати така, нивно си е.
Баш ако стои огласот ќе го сликнам пишуваше 24.000. За Кам мислам видов 28.000 до 32.000. За Веро и Рамстор не знам сега колку земаат само знам дека тие едно време даваа минималец.
кам стокомак и зур маркети се најплатени Жито се слаби со 24 000 кит ко да не зборам најслаби со 20 000
Mnogu mala plata vo Kit Go... A sekade si bukvalno nemas fiksna pozicija? Barem rokovi ne gledas kako kaj drugive marketi sigurno ne ve kaznuvaat za izminati rokovi osven ako ne si na hemija pa da ne se zamaras
исто е и во кит го све гледаш и рокови имаш позиција и каса и рафт ништо не е полесно од повеќе платените маркети не си секаде касиерките на каса и рафтови држат исто треба да пазиш на роковите одговорност голема а плата никаква
Pa so ne ides do Stokomak da prasas za rabota ili Kam... Tamu se minimum 25000 početna barem vredi da se raboti ja mislam za taa plata. Vie vo Kit Go samo ženi ste vo marketot ili imate maski plus.Poso ja mislam mnogu e polesno koga ima za krevanje da ima masko