Работа во маркети

Дискусија во 'Барање работа' започната од daskaloska, 24 септември 2012.

  1. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    А извинете вака, кои критериуми треба да ги исполнува работник на каса освен да дојде на работа и да има раце и очи? Буквално ни нозе не ти требаат ако има столче. Боже сачувај, одбивале за најмизерната работ...
     
    На eliesaab, Снегулк@23 и @ceci11 им се допаѓа ова.
  2. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    1.670
    Пол:
    Женски
    Некои одбиваат ради расизам, дискриминација а некои ако нема искуство...
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.579
    Допаѓања:
    37.957
    Пол:
    Женски
    Па не е баш едноставно да се работи на каса. Работев во два маркета и прво редев роба. Па после следуваше обука. Касите се скоро во секој маркет слични и добро е ако најдат некој со искуство. Оти ако треба да го обучаваат.... (facepalm)
     
    На @ceci11 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    9.493
    Китго бараат работници не само за на каса и кај нив моментално нема шанси некој да одбијат.
     
    На Снегулк@23 и @ceci11 им се допаѓа ова.
  5. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    1.670
    Пол:
    Женски
    Јас аплицирав, ама одговор нема...
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.579
    Допаѓања:
    37.957
    Пол:
    Женски
    Затоа што откако ги купи друг, почнаа многу работници да си одат. Таму си имаш свој рафт. И се грижиш само за него. И плус работиш на каса. Ама платата :x
     
  7. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    1.670
    Пол:
    Женски
    Платата??? На огласот пишува 24000
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.579
    Допаѓања:
    37.957
    Пол:
    Женски
    Толку е со работа во недела. Нема ни да ти се јават. Пред да дојдам овде бев на интервју. Немаше одговор.
     
    На @ceci11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    9.493
    Не работат недела и државен празник и мислам имаат 2 слободни денови во недела.

    Платата е мала, ама и тие што ги гледам што работат таму и многу и не се замараат.
    За таа работа толку.

    Кој сака повеќе Кам, ама ќе се убиеш од редење и работа на каса.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    9.493
    Си заминаа зошто платата им остана иста, сега и ја покачија и се од 24.000-27.000
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.579
    Допаѓања:
    37.957
    Пол:
    Женски
    Исто и во Стокомак. Плаќаат ама вработените се убиваат од работа. И пак не можат да најдат работници.

    А за во Кит Го... Работиш и на каса и редиш роба... Ако ти доделат рафт со пијалоци треба сите пијалоци да ги редиш. А кај нив секој ден стига многу роба. И паралелно те викаат и на каса да дојдеш ако има гужва. А таму е турбо. Јас кога бев на интервју беа само 6 вработени на смена.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Па искрено не верувам дека е и нешто сложено да се работи на каса. Сигурно 1-2-3 дена обука и тоа е тоа. Куцаш, внесуваш артикли, сторнираш, и толку е. Не правиш ништо сложено. Немој да мислиш дека ти ја потценувам работата, ама не може да се спореди со работни позиции за таму каде што стварно е потребно искуство.

    За таа работа може платата е океј, ама таа плата е мизерна за жал.
     
    На eliesaab, Снегулк@23 и BeMyFriend им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.579
    Допаѓања:
    37.957
    Пол:
    Женски
    Најголем проблем е сторнирањето. После тоа шифрите. Треба да ги знаеш сите видови јаболки, сите видови пиперки, и др... А да не зборам за производите на рефус. Вакви кикирики, онакви кикирики... Ужас. Па наплата со картички. Па вадење извештај..
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.534
    Пол:
    Машки
    Во Веро затоа и реков...таму на пиљара си ги куцаат шифрите
     
    На Снегулк@23 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.579
    Допаѓања:
    37.957
    Пол:
    Женски
    И во Рамстор е исто. Мислам дека и во Тинекс. А во некои маркети треба да мислиш. Катастрофа.
     
  16. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.534
    Пол:
    Машки
    Бев и во Рамстор и во Веро и за несреќа во најлошите маркети на пиљара...во Рамстор во сити мол мерат на каса ама малку луѓе имаше...а во веро ние меревме ама па мала плата...и да има зезанции со шифри за јаболките пример црвен делишес увозен, па обичен...круша санта марија па од истата увозна па ваква круша....катастрофа
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.579
    Допаѓања:
    37.957
    Пол:
    Женски
    Одржувањето на пиљарата е тешко. Замисли да треба да исчистиш гајба јагоди. Се сеќавам кога чистев смокви и сливи. Од топлото омекнуваа и ми се распаѓаа во рака. :D

    А за шифрите.... Некогаш има повеќе видови од истиот производ... Ваков грав, онаков грав.... Кога ќе ми текне на мандарините... 5 видови имавме во дуќан :drunk: И пиперки исто. Па ако ја згрешиш шифрата (се случува често) одма добиваш коментари од исфрустрирани муштерии дека си неписмен и неспособен. Мислам дека ретко се нафаќаат на работа во маркети затоа што треба да се расправаат со разни будали.
     
    На VDT2906, Polyincognito, izabela.nik и 2 други им се допаѓа ова.
  18. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.534
    Пол:
    Машки
    Летоска патлиџани имаше 6 видови:
    Рома, Сан Марцано, Јабучар, Розев, Обичен и уште некој имаше :rofl:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.579
    Допаѓања:
    37.957
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl:

    Јасно ми е се. Низ истото поминував. Ужас. Најинтересен момент ми беше кога муштериите ме прашуваа какви се мандарините внатре. И не само за тоа. Лимоните и портокалите ми беа врв. Хрватски, аргентински.. Вакви, онакви... Па во мрежа, без мрежа... Па ми бараа попусти... Имало јаболкото 2 точки и сакала госпожата поевтино да го купи. (facepalm)

    Тешка е работата. Цели палети роба стигаше. Кога ќе дојдеше пивара косата ми се креваше. Па да внимаваш да не ти пукне некое шише, оти после ќе си го платиш.
     
    На Polyincognito и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    14.949
    Пол:
    Женски
    @SummerGirl воопшто, со овошје и зеленчук се' е друго ама ај оди и објасни се. Да се само шифрите проблем, па и други излегуваат. Обично и вработените во маркети не се толку криви колку некои над нив и често за туѓа грешка, ним им се крати.
     
    На izabela.nik и SummerGirl им се допаѓа ова.