Поарно така отколку да одговара на прашања од типот - Дали оризот се вари, дали сирењето е солено, како така не знаеш а продаваш...
Прскан ли е доматот, од каде е, внатре да не е зелен цврст...јагодите може да ги пробам, грозјево благо ли е... Да јас идам на работа и го пробувам грозјето или ги садам и одгледувам доматите па знам. Плус сите имаме различен вкус.
Мандарината има семки? Кисела е? Блага е? Се лупи убаво? Оревите добри се за торта? Гравот кој го произведува? Црвениот пипер дали црви убаво? Копаните брзо се варат? Најинтересен дел од работата. Си терав мајтап со муштериите.
И од прашања од ваков тип главата пука. Бидејќи се чудни прашања а ги добиваш дневно 200-300 а нема потреба. Ама колку да се праша нешто.
Немаат друга работа па ќе малтретираат. На еден муштерија еднаш му реков - Јас не сум во производство. Колку и да покачуваат плата, пак не можат да најдат работници.
Отров е да работиш во маркет, и во Тинекс и во Веро имам работено, ај што не даваа асална плата, туку се си таму буквално се! А и со ненормални муштерии се замараш, и психички и физички си оптеретен, па башка и до 22ч, не!
Опасни се колегите во Елида маркет...Дволични...Да можам лесно да најдамработа,нема да го трпам ова... Ама што да правам кога и оваа работа едвај ја добив... Морам да трпам...
Не мораш не вреди да губиш нерви и здравје, дур си таму барај на друго место. Има бутици, пекари кој бараат работа. Све зависи што сакаш да работиш.
са платата во кит го е фиксна 24 000 ништо плус не се плаќа на огласот пише систем на награди ама тоа е сето лага не се плаќа ни минат труд ни па се плаќа тоа што во месецот излеват плус 8 часа бесплатно да му работиш така да плата мизерна затоа и немат работници нон стоп барат
Лелее што се опасни. Ставија да се работи и за нова година,божиќ и бадник. Мене не ми е ништо, јас сум муслиманка. Ама не е фер спрема христијаните-работници...
Срам да им е. Утепани од работа секој ден освен недела. Па сега и во недела. Парите плус нема да им завршат голема работа.
Имам работено во продавница со колешки муслиманки за нашите и нивните празници се договаравме. Кога е пример Бадник, Божиќ работат они, кога е рамазан Бајрам и Курбан Бајрам работевме ние. Се покривавме некако тие ден, два со меѓу смени правевме комбинации. Е сега зависи и од тоа колку сте вкупно и дали ќе се сложаат сите колеги.
А зошто некој што и онака има мала плата не би работел во недела? Се согласувам дека треба да е барем 50% повеќе платено, ако работиш во недела или прекувремено, ама верувам дека на некој крај со крај што врзува би му сметало да работи за Нова Година. И онака е само обичен ден, ако седиш дома секако не ти е платено. Вака барем ќе земеш 800-1200 денари дневница, зависи колку плата зимаш. А и на крај краева, никој никого не тера во маркет да работи.
катастрофа е што направија вака во недела требаше да не се работе ама владата изгласа по барање на газдите алчни за пари така му дозволи владата по барање на алчните газди воа ги п по твое излева тие што работат во маркети треба секоа ден да одат да работат па тие нели се луѓе да одморат само недела им е слободна и сега ваа скапана влада на овие ненаситни газди им дозволи и недела да работат затоа и остануваме без младината од вакви неправди си заминуваат од државата