Ама администрација само најавуваш ден од одмор. Најчесто е така. Додека пак во маркет/продавница што се дел од моловите треба да молиш и треба да се погоди колешката да дојде на работа на смена, да не извиси, да не сме мањак персонал моментално, да не стига роба дента, да нема попис дента итн итн. Тоа е моето досегашно искуство во разни продавници. Ама сепак имаш избор за ден од неделата кој да е слободен додека пак само недела како ден мислам е лошо на долг рок.
Зошто да се друго? И тие имаат исти потреби.. За забар, банка и слично не мора слободен ден, ќе одиш кога ќе си втора смена.
Друго е затоа што веќе пишав, најавува ден од одмор и готово нема проблем. Тоа со втора смена не секогаш изводливо.
Ама и во администрација не е секогаш така лесно, освен можеби државно. Приватно, во помали фирми, нема кој да те замени за да така лесно ти дадат слободен ден. И да, мене поубаво ми е да сум недела слободна, него некој рандом ден неделно.
Сум била и од едната и од другата страна и добро знам како е. Поубаво е недела слободна, нормално ама не е добро за долг рок, особено оние со деца.
Заклучокот е дека за сите е различно. И јас сум била од двете страни. 6-7 години работев со слободен ден сред недела, сега последниве години сум со викенд слободен. Второво и те како ми е подобро. Во првиот случај, ни кажуваа неколку дена порано за кој ден ќе ми биде слободен, што значи ми беше потешко да испланирам нешто. Друго, ако јас сум слободна во вторник, другарките или дечко/сопруг нема да бидат. Тоа ми беше проблем.
Здраво дали има некој што работи по маркети или конкретно КАМ да сподели искуство како е работата и дали стварно даваат онолку висок регрес и к-15?
Јас лично немам искуство, ама од кажување на близок кој работи по маркети Стокомак и Кам земаат највисоки плати, посебно Стокомак.
За плати не знам, а к-15 вистина даваат толку. Само што не ја даваат цела сум наеднаш, туку на 3-4 пати.
40 000 ден почетна, со бонуси плус повеќе. Кај нас во Стокомак ретко да се смени некој од вработените додека во другите маркети сите бегаат. Имаат многу работа ама пак во Стокомак секогаш се најљубезни, на толку гужва и работа...
Јас никогаш не сум работела во маркет можеби е интересно и убаво да работиш како магационер...имам барано работа во жито, кит го и кам но, сметам не сум за таков тип работа. Особено за во кам мислам се преценив.
Не си од Скопје? А може од град до град има разлика во плати. Во Кам така е. Додека во Веро мислам секаде иста е. Некако многу 40 000, ако е точно добра е платата. За таа работа што ја работаат богами треба и повеќе. Кој не работел во продажба не знае како е.
Не сум од Скопје, од мал град сум. Искрено не знам можеби има разлика во платите, а за работа тешко е и те како. Посебно Кам и Стокомак имаат премногу работа. И Кит Го имаат работа не дека не, само многу помали плати, околу 25 000 ден.
не е во врска со работа ама јас се чудам кој пазари толку во Стокомак сега брзо бев еднаш (прв пат во живот) и толку крш работи и невкусни купив то чудо..