Зборот љубезност Не постои ниту кај купувачите, ниту кај маркет вработените, Туку, они се посмирени кон купувачите. ______ Во право си за бегање (или бркање) од други фирми маркети, илјадници, илјадници се тоа; А, во Стокомак за да влезеш, Супермен способен да си во сѐ и сешто, Нема да те примат (освен ако имаш некој човек) Лично мое искуство, и на мојот пријател.
Kako pa da ne, ne pravete filmovi, bliska sosedka raboti vo stokomak , nit znae nekoj ni vrski imase, a da ne kazam i deka e poprosticka malce pa ene ja so godini e tamu. Osven sto se zali deka e mnogu tesko drugo nisto.
Баш. Снаа на снаа ми се вработи во Стокомак без ничија помош. А, за робата зборена поназад, па во сите маркети има полска и турска (и ништо не им фали, тоа само разгалени го мислат). Разликата не е толку во квалитетот колку што е во цените.
катастрофа многу работа малку работници а плата никаква 27 000 ден касиерка во сабота се потпишуваш дека работиш 5 часа а работиш 8 часа гратис за фирмата работиш месечно 8 часа бонуси ништо минат труд не плаќат значи платата излева околу минимална плата катастрофа од фирма
Искуства со Кам? Знам дека многу има работа истото ми е кажано и на интервјуто, само ме интересира искуства во однос на смени, плата? Дали пријавуваат на целата сума? Колку вработени се во една продавница, колку шефови? Една недела цела смена или?
Кај што работев јас имавме 3 шефови и еден регионален шеф. Платата не е фиксна секој месец земавме различно, како правеа пресметки не знам. На каса секогаш компјутерски ја мерат брзината со која куцаш и колку грешки правеш. Како грешка се смета кога ќе избришеш нешто. Ако направиш повеќе од 25 грешки не ти даваат бонус барем така ни кажуваа на нас. Обично одевме една недела прва, една втора смена. Одевме многу саати прекувремено а дали ни ги плаќаа не знаеме. Шефицата ни беше голем манипулатор и често си пишуваше на самата себе повеќе саати . Да знаевме како ги пресметуваат платите ќе знаевме дали не кратеше. Така да ако се вработиш да си го имаш ова на ум, да си прашаш колку ти е станицата и да си бараш платна листа. Мислам дека даваат ама на нас не ни ги даваше шефицата. Поминаа неколку години од тогаш можно е нешто да е сменето. Се зависи какви ќе ти бидат колегите и шефовите. А работа има многу. Најмалку по 15 палети добивавме роба секој ден или секој втор ден. Мене не ми беше тешко бидејќи сакам да сум физички активна. Напуштив поради непрофесионалното работење на шефицата и затоа што не трпам неправда. К-15 ни даваа 30.000 , 3 месеци по 10.000.Сега гледам дека пуштаат многу повеќе. Среќно.
Да знаеш во Кам све е платено до секој изработен час имаш огласи види се е објаснето плата минат труд К15 се е точно напишано на огласите за работа исто и Стокомак