Veliče sedi tamu da ne ti dojdam Ti ako mislis deka nekade e poise plateno ama izbiva na glava da znaes.
Здраво. Ме интересира тие со искуства што се, дали по маркети и други малопродажни продавници, касиерите земаат поголема плата од редачите на роба?
Не не за маалски, зборувам за ланци на маркети како кам, жито, стокомак, и бутици што се како маркети со се, како зара, синсеј, њујоркер... Секаде касиерите работа и нешто плус, ама дали зимаат поголема плата
За во Стокомак знам дека земаат иста плата. Познавам 3 жени кои работат таму, ама во различни маркети се. Се работат. Имаат денови кога треба да редат роба и да бидат на каса, а денови кога само роба редат. Многу работа имаат. Давале и некои бонуси, ама не знам врз основа на што ги добиваат. И во Кам е исто. Смо што повеќе плата даваат таму. За во Зара бараат на пола работно време. И нема одма на каса да работиш.
Некој да сподели искуство со работа во Зур маркет на позиција редач на роба? Пуштиле оглас редачи на роба им треба...
Zdravo i jas imav loso iskustvo rabota pod tortura od strana na sefovite te tretiraat kako rob a zimas minimalna sramota
Може да ми пише некој ако знае кој маркет освен Кам дава работа со скратено работно време, мене ми треба после 16ч ?
Прашањето може не е за тука, ама не знаев каде да го поставам. Дали знае некој колку е плата за менаџер на филијала во Њујоркер?
Јас имам работено во Киппер маркет во Тетово и искрено .. Се беше ок , освен што 8 часа бев постојано на каса ( да не бидам погрешно разбрана , нова бев тотално , ниту шифра имав , ниту каса знаев доволно , ни месец дена не работев таму во тој момент ) . Ако се ствара гужва , ѕвонам , викам каса , се прават не ме слушаат и така .. Платата 30 . 000 - 32 .000 денари ( некоја недела се работи , бидејќи попис нели ) . Менаџерот ме ротираше во неколку маркети и задоволна сум од него , побарав да бидам што поблиску до дома , бидејќи сум со мали деца , па како се ствараа услови во близина на мојот дом , така ме ротираше човекот . Е сега , не мора да значи , можеби само јас сум баксуз , па ми се паднале такви колеги и колешки . Негативна страна ми беше тоа што веднаш после 5 дена обука ме ставија сама на каса , ниту шифри знаев , ниту каса доволно знаев . Секој ден минус ми велеа си . Често по цели 1000 денари . Се пожалив на менаџерот , кажа да ме тргнат малку од каса , тоа траеше половина ден , потоа пак по старо . На позитивна страна е што менаџерот и јас остваривме кратка ама доста цврста комуникација како вработен - менаџер на реон . Коректен испадна и фер за се што му се обратив , ме сослуша и се обиде да помогне . Е сега , јас морав да дадам отказ од друга причина и тоа после 2 месеци работа . За среќа , некои колешки ми останаа пријателки и после заминувањето . Мислам , не толку блиски , ама сепак .
Во право е, јас исто во Жито се вработив, почнав на обука, 3 месеци и ме префрлија во нов отворен маркет, и таму од Понеделникот до Саботата сме работеле прекувремено, не искилаеа за ич пари. Само понеделникот од 8 до 16, после другите денови од 8 до 22, Петокот од 8 до 00 20, во Саботата за отварањето од 8 до 21. Значи убаво вика, уште да земеа тука кревети да испружат. Немаат магационер , многу голем минус за тоа. Не натрупаа со роба, никој не знаеше ништо ни кај да реди ни ништо, магацинот се натрупа скроз не можеше врата да се отвори. И сите од вработените нови бевме, никој не знаеше ништо, и само лупаа кај што ќе стигнат, а ни рекоа дека ќе бидеме измешан состав, стар тим со ново вработени. Ама старите работници нејќеа се дигнаа на револт дека ќе дадат отказ, и останавме ние новите на милост и не милост. После месец дена, 4 одма дадоја отказ, и еве и јас се мислам истото. Платата е мала, не си само на каса, фрижидер , рафт. Мораш да дигаш да бидеш све, магационер, касиер, фрижидерка, картони да собираш и врзуваш, најлони исто, џогирање после работно време, метење и се тоа за 24.500 доколку не заминеш една ден, то ест не си редовен цел месец. Секој со различно искуство, ова е моето! Можеби кај некој друг нема да се пронајде но јас си го кажав своето. Поздрав ♥