Форумџика на годината

Работа во маркети

Дискусија во 'Барање работа' започната од daskaloska, 24 септември 2012.

  1. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    1.472
    Пол:
    Женски
    Кое е работното време во Кам?
     
  2. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    1.472
    Пол:
    Женски
    До 22 се рааботи пошто во 22 уште куцаат на каса и има луѓе за наплата?
     
  3. Девојка999

    Девојка999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2018
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Да, затоа што има народ без осет што во пет минути пред затворање влегува во маркет и пазари по цела количка, иако обезбедувањето (таму каде што го има секако) им укажува дека веќе маркетот се затвора и треба да побрзаат. Инаку да, касиерката прави последно излез од касата точно кога ќе дојде 22:00 (ова по претпоставка ако нема веќе луѓе за наплата). А ако има уште некој секако мораш да му ги искуцаш производите до крај и правиш излез од касата чим ја затвориш таа последна сметка макар те фатило и некоја минута плус после 22:00.
     
    На eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    9.727
    Некаде една каса се остава дежурна, а останатите ги затвораат една по една после 21 часот. Некои пак маркети затвораат во 9:30 и чистат средуваат до 22:00

    Така да еднаш неделно ќе се фати да е една до 22 часот не секоја вечер што е најфер.


    Во Рамстор во Штип гледам доста неискусни вработени демек немале кандидати поради мала плата. Не работат празници и недела.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    1.472
    Пол:
    Женски
    Народот е ист секаде и не може да се ослонуваме на осетот.
    Значи, не се работи до 22 туку после тоа.
    И би било ок ако не се води работно време до 22, вака не е ок.
    Не сум работела во маркет и не знам дали како во бтуик се брои касата еве нека кажат тие кои работат, тоа е плус што одзема време.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.132
    Допаѓања:
    41.711
    Пол:
    Женски
    Секаде кај што се работи на каса остануваш после раб.време за да изброеш касата, ако треба уплатница да напишеш, да запишеш во книга за дневен финансиски извештај. И тоа одзема плус уште неколку минути после заклучување на врата на објектот
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.702
    Допаѓања:
    23.911
    Пол:
    Машки
    Во кладилници затвораме пред завршетокот на работното време, технички и по правило работиме до 11 ама затвораме пред 11 со касата. :)
     
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.132
    Допаѓања:
    41.711
    Пол:
    Женски
    Кај нас(аптека) не е така. Најчесто 10мин останувам додека средам се
     
    На mal.ecka и Stark им се допаѓа ова.
  9. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    1.472
    Пол:
    Женски
    Не е секаде така, барем јас кај што сум работела. Мене смената ми била до 22 и јас 22 си заминувам. Ретки биле ситуациите да сум останела плус ако има многу роба или нешто проблем со каса.

    Што значи работното време во маркет на е до 22.
    Кеш во маркет секогаш има така да секогаш се пишува уплатница.
    Во еден бутик кога бев на интервју ми рекоа дека ако тој ден на смена јас сум на каса (пошто беа поделени диплење и каса) тогаш со шефицата останувам уште 30 мин до 22:30. И тоа е апсолутно ок и нормално, мојата смена се води до 22:30. Ама вака да ми се води до едно време а да останувам плус за мене не е ок.
     
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.132
    Допаѓања:
    41.711
    Пол:
    Женски
    Па во секоја аптека е вака. Во маркети незнам баш.
     
  11. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    1.472
    Пол:
    Женски
    Не сум работела во аптека ама пак ќе кажам, сметам дека работното време не треба да се води до колку работи продавницата/аптеката туку до кога јас работам. Ако ми е обврска пребројување и средување каса тогаш моето работно време не е исто со работното време на продавницата.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.132
    Допаѓања:
    41.711
    Пол:
    Женски
    Колку часа се работи на втора смена во маркет?
     
  13. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    1.472
    Пол:
    Женски
    Не знам, нека кажат тие кои работат. Јас секој ден гледам дека во 22 или во недела во 20 уште куцаат и има уште неколку луѓе на каса. А работно време до 22/20.
    Обемот на работа во маркет не ист со бутик а претпоставувам и аптека.
     
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.132
    Допаѓања:
    41.711
    Пол:
    Женски
    Јас работам 6часа втора смена. Заклучувам врата во 20:30, средувам касата и за 10мин сум излезена. Нас тоа ни е кажано на интервју дека е така и затоа имаме помалку часа работни втора смена
     
  15. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    1.472
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека е исто и прва и втора како што е во бтуик ама еве тие кои работат нека пишат.
     
  16. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.783
    Допаѓања:
    9.097
    Пол:
    Женски
    Не е така во сите маркети.
    Верувам дека да дојдеш 10,15 минути порано за да предземеш смена и изброиш каса е секаде така. Ама обично вечерта во 22 се завршува. Се зависи како шефовите ја организираат работата. Значи не е во сите маркети исто.
     
  17. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    1.472
    Пол:
    Женски
    Јас кажувам за тоа што го гледам секогаш кога сум втора смена и секогаш има луѓе на каса во 22 во маркетот.
    И немам никаков проблем ама ако се вработам не сакам да ми пишува во договорот и на распоредот 22 а јас работам до 22:20 пример. Нека ми е работно време до 22:30 и ќе е ок.
    И нема зошто да доаѓам порано 15 минути, ќе доаѓам колку ми е смената.
     
  18. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.783
    Допаѓања:
    9.097
    Пол:
    Женски
    Не можеш да доаѓаш точно кога ти е смената, бидејќи треба да се смените со касата. Да се изброите за да може другата смена да стане од каса и да си оди.
     
  19. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    1.472
    Пол:
    Женски
    Тоа значи дека не е добро испланирано работното време и смените и кога ќе собереш секој ден пред смена и после смена по 15 минути, дневно 30 минути, колку е?
    Досега кај што сум работела, се поклопуваме со смените пола час или час зависи каде и за тоа време си предаваме смена.

    Јас треба да доаѓам точно а не може да ми кажуваат лажни саати што не се точни.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.783
    Допаѓања:
    9.097
    Пол:
    Женски
    Јас каде што работев 15минути доаѓавме предававме/предземавме смена за да можат другите точно да си одат дома. А не 15 минути покасно.
    Исто и вечерта во 22ч си одевме дома. Не останувавме повеќе.