1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во мобилни оператори

Дискусија во 'Барање работа' започната од mime87, 23 јули 2011.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Девојки денес си стокмив едно добро CV на англиски јазик и го пуштив во Вип,не дека има вработување ама ајде и јас да си ја пробам среќата желба ми е да работам на вакво место и ако знам дека се потребни (дебели пријатели) :)
    па ако некој работи во некој од ови оператори нека повели да сподели искуство би била среќна позз :*
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Работа-Т-Мобиле,Оне,Вип-операторите

    И мене ми е желба да работам на тие места, проверувам постојано да не има некаков оглас ама нема засега, инаку и јас имам пустено ЦВ за агент за продажба во некој од нивните салони? Ти за каде прати?
     
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Работа-Т-Мобиле,Оне,Вип-операторите

    Јас пратив душо за ВИП за во Битола и јас постојано проверувам но знам луѓе кои пратиле ЦВ без да има огласи па им се насмеала среќата и работат таму
    чист пример е мојот комшија кој добри 3години работи во Вип можеби и повеќе и е презадоволен
    но мн.ми падна криво пред 2 дена кога отидов во Т-мобиле да ја платам сметката на таткоми и кога ја видов на шалтерите една познаничка моја која учеше средно стопанско кое едвај го заврши и нема ни факултет ни 2 чисти во глата а сега изиграва госпожа неможев да повервам а луѓе кои вредат ќе чекаат и попусто ќе се надеваат ама тоа ти е
     
    На Saraa и snegulka21 им се допаѓа ова.
  4. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Работа-Т-Мобиле,Оне,Вип-операторите

    A само да те прашам, нагласи ли за која позиција аплицираш или само си го прати цв-то, јас нагласив за позиција агент за продажба, за кога и да имаат потреба од тоа, да се јават, па се надевам дека НЕКОГАШ ке се јават :))))
     
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Работа-Т-Мобиле,Оне,Вип-операторите

    да снегулка и јас истото референт за продажба на др.позиции тешко дека би влегле иако имам одлично познавање на англиски и добро познавање на германски мн.добро се снаоѓам и јас се надевам дека ќе имаме среќа да не повикаат а и другарките ме бодрат да пуштам и во другите оператори ништо не губиме кој знае можеби и ќе се јават...
     
  6. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Најјако беше што јас пуштив апликации и во другите оператори а сум корисник на вип. Ако ме бараат нека ме бараат на вип :D :D
     
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Овие ЦВ-а кои се пратени без претходно објавен оглас имаат ист третман како и оние по барање на операторот. Се надевам дека во пропратното писмо јасно и концизно ја имате наведено желбата за работа токму во тоа претпријатие како и тоа дека очекувате одговор.
    Барањето да ви пратат одговор не само што на некој начин ги обврзува туку и вам ви овозможува да по извесно време ги подсетите на тоа дека чекате одговор, а со самото тоа и повторно да испратите ЦВ. На тој начин сте повторно во игра.
    Тренд во големите компании е да вработуваат по самоиницијативни барања. Ова е особено случај во банките. Ви посакувам среќа.
     
    На Macedonianbro, snegulka21 и mime87 им се допаѓа ова.
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Е душо пак сега и јас користам од вип број а ќе пуштам на сите оператори не можеме 3 броја да користиме :D ако сакаат да не повикаат мислам дека тоа не е фактор не се грижи :rock: :*
    sanjaeva
    ти благодарам на појаснувањето ете и нешто ново добро научивме
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Супер што сте пратиле ЦВ самоиницијативно. Зашто има вработени луѓе кои баш на тој начин се вработиле, е сега проблем има што може за 1 месец, може за 1 година, може никогаш да не ве повикаат, зависи кога ќе се отвори работно место за квалификациите кои ги поседувате. Во големи посебно странски компании врските се добри, но не и пресудни, ќе среднете луѓе кои само со својот труд се вработиле.
    А доколку сакате да сте референт на продажба пратете ЦВ и во оние партнер продавници на телекомуникацискиве фирми, такви продавници има многу ете посебно ВИП тродупло повеќе од ВИП официјални продавници што има. Се надевам ќе ве повикаат за интервју ;)
    И дефинитивно не е фактор на кој оператор сте претплатник, али ќе ве прашаат сигурно, со уште неколку трик прашања кои ќе ве здрмаат а со кои сакаат само да видат ваши реакции, а не се пресудни одговорите за идното вработување ;)
     
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    За ова Росита што го спомна, да, прашуваат на кој оператор си претплатник, и тоа сигурно знам за во One. На другарка ми, која воедно сега е вработена во нивен продажен салон, дури и бројот и го побарале, демек им било важно да ја проверат нејзината историја на користење, за да видат дали таа основно е задоволна од нивните услуги, па после тоа да може таа да ги нуди нивните услуги.

    Бла-бла-бла! |(

    Фарт. Трик-прашање, не дека ќе застанат тие да проверуваат каде таа 7-8 години вртела (од кога што постои операторот, таа е нивен претплатник). |(

    На мое интервју во ВИП, не ми побараа такви податоци, зашто отвореното работно место беше во нивната правна служба.
    По моја проценка, според содржината на интервјуто, најверојатно местото веќе беше претходно пополнето, а огласот беше формалност како и во државната администрација.
     
  11. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Јас бев во Вип дури 3 месеци хаха и се отказав,без на пракса(платена) ноооо да стапис во работен однос во таа фирма мора знаци МОРА да имас многу јаки врски инаце ке си остане спрактикант цело време
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    пеперутка а се пријави за оглас или доброволно како мене по колку време те повикаа? :$
     
  13. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Ме интересира дали има некој што работи или работел во продажен салон на Т-мобиле, како сте задоволни од работата и условите кои ги нуди оваа работа?
    Ви благодарам за одговорот.
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    И за овде требаат врски. :@
    Ете, се вработи една познаничка во Вип со средна школа, и тоа одвај завршена. :fubar:
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    грл
    што те чуди затоа бавно одат работите во државата бидејќи се вработуваат вакви луге не стручни и не спремни каде се луѓето кој имаат јако образование и знаат по 2 до 3 јазици кој вложиле во себе се разбира нема кој да ги поттурни ама како рекле секој со среќата :?:
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Требаат врски, јас знам случај каде на една вработена и платила некои 50.000 евра за да го отстапи таа нејзиното работно место од Т-Моbile за тој да ја вработел неговата снаа.
    Незнам колку е точно, ама па очигледно е дека и за таму требаат врски.
     
    На AngIv му/ѝ се допаѓа ова.
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Кој шеф/газда е тој каде за исти пари му се нудат средношколец и универзитетски образован човек, па тој го избира првиот???? Не мисли барем на бизнисот??? :@

    А, колкави се платите во т.моб/вип, знаете?
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Е ама сте се фатиле за тоа средно, што ако се со средно, може ги бива за работата?
    Јас да сум газда нема да гледам кој каква диплома има, туку каде работел, ќе им дадам некоја задача или прашање да видам како ќе ја решат за да видам како ќе размислуваат, ќе ги ставам на пробно да видам како се однесуваат со луѓе, па после ќе одлучам.
    Како да треба којзнае какво образование за во Вип, особено за оние на шалтер.
     
    На Hipster, Lovely93, drakulce и 2 други им се допаѓа ова.
  19. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Јас знам дека во Продажен центар на Т-моб. платите се движат околу 20000 ден. и сите огласи на вакви работни места се со средно образование.
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Кај е вработена кол центар или продавница?
    Едно од тие две е сигурно.
    А за овие работни места се бара средно образование. Тие може да вработат и со високо ама слободно може да вработат и со средно.
    Зошто ги потценувате тие со средно не ми е јасно. Па јас да отворам оглас за среднист и да ми се пријават и со диплома лица јас ќе одберам по интервјуто, нема предност да им дадам на тие со дипломата, може баш тие нема да ги бива и нема да се добри во комуникацијата која е битна за работата и претставителноста.
    Тоа со врски е друга работа, така функционира секоја фирма во Македонија речиси, не знам што се чудите до толку секаде се случува ова колку и да боли, реалност е ова, и државни, до големи, мали и средни фирми, врски врски и само врски. Јес да во овие фирми со странски капитал си вработуваат и лица по огласи поточно оние што си пратиле цв на нивната страна, си имаат сите дел кариера.

    А џек пот е вработување во мобилните оператори се знае тоа од услови за работа, плата, постои хиерархија, постои напредување, а и многу работа нормално и постојано надгледување над глава. Секој кикс ти е клоца надвор.
     
    На CrAzZyYy, kikikikirika и Dualism им се допаѓа ова.