Работа во радио станица

Дискусија во 'На работното место' започната од littlegirl92, 19 декември 2010.

  1. littlegirl92

    littlegirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    Драги феминки,
    Одсекогаш сум се воодушевувала на оние кои работат во радио и ме интересира дали и меѓу нас има некоја со таква професија?? Иако не студирам нешто поврзано со ова, сепак не можам, а да не помислам колку би било прекрасно преку мали звучници да им ги разубавувам деновите на многумина со лесна музика..... милина :)
     
  2. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515


    Jас имам работено на радио уште како тинејџер во тинејџерски емисии, па и во текот на студирањето... Го сакам медиумот, таму се чувствувам сигурно, посебно радиото како медиум ми е многу пријатно катче.
    Во последно време се ориентирав на сосем друга страна, но ништо чудно да се вратам повторно позади микрофончето во глувата соба. :)
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Имам некое мало искуство: неколку дена одработени од што немав што да правам во радиото на татко и‘ од една другарка. Убаво е. Плус предност е тоа што не мора да си скоцкан, за разлика од тие што работат во телевизија... Убаво топло катче.
     
  4. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Еднаш за малку....се откажав во последен момент,поради лични причини.

    Убава работа е,ама како и за секоја друга и за оваа треба да поседуваш некои квалитети,т.е. да имаш јасна дикција,убав фоничен глас,да знаеш да комуницираш со слушателите...

    Жалосно е што многу неквалитени девојки/момци,ги опседнаа фреквенциите и живеат во филм дека радио фреквенцијата е нивното второ јас.

    Не е лесно секое второ утро да ти го упропастуваат кафето,а ти очекуваш да си го испиеш у фина атмосфера со пријатна музика :| Секоја чест за ретките исклочоци :up:
     
  5. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Мал стаж на мали години :) Основно некаде бев и наставникот не организира помала група за да правиме емисии во сабота сабајле. Читавме текстови од македонски автори, драми, поезија па пуштавме и песни и имавме вклучувања во живо....мераци 8)
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.276
    Допаѓања:
    27.964
    Јас волонтирав 2 години во радио. Многу убаво искуство кое ме научи на многу работи. Средината е прекрасна за работа. Плус и запознаваш многу личности кои поинаку не би ги запознал (како на пример Франц :inlove: )
     
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Интересна работа, ама ако имаш глас за тоа. Какви водителки има денес на радио лелеее.. на буба мара една ама се лигави, баш денес ја слушв :doh: Секоја чест за Елена и Петар од Сити :)
     
    На glow му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Секоја работа во било кој медиум има своја магија :)

    Ако го засакаш микрофонот и тој тебе :) тогаш тоа е безусловна, неразделлива љубов :)

    Енергијата која се чувствува на работното место е нешто фасцинантно, а самата помисла дека седиш сам во студио и им го разубавуваш денот на многу луѓе надвор, ги смееш во кола, и ги дружиш со првото утринско кафе...можеби и водат љубов додека те слушаат...ееееееее тоа е магија :)

    А си има свои услови нели, ги спомена една феминка погоре :!:
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Многу ја сакам оваа професија, ама за жал немам глас за да ја работам, а од секогаш сум сакала да работам на радио, има некоја посебна магија да си радио водител
     
  10. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    зошто немаш глас да ја работиш? :^)
     
  11. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Јас имам 3 години искуство како радио водител, антена, сити и метрополис...сити беше многу кратко, пола година само...Најдолго бев во Метрополис...Почетниот тим, кога започна радиото да емитува програма...
    Преубава професија е и мозокот ти работи 300 на саат, ти се отвараат сетилата, си играш со гласот и се приспособиваш на музиката... Ова зборувам за емисии во живо.
    Снимените емиси не се толку возбудливи и не е истиот филинг на енерџи буст... Сепак, како и секоја друга медиумска професија, има многу голем непрофесионализам на моменти и преголеми его трипови :D
     
  12. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    :nod: Се си мислам дека ги пронајдов личностите за кои зборуваш :rofl:
     
  13. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Кои се тие личности што си ги нашла? Но компрендо :D
     
  14. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
     
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Привремена работа која ми се укажа, па ќе видиме како ќе иде... :) Иако не е познато многу радиото, мерак ќе ми биде да работам, па и да биде неуспешно ќе извлечам некоја поука и искуство од тоа...
    Се надевам еден ден ќе работам во некоја попозната радио станица.... :)
     
  16. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    искрено една од моите дрим џобс :)
    баш би сакала да имам прилика да работам радио водител .. иако имам говорна мана, која што сите ја сметаат за “слатка“ јас дури и како комплекс ја доживувам :)
    иначе моја омилена радио-водителка ми е Цаци од сити и насабајле некогаш си се будам со неа, а 7 во 7 обавезно :) забавна ми е
     
  17. feminaiskra

    feminaiskra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Јас имам сега 13 години и од мала бев на да снимам емисии во радио станица ме викаа и правев реклами за бутици во Охрид и сл. па дури и сега на радио станицата Супер Радио Охрид забавно е!!!! :) :l:
     
  18. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    120
    Значи работев само 3 месеци и 28 дена(скоро 4 месеци) во емисија на италјанско радио,супер ми беше екстра екипа... :up: :lol: се сеќавам на Рудуардо :D
     
  19. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Феминки Помош!!!
    Денеска бев на интервју за д влонтирам во една радио станица како новинар,односно да пишувам некоја емисија. Е сега до недела треба да напишам некој текст и темата сама да ја одредам.

    Искрено нема појма ни зошто, ни шо треба да пишувам,расказ некој,нешто како колумна или пак нешто за некој актуелен настан(новинарски текст)...

    Секое мислење е добредојдено. Ако сте имале некое вакво искуство би ви била благодарна доколку го споделите...
     
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    ??? Извини ако сум нападна, ама ако веќе волонтираш за радио, веројатно треба самата да имаш појма за да напишиш барем еден текст или колумна, што и да е!!!