Имав појма што треба да напишам само незнаев тема и затоа ми беше малку потешко. А плус и бев исплашена. Инаку напишав,готово е се и секој што прочита само пофалби даде. Фала на советот и поддршката,сепак.
Радиото не е отворено се уште во теков на месецов ќе се отвори. Сега пишував нешто како пробно за да ми го видат стилот на пишување. И не е работа туку волонтирање. Кога ќе се отвори обавезно ќе ве известам
Не бев пријавена како водител,туку како новинар. А да си кажам и овде ме примија. Кога ќе почнеме официјално,ќе ви кажам каде да не слушате
јас работев во радио станица од мои 14 години цели 7 години работев таму и е најубавата работа на цеееел свеет
моето работење таму е историја и е многу смешна приказна....едно утро барајќи работа сезонски, ми (требаа пари за да правам роденден ) и прочешлав низ сите конфекции со една другарка прашавме секаде и никаде не не примија и и реков ај ке отидеме до радиото бившиот ми дечко работеше таму како техничар и јас ај ќе отидеме на по едно кафе кога веќе не најдовме работа и таму што беше човекот ме слушна како зборувам и ми рече девојче ти имаш многу радиофоничен глас дај да пробаме како ќе звучиш и пробавме и така започнав, заедно работев со дечко ми па раскинавме тој си отиде од радиото накратко е ова, инаку ќе си отидеш во радио и ќе си прашаш според мене или ќе оставиш mail но мора да отидеш до таму за да ти го слушнат гласот а доколку сакаш да работиш со миксета и да пушташ музика тоа се учи затоа ќе мораш да отидеш во радио и да прашаш најубаво дали имаат прво потреба и да те пробаат дали си добра за таа работа и пробај навистина е многу убава работа
Па не во радио,иако баш би ми се допаднало,затоа што не сакам многу средби-физички да биде присутен некој трет, сакам осамени професии бидејќи менувам расположенија но почесто сум затворена а и губам концентрација лесно. Работам во такси, исто осамена работа, глас има, лице нема. И ми одговара.
4 години работев како водителка во радио(радиото е на татко ми), и сега понекогаш одам во викенд да водам специјални емисии со поздрави и честитки. Додека бев на породилно една година работев таму. Имам работено и како водителка на вести во тв канал 8. Сега веќе сум наставничка повеќе од 5 години
Ги знам да ги работам Adobe Audience и Sound Forge, но во животот денар немам земено врз база на ова знаење. Таму пари нема. Скоро сите кои работат по радија се со многу лоши гласови. Генерално работи кој стигне, зборува како сака, како знае, со многу лоша дикција итн. Или си работат газдите на радијата, ова во малите места, или нивните деца, или некој кој ќе се нафати да работи за ситна пара. Мојот глас го имам „позајмено“ за еден документарец, тоест имам читано еден документарец и тоа е се. И ова беше волонтерски секако.
Не е така еве ние кога примавме водителка пред 20 години имавме интервјуа и привин ги снимавме да видиме како звучат и потоа доколку добро звучат ги примавме доколку не ги одбивавме. Сега имаме една водителка која е 10 години тука и двајца техничко водство по 5 години. Мајка ми е исто така водителка, јас сум во викенди или сестра ми и сл. Татко ми иако е негово не работи тука работи друго.
Тоа кажав јас, и газдите си работат, за да не трошат пари на вработени, а газдите не значи дека имаат добар глас, или дека имаат добра дикција ( многу често им влетуваат и зборови кои се на дијалект или жаргон). Платите се мали, недоволни за живот секако, дури и ако примат водителка. Техничар мора да имаш, без техничар нема радио. Добро радио е Радио Слободна Европа и тоа е веќе професионално радио и таму има квалитетни луѓе. Ама тоа е едно во државата. Канал 77 се послаби од нив. Другото работи кој стигне. Често во радијата има и студенти, а тие не се вработени, туку им се дава некое хонорарче на рака. Имам одено порано и во Супер радио во Струга, знам како изгледаат итн. И да сакаш да учиш, таму нема од кој да научиш, мислам за локалните радија. И многу давачки има, па и да сакаат да вработат професионалци, со што ќе ги платат кога пазарните услови се лоши, а локалните економии во колапс.
Jaс не ги слушам нити радио Слободна Европа ниту Канал 77 ниту сите останати радија што даваат англиска музика јас сум кафански човек и слушам радиа што даваат македонска кафанска музика или српска музика. Не мора да значи дека е мала платата кај нас им плаќаат околу 25-30 илјади.
Иако нашето радио во викенди свири само за мене специјална програма со поздрви и честитики за пријатно расположение до мене и сопругот и ситеостанати роднини и пријатели.
Тоа се многу пари, мнозинството е со далеку помалку. Многу луѓе отишле во радио затоа што како млади не им требале пари, доволни им се малку пари и сакаат да ги препознаат како познати, како радио водители. Други луѓе таму заглавиле затоа што мислеле дека тоа ќе биде привремено, арно ама останале со години, па сфатиле дека работа тешко се наоѓа, и тоа е тоа, се помириле. Сум била во неколку радија во Македонија, и едно во регионот. Опремата е таа, а кадарот ти прави се. Генерално радијата се сведуваат на поздрави и честитки, друго нема. Во регионот во екс ју кај што бев во едно мало место, град со помалку од 10.000 жители, вработените плата не зеле 22 месеци, освен што на рака им фрлаше повремено по 100 евра фирма гигант, а работат турбо. И честитки, и вести фрчат, што работи општината, култура, спорт, инфо за автобуси, спремаат документарци, се живо. По осамостојувањето на Македонија, и Кратово, и Берово и други места имаа радија, со десетина вработени, со редовни и добри плати, плус бонуси од компании кои се рекламираат. Денес тоа е мисловна именка, за жал. Без економија, без пари, без реклами, нема квалитет.