Споделувајте искуства во врска со компаниите од странство што инвестираат во индустриските зони. Услови за работа, како се стигнува до работно место, дали некој успејал да се вработи без врски и слични работи поврзани со ова, за да може секој да се запознае со она што го интересира.
За обичен работник премала плата, имаш и храна во некои од нив, али пак е премалку. Тие шо ги знам, а се на позиција повисока и земаат повеќе од 25 000 се партиски ставени. Слушнав една шпекулација за една од фирмите како ги вработуваат, ама е непотврдена и затоа не би пишувал за ова на темава.
Мене ме интересира за Ван Хоол, имам слушнато дека покрај партиска книшка требало и да се плати на некој поставен човек од таму? Ако некој има што знае или што работи таму слободно нека пише.