1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во странство - измамници

Дискусија во 'Барање работа' започната од endymk, 3 февруари 2014.

  1. endymk

    endymk Нов член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Оваа ТЕМА е поставена со цел да се информираат Македонските граѓани дека овој како што се преставува ВЛАДО или ВЛАТКО 078804019 и неговата сопруга СВЕТЛАНА кои нудат работа во странство се големи ИЗМАМНИЦИ ПРЕВАРАНТИ И ЛАЖГОВЦИ. Лажно ветуваат работа во Шведска, Германија, Австрија, Италија, Црна Гора, Грција.
    Сите кои биле измамени или познавате такви, или кои сеуште очекуваат од нив дека ке ги однесат во некоја од наведените држави нека не се надеваат на такво нешто, нека ја контактираат полициската станица во Св.Николе.
    Имам сознанија дека овој брачен пар имаат измамено многу луѓе низ МК.
    Да им дадеме подршка на сите измамени луѓе од овој брачен пар, да не се срамат или плашат и да ја контактираат полициската станица во Св.Николе.
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    :rofl:

    Гледам истата тема е отворена и на кајгана форумот, а којзнае уште каде ќе стигне. Ах брее луѓе луѓе памет не ви идееееееее. Зар толку не ви работи мозокот однапред никогаш да не плаќате без разлика на слаткоречивоста и убедувачките и ветувачките зборови. И последните пари сте спремни да ги дадете да отидете на работа во странство и на крај и без тие пари останувате.

    Повеќе се за ќотек тие луѓе што се лековерни и веруваат на сечиј збор. Измамници, преваранти, ситни души и пропалици отсекогаш имало, има и ќе има, на вас е да ги препознаете и да не им дозволите да ве зезнат. ;)

    Во секој случај браво за темава, може да се преименува во поопшто име и да се пишуваат и со прст покажуваат народните измамници. Ни треба тој е*ан американски модел кај нас. Објави му го ликот на телевизија и цела нација да му се смее и да го знае после (зборам за оној што измамува, а богами и оние што биле измамени не е лошо да ги знае народот :D).
     
    На ebola, SparkyAngel и tessie им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    А зошто полициска станица Свети Николе? Таму тие живеат, измамниците?
     
  4. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    Да се само тие добро би било но ги има многу такви измамници кои се збогатуваат на таков начин отварање очи кога се договараат такви работи
     
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Супер е темава, нека се кажуваат и други измамници.

    Брат ми сега е во странство, но додека замина си имаше работа (губење пари, време и нерви) со вакви измамници. Едниот паметам се викаше Слаѓан, мислам дека беше од Битола, а работеше исто така со жена му. :!:
    Па на крај и во затвор завршија, ама ги пуштија (Македонска работа).
    :^)
    Многу е жално кога некој последните пари ги дава во надеж за работа, губи месеци чекајќи и надевајќи се, а некој си пери пари за тоа. :puke:
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Од правна гледна точка објавување на нечии број или лични податоци е кривично дело, па така не ја гледам целта на темава. Доколку некој смета дека човеов е измамник и има докази најдобро би било да го пријават во МВР доколку немаат докази токаш тоа се шпекулации. Ако почнеме така сите да отвораме теми за лугето кои не измамиле па сакаме да им се одмаздиме каде ќе ни биде крајот.
    Мислам дека форумов треба да се огради од овој вид постови каде се објавуваат имиња и телефонски броеви на луге, за кои нема судска пресуда а се прогласуваат за измамници....
     
    На joy1 и vinozito1 им се допаѓа ова.
  7. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Делумно си во право.Но сепак нека има ваква тема :!: само без лични податоци и телефонски броеви но нека истото важи и за другите теми(телефонски броеви единствено во Л.П.)
    нека биде пример со наслов

    Работа во странство негативни искуства :!:
     
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Податоците мораат да се тргнат, се нарушува негова приватност со давање на бројов.
    Не иде тоа така.
    Не викам не, добра е темава, корисна и информирачка ама вака јавно не смеат да се даваат податоци.

    во врска со темата, сите треба да знаат дека на непроверено пари не се даваат. Треба на сигурна варијанта да се иде и никако пари однапред.
    Сеа разбирам луѓе во мака се, гледаат да излезат од проблеми што побрзо, а некој тоа го злоупотребува.
     
  9. endymk

    endymk Нов член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Да, се сложувам со сите што пишуваа дека пишување на лични податоци и тел број е кривично дело, тука не се спомнати лицни податоци само имиња и тел број , но што ако се напишеше дека некојси од некаде е преварант,изманик лазго и насилник или преварил многу луге, дали тогаш ке има некој ефект на тој преварант, дали луѓето ке дознаат за кого станува збор ако не се написе име и тел број НЕ! Ефектот на оваа тема која е отворена е да лугето дознаат за која личност станува збор за да кога ќе наидат на таков оглас со такво име и тел број воопшто да не воспоставуваат контакт. Се надевам дека МВР за брзо време ке превземе мерки против тие личности затоа што веке е пријавен со аргументи и докази.
     
    На Viki693 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. endymk

    endymk Нов член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Да Тањамм во Св.Николе, бидејки живеат во околина на Св.Николе и се под СВР Св.Николе, но може и во најблиската полициска станица да се даде изјава/пријава на Испектор , па тој по службена должност пријавата ке ја препрати во СВР Св.Николе.
     
  11. ilijajulijana

    ilijajulijana Нов член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Jas bas vcera kontaktirav so niv vo vrska so rabota, dali si siguren deka se prevaranti ?
     
  12. endymk

    endymk Нов член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Илијајулијана, би Ве советувал пред да почнете со било какви разговори и договори за работа со нив , обратете се во П.С Св.Николе таму ке добите информации за горенаведените особи.
     
  13. ilijajulijana

    ilijajulijana Нов член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Jas kontaktirav so zenata na vlado,izgledaat dobri fini luge, nudat rabota vo crna gora
    dali si siguren deka se prevaranti?????
     
  14. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    :D па фини и услужливи се ,додека пари не соберат :P .Kога ќе ти ги соберат парите ,тогаш ќе видиш колку можат фини да ти се видат ]:) (ова за секој преварант важи ;) ) .
    Bајда членот што објави овде имал лошо искуство со таа агенција,па само сака да ги предупреди луѓево да немаат доверба во агенцијава и пред некој да се излаже ,да стопира.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    За пари сите се фини. Веќе прочита дека имале лошо искуство со луѓево, не си ставај трн во здрава нога.
     
    На joy1 и tessie им се допаѓа ова.
  16. elen4ence87

    elen4ence87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски

    zdravo ,
    mnogu mi e krivo sto ne go vidov postov porano. koga go procitav mi se stemni :( :( :( nie sme drustvo od 6 drugari i drugarki od skopje i imame iskotaktirano so tipov po ime slagan i veke se imame dogovoreno za rabota za trgnuvanje duri i mu dadovme pari :( :( :( ccccc kolku glupavo od nasa strana jbg nasa krivica. ali ne interesira dali ke moze ni kazes poveke za toa kako go zeznal brat ti kade mu nudel rabota....

    fala unapred :)
     
  17. LadyInLove

    LadyInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    14
    Споделувам мое искуство - Како секој млад човек сакав да заминам од државата, да работам некаде, било каде само да не мизерувам овде. Прочитав оглас на реклама 5. еве го огласот http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1552929
    Зборував со човек кој се претстави како Саше. Човекот ми даде друг број и ми кажа јави се таму тој знае повеќе да ти објасни. Се јавив но овој не сакаше да прави муабет (според музиката у позадина беше у кафана) и ми кажа јави се утре, има уште останати места за работа. Си викам добро е ќе биде нешто. Се јавувам утредента и ми вика има само за тебе место но нема за друг (сакав да одам со еден другар, така се договаравме и не сакав сама) но ми вика ќе има и втор пат што ќе одат така да ќе го сметаме него за наредниот месец.Јас цела таква возбудена се јавувам дома им кажувам што како е и они пресреќни. Е сега ми вика човекот може ли денес до 13 часот да ми донесеш копија од лична карта, копија од пасош, копија од извод и уверение дека не си осудувана. Бидејќи не сум од Скопје уверение за неосудуван не можев одма да дадам, така да ми рече не е проблем може и утре. А со сето тоа во плик да има 600 денари. Му викам само толку, ми одговори потврдно. Завршив работа му ги дадов, но без да прашам за условите за работа, во кој град, како се вика хотелот, да видам договор за работа, плата, работни саати, сместување... ништо ништо. Наредниот ден ми го праќаат документот за неосудуван, но бидејќи беше покасно пратен му кажав дека ќе му го дадам утредента. Но човекот инсистираше и дојде до местото каде што живеам со уште една личност која испадна дека е човекот со кој зборував потоа на телефон, оној главниот кој по телефон ми се претстави со едно име, но кога се видовме најверојатно заборавил и ми се претстави со друго неговото вистинско. Му го дадов документот и го прашав за местото каде се наоѓа хотелот и др работи но не ми дозволи да го прашам се бидејќи се брзаа. Исто така ми кажа дека од сите што им однеле документи само мене ме избрале (како мис да бираат) а другите ги одбиле бидејки сум била најмлада. Со тоа што го згреши името почна да ми станува сомнително. Но јас целата возбудена и не размислив што и како. Сепак си отидов дома, направив муабет со моите кои ме насочија дека подобро да седам дома или да најдам било каква работа и тие секако да ми помогнат отколку да отидам некаде со луѓе што не ги познавам и што ме убедија на некој начин дека со тие што сакам заедно да отидам не може да дојдат дека немало место. Го најдов човекот на фб и решив да му пишам што и како е работата. Само што ја пратив пораката видов дека овој ме блокирал. Отткука веќе се ми беше јасно. Среќа моја што не дадов многу пари, но сепак сега ги имаат моите лични податоци и не знам што може да направат. Затоа пазете се од изманици.
     
    На crazylady и Cka им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.264
    Супер е темава.

    Не е ова мое лично искуство, на подалечна пријателка е. На сличен оглас, и ветија дека ќе ја вработат во Италија или Швајцарија. Била дефицитарен кадар таму и и ветуваа плата од 2000 евра +. Вадеше документација, дури и учеше италијански курс, забрзан, и праќаа слики од местото кај што треба да работи. Извади и бугарски пасош. Повеќе од година ја влечеа. На крај, кога сите документи биле извадени, наводно, и се јавија и и рекоа дека ако го сака документот мора да има секс со „шефот“.

    Веројатно, дознале дека бега од државата поради лош развод и насилен екс маж и дека и е најбитно да избега, па го искористија тоа. Нормално, откако рече не, никогаш не ги виде ни слушна господата, ама беше во депресија многу долго. Не и беше толку тешко за парите, колку за тоа што и ја убија надежта.
     
  19. LadyInLove

    LadyInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    14
    Страшни работи се случуваат, уште не можам да си поверувам што ми се случи. Сета среќа што имам родители што размислија потезвено од мене и ги најдовме слабите точки на овие личности.
     
  20. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Најсигурна опција е преку агенција или преку блиски пријатели а вака преку непознати лица многу наивно и ризично е да доверувате лични податоци..самите се ставате во опасност..
     
    На CarrieBradshow и Elena69221 им се допаѓа ова.