1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во фабрики

Дискусија во 'Барање работа' започната од Y Grint, 12 јули 2021.

  1. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Не разгледав баш најдобро, ама колку што видов нема ваква тема. Би сакал најпрво да споделам мое искуство.
    Работам во една фабрика околу пет, шест месеци. Не е баш тешка работата од аспект на тоа што не се работи со штетни материјали (хемикалии и сл.). Но, она што можам да кажам дека нема никаков ред од аспект на ред и дисциплина. Значи, онај кој гледа да сработи секогаш тој го извлекува подебелиот крај. Од друга страна, саботи се работат 10 месеци во годината, а за саботите (кога е некој празник има опција дали ќе одиш или не, ако одиш +900 денари на плата),а во саботите кога не е државен или верски празник (кога е задолжително) работат едни и исти луѓе (тогаш кога не е празник е задолжително, а сепак доаѓаат само 25-30 души). Што значи за сабота не може да им се зема од годишниот одмор, а една сабота да не дојде некој кој обично доаѓал ќе го масираат зошто не дошол. Друго, познавам жена (млада, атрактивна) што буквално кога сака доаѓа-кога не сака не доаѓа едноставно. Што во просек за 6 месеци (буквално не претерувам:hai: 90 дена од вкупно 180 не доаѓа). Во ред, сигурно некој од повисоките хиерархиски шефови користи најверојатно од таа убавина:D), но што е многу - многу е.
    А, основицата е законски минималец. Прекувремената работа се плаќа, но многу мизерно е платена, колеги од претходно работно место (кое не беше во фабрика) имам и многу добро се согласѕвам со нив. Друго, кога машини се расипуваат сите работници од таа линија се виновни, иако немаат никаква вина. Би сакал да напуштам, но моментално ништо подобро не ми доаѓа на памет.
    Какви се вашите искуства би сакал да слушнам?
     
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.568
    Допаѓања:
    12.652
    Зависи во која фабрика работиш и каде понатака би сакал да работиш. Работниците во производство и сметаат за роботи, зависи и како ќе се поставиш на почеток, ако знаеш дека си вреден работник и ќе си се побуниш. Тоа што пд 30 саботи само 1 нема да ја одиш е работи тоа што не се научени ти да ги одбиваш да работиш те имаат научено дека ти знаеш да работиш и дека работата ќе биде завршена, сигурно во сабота нема да го викнат тој што нераоти или дошол за забава и време да му пројде. :)
     
  3. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.259
    Јас немам искуство од работа во фабрика, но со прекувремена работа и тоа како. Дури си млад немаш проблем и да дадеш повеќе од себе очекувајќи дека трудот ќе ти биде валидиран и награден. Едно ќе ти кажам, НИКОГАШ, ама никогаш не го очекувајте ова, тука ретко се случува. Вреднувајте си го трудот сами и БАРАЈТЕ да ви биде платен. Годините ќе си поминат а вие ќе чекате подобар ден со секакви болки начукани од стресови.

    Ако гледаш дека нема ред и не ти се допаѓа, работи но барај нешто подобро во меѓувреме. Не се плашете да менувате работи, има фирми кои работат согласно законите и плаќаат добро, искуството и трудот се исплаќа, но нема да ви тропне на врата, ако ме разбирате. И не се замарај да мериш кој колку работи или не работи, гледај твоето да е платено.

    Во врска со ова што си го напишал само ова ќе го ставам овде:

    https://dit.gov.mk/?page_id=202

    Според Законот за работни односи, прекувремената работа може да трае најмногу 8 часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, секогаш мора да биде евидентирана и платена согласно законските прописи.
     
    На Tanjamm, темјанушка, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    имам работено во фабрика на производство и покрај тоа што тие прекувремени часови се платени (вклучувајќи ги и саботите бидејќи и тие ни се броени како прекумерни) доколку се надмине бројот на одработени прекувреми 190 часови работникот на крајот од годината добива и "13та плата" така знам дека се вика и изнесува колку минималната плата.
    и кај нас беше речиси така и тоа е кому не му се свиѓа можеше слободно да си замине. Ама исто така зависи и во која фабрика работиш зашто како што знам не е во сите така
     
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.259
    13та плата или попозната како К-15 е регрес за годишен одмор, работодавците се обврзани да ја исплаќаат и нема врска со прекувремената работа.
     
    На tina2018 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    За летен распуст бев во фабрика за храна 2 дена и си ја летнав, како роб се чуствував те гледаат без емпатија без чуства. Навечер пред одење па и подгоно го бришеш мрзе ги да платат чистачка па ги терат вработените да рибат по 2 3 саата... Ужас а платите катастрофа за таа норма. Поарно оди на курс или образувај се нешто за попедантна и поценета работа се надевам дека си во млади години.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.019
    Допаѓања:
    37.307
    Пол:
    Женски
    Не е исто 13та плата и к15
     
    На Alessandr0, Alex.T, Ena05 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    не е исто 13та плата и к-15 сестра ми к-15 зема лани јули месец а декември крајот веќе и 13та плата. Ама не се добројуваа саботите кои ги одработи. Буквално по 3 саботи месечно работеше во текот на цела година.
     
  9. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.635
    Пол:
    Женски
    Работам во фабрика и освен што во денот ми умираат по милиони мозочни клетки од глупи муабети, друго е се тамам. Да не претерам ама можда е една од најдобрите фирми кај нас.
    Платени саботи ако се работни, к15 и 13та плата обавезно. Ретко кој си заминува, редовно не мотивираат со напредување на плата и сите имаме мотив да биде сработено како што треба.
     
    На Alex.T, Nikolina35, elimkd и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.259
    Секоја фирма различно ги "толкува", најчесто им се кажува за к-15 дека е 13 плата на работниците, ама ова дека им ја исплаќаат за прекувремена работа првпат слушам, посебно што 13 та плата правно не постои освен како дополнителен приход на кој се исплаќа само персонален данок.

    Законот е јасен и веќе го цитирав погоре, можеби ви исплаќаат некој бонус плус, но не е и не може да биде за прекувремена работа, за која часовите се исплаќаат со редовната плата уредно евидентирани и пријавени со секоја месечна пресметка за плата во УЈП и не може да биде повеќе од 190 часа годишно.

    Разбирам зошто не се пријавуваат неправилности кај фирмите и газдите, иако сме сведоци на безброј кршења на работнички права, НО и непријавувањето и молчењето е избор и соучесништво во овозможувањето на истото.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.019
    Допаѓања:
    37.307
    Пол:
    Женски
    Јас од тебе прв пат слушам дека исто ги толкувале к15 и 13та плата.
    Кај нас една фабрика ги исплаќа и двете.
    За к15 сите знаеме дека законски мора да се даде, а ова не.
    Ако знае некој повише нека пише
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    К-15 треба да земе секој вработен, а 13та плата е друго. 13та плата фирмите треба да им исплатат на оние вработени кои ќе го надминат дозволениот број на прекувремени работни часови на годишно ниво. Ама за жал ретко која фирма исплаќа. Треба да тужиш за да добиеш.
     
    На Alex.T и tina2018 им се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    17.251
    Пол:
    Женски
    Формално нема задолжителна 13-та плата. Фирмите задолжително мора да исплатат бонус за прекувремена работа. Е сега пошто фирмите на вработените тоа им го објаснуваат како 13-та плата, затоа така сите го знаат.
     
    На eliesaab, tina2018 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Бидејќи бонусот е во висина од една просечна плата, затоа и се вика 13-та плата. Ама тој бонус, воопшто не може да се изедначува со К-15.
     
    На tina2018, forumce и Mikha4 им се допаѓа ова.
  15. Мравојад

    Мравојад Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    3.000
    Пол:
    Женски
    Имам работено во "саглам" фабрика, во администрација.
    Платен превоз, платен оброк во кантина, редовна плата, се што е сработено прекувремено се плаќа, празници и викенд не сум работела и не можам да кажам како се плаќало.
    Е сега знаеме каде се лоцирани фабриките, нема шетање за пауза по бутици, нема кафич негде да седнеш, цело време си во круг на фабрика.
    Од аспект на работата може доста да се учи и напредува.
     
    На Alex.T, marchi-cool, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.259
    Постои бонус за над 150 часа прекувремена работа, дозволениот број часови е 190 годишно, сѐ над е кршење на законот.

    @forumce пишав толкуваат, но поентата ми беше секакви приказни им кажуваат на работниците, пак ќе кажам 13та плата во никој закон или пропис не постои како исплата.
     
    На eliesaab, forumce и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    17.251
    Пол:
    Женски
    Се мешаат работи. Има редовна плата, има регрес од минимум 11200 и кусур нето сега е моментално, има бонус за прекувремена работа во износ од една просечна плата и плус на сето тоа има 13-та плата која може да ја исплати работодавачот. Може е клучен збор, пошто не мора.
     
    На eliesaab, tina2018, forumce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    И јас истово го зна вака како што опишавте
     
    На cresa-jagoda и forumce им се допаѓа ова.
  19. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Проблем е што е демек "задолжително", а тогаш ние што сме "најбудали" одиме, некои воопшто не одат, па никому ништо. Разбирливо е да е објективна причина, ама ич да не се појавуваат 100-тина луѓе, а некои од тие 30 едвај што одат еднаш да не дојди ќе слушаат коментари. Не е воспоставен добар систем на дисциплина, секој си прави што сака.
     
  20. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    2.143
    Пол:
    Женски
    Па не дека е задолжително да работиш прекувремено ако договорот ти е на 40 часа, ама те уценуваат и кратат бонуси или плата. Барем кај нас е вака.

    Инаку, 13та плата се исплаќа на оние кои работеле најмалку 150 часа прекувремено во тековната година (сабота, недела или било кој друг ден). Нормално, ако е соодветно платено.

    К15 зема секој работник што работел најмалку 6 месеци во тековната година кај ист работодавач.
     
    На marchi-cool и tina2018 им се допаѓа ова.