Читајќи ги вашите постови сфаќам колку е мизерна Македонија и во какви феудалистички услови работат луѓето.
Зависи од фабрика до фабрика. Ама во глобала сите се базирани на сменски систем. Според научни студии работата во ваков сменски систем го намалува животниот век на работникот. Работниците во фабриките ниту се хранат здраво и редовно додека се на работа, ниту пак можат да се одморат како што треба бидејќи никој не ги прашува дали им одговара сменскиот распоред за таа недела. Да не зборуваме за фабриките каде што се изложени на штетни и хемиски материи. Плус уште во голем дел од фабрики не е воспоставен бенефициран стаж. За прекршување на правата на работници во ваквите фабрики реално никој не води сметка, ниту пак се трудат да застанат во нивна одбрана.
Скоро секаде е пријавувањето на 40 часа, ама ретко каде е испочитувано. Сабота "си го прават" нормален ден а не е. Јас работев во реномирана демек компанија за дистрибуција на лекови, мислам дека се најголеми "робовладетели".Секој ден имаат огласи.Кога бевме на интервју рекоа 2 смени од 07- 14 и 14-21 за да се распоределе тие 40 часа,и пак испаѓаа повеќе-42 часа зошто и сабота си ја сметале за "нормална". После излезе се работеле сите празници, без исклучок, ако сакаш слободен ден ќе си дојдеш во недела да си работиш.За год одмор,10 дена лето и 8 зима. Своеволие и сопствено толкување на закони. Во врска со ДИТ, ми рекоа инспекторките дека во моментот кога ќе бидат пред врата или ќе тргнат кон компанијата, ќе следи јавување од "високо". Тоа е 90% од фирмите кои имаат приличен обрт на пари. Повеќе од 10 год работев и во фабрика, тука во Скопје. Платите просек и под некаде к-15 исплаќаа пола со тоа што испраќаа писма до МТСП дека фирмата била во тешка финансиска состојба,дека им должеле многу дрн дрн. Тоа беше сите години, ниту еднаш не сме земале цел К-15 , прекувременото не се плаќаше, ниту се пријавуваше иако имаа законска обрвска, се јавуваа и сабота, демек 2-3 часа ама отиде денот, иако газдата си земаше дивиденда и поради веројатно врските ДИТ ниту еднаш не дојде, иако имаше и ПИСМЕНА претставка од 10 вработени со име и презиме и наведени сите нерегуларности до ДИТ, и наместо да дојдат, тие се јавија кај директорот, го викнале во ДИТ, веројатно и имињата му ги посочиле. Луѓето беа шиканирани и кога имаше технолошки вишок, веднаш беа ставени на листа. Така да ни ДИТ ни никој не помага, се е врзан круг од пари, мито и влијание.Иако морам да посочам другите фирми во околината, беа сосема различни иако на времето биле иста компанија. Се е до газдите и директорите. Сево ова што го пишав е во прилично блиска СЕГАШНОСТ. Се сложувам 200%. Либерти, РЖ, МЗТ, Агрометал и сл