1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во фабрики

Дискусија во 'Барање работа' започната од Y Grint, 12 јули 2021.

  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    18.397
    Пол:
    Женски
    Овие постојано бараат работници, цело време имаат оглас. Ќе те убијат од работа за минималец.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dandra

    Dandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    763
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  3. m1a

    m1a Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали можи повеќе информации во врска со Фабрика Карпош доколку некоја од вас има работено или познава некој?
     
  4. Soncka :)

    Soncka :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
    Некој да не има работено во Аптив?
     
  5. Alessandr0

    Alessandr0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Машки
    Мислам дека КОСТАЛ - Охрид во моментот нуди едни од подобри услови за работа, кога станува збор производство. Тоа е компанија од автомобилска идустрија, скоро цел Охрид, Струга и Ресен работат таму. Има луѓе од Кичево, од Битола и од други градови кои имаат обезбедено и сместување. Имаат платен т.е. организиран превоз, храна вкусна и тоа готвена, кантина која ги исполнува сите услови. Електрински се праве нарачка на храна имаат мени од 4 до 6 јадења (ресторанско мени, имаат буквално се), салати, овошје и десерт.

    Што се однесува до условите за работа, работат во чиста средина, со добри услови. За плата, од обичен оператор околу 24 000 до 26 000 денари е ОСНОВНА плата (зависи од позицијата), се плаќа сменско од околу 1 200 денари (но не сум сигурен, мислам дека е горе долу толку), (тие кои одат само 1 или само 1 и 2 смена, немаат сменско, само за оние со три смени има сменско) трета смена се плаќа плус од околу 1 800 денари. Сабота и недела се дома. За оние кои ќе имаат 16 саботи изработено во текот на една година (мислам дека беше 16 саботи) добиваат и 13-та плата ПЛУС К-15. Сабота во прва и втора смена е околу 1 800 денари дневницата, а пак сабота трета смена е над 2 000 денари дневница. Во секој случај, обичен оператор со решение за неопределено од 29 000 до 33 000 денари се движи со платата.

    Оние кои се на повисоки позиции, како line leader имаат плус 6 000 денари плата, тие под 36 000 - 38 000 не се надолу со плата, оние пак кои работат во квалитет и анализа имаат уште повисоки позиции, планерите стигнаат и со над 42 - 4 5000 плата, за другите позиции по администрација не знам како се, но има позиции каде и по над 60 000 имаат плата.

    Исто така се плаќа и минат труд и е признае минатиот друг од други фирми, ако некој работел 15 години во други компании без разлика на дејноста, во КОСТАЛ му се признава минатиот труд и за истиот му се плаќа (што значи добива плус на плата неколку илјади денари, зависи од должината на минатиот труд).
     
    На Lemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    Јака реклама, детално. Браво :D
     
  7. Alessandr0

    Alessandr0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Машки
    Повеќе од лично искуство, за оние кои сакаат и имаат желба, особено ако имаат образование, моја топла препорака. Сите други како МАГНА, ИНВЕНИО, ЛЕАРНИЦА, ОДВ ЕЛЕКТРИК (за охридско-струшкиот регион) се со многу послаби плати и услови.
     
    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bebac

    Bebac Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Јас сум од Охрид. Незнам колку пати имам пуштено CV, но никогаш никој не ме барал за интервју.
    По професија сум Дипл. Менаџер по Осигурување.
    Зборувам за Костал.
     
  9. Alessandr0

    Alessandr0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Машки
    За која позиција аплицираш во Костал ? Мислам дека после 15 јануари ќе има пак нови примања. Од Август на секој 15 дена имаше нови групи кои влегуваа т.е. се вработуваа (најголемата почна на 15 септември - 27 нови), другите беа од 10 до 20. Би те советувал да аплицираш постојано, а особено после 15 јануари, бидејќи компанијата до 9 јануари е на колективен одмор, или после 1 февруари, сигурен сум дека ќе те повикаат и ќе те примаат, бидејќи периодов (после февруари) ќе се примаат нови и ќе има потреба.
     
    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.771
    Допаѓања:
    12.885
    Можеби си пре квалификувана за да работиш како оператор затоа и те немаат викнато. Знам неколку фирми што не вработуваат на ниски позиции заради образование.
     
    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Alessandr0

    Alessandr0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Машки
    Точно, Костал исто така практикува да не прима преквалификуван кадар. Но, голем е % на луѓе што се вработени, иако имаат и мастер. Сепак, Охрид и нема што друго да се работи, освен Костал, каде што имаш стабилни и колку толку високи приходи во текот на цела година. Јас би и советувал, доколку сака да се вработи во Костал, да аплицира после 15 јануари и после 1 февруари, и ако се сложува да работи како оператор, сигурно е дека ќе биде примена и ќе добие решение за неопределено, со што би имала повисока плата откако ќе добие решение.

    Од август до декември голем дел од тие што се вработија се со високи образование, но не може да најдат за жал работа на струка и да најдат ќе биде многу помала отколку во Костал, а од друга страна има и доста кои пак не се ниту доволно квалификувани за да работат на одредени позиции, но поради недостиг на работна сила, истите се вработени.

    Кога ќе аплицирав во мотивационото писмо нагласи дека нема да ти биде проблем да работиш како оператор со високо образование, сигурно ќе те повикаат на интервју, како што кажав и погоре, после февурари ќе има многу вработувања.
     
    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bebac

    Bebac Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Благодарам. А, дали мотивационо писмо и CV треба да се на англиски?
     
  13. Alessandr0

    Alessandr0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Машки
    Да, треба да бидат на англиски.
     
    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bebac

    Bebac Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу.
     
  15. Памукче992

    Памукче992 Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Дали има некој искуство со фабриките во бинарџик ,како се со плати ? Џонсон,Кемет .... и нз кои уште има ?
     
  16. bobo_m

    bobo_m Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2017
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Дали некој има искуство со Кромберг и Шуберт како оператор? Гледам имаат огласи.
     
    На QuickBro му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    тие, џојсон од Кичево магна Струга леар од тетово имаат нонстоп огласи. Често луѓето влагаат и излагаат од работа и во сите тие фабрики работата е прилично тешка. Некој не може да ја издржи.
     
  18. DACIA

    DACIA Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2017
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    Фабрика како фабрика најмногу зависи на КОЈА позиција сте дури и како оператор.. Работа е како работа...
    Предност : бесплатен превоз, обезбеден топол оброк (2-3 јадења за избор). редовна плата, к-15, 13 плата иако во пракса знаат за оние кои се блиску 17-18 саботи да не им даваат да работаат повеќе во сабота за да не фатат 152 часови прекувремена., платен минат труд и сл.
    Мани : трета смена, цела смена на нозе, 80% од позиции се во место така да тука немаш циркулација на телото. луди таргети, шефови со 4 оделение. паузите се кратки, 20мин за ручек, ако има ѓужва 10мин чекаш да земиш оброк, 10 мин јадиш, тоа е. Кој пали цигара, тоа е луксуз,
    Работам ваква работа веќе 5година, дури пред некој месец унапредување во тим лидер. Се зема убава плата, ама одговорноста е голема, башка и менаџирање со недоветни луѓе кои за жал ги има во изобилство.
    Поголем дел од вработените се во "поодминати години" така што тоа значи се за дособирање стаж и нема што друго да работат. Единствено добро што имам искористено е 7 месеци во странство за нови проекти :)
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    дој да те гушнам. Работев една година исто вака, од зборче до зборче. Кога фати короната бев на породилно, по истекувањето ми дадоа нешто одмор ама ми скинаа 16 дена, барав прво цел одмор регулатно да ми се даде и плати (5 лански и 20 тековен) јок. Добив само 5 лански и 4 тековен до истек на договорот. После година ипол кога се вратив како нововработена не ми кажаа дека по закон ми следува за дете до 3 години мајката да не оди 3та смена. Откако сама одбив да го потпишам тој дел од договорот со рачно напишано образложение ми рекоа - аа е да за дете до 3 години ти следува. :^)

    Тешко е, на нозе 8 саати, те "дупат" на сите страни со работа, не ти објаснуваат законски што ти следува, ама се лажеме со работниот стаж превозот и обезбедениот оброк.
     
    На QuickBro му/ѝ се допаѓа ова.
  20. golemiotmalisan

    golemiotmalisan Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    51
    некој да сподели искуство од работа во Чагатај?