1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во фирма на родители

Дискусија во 'На работното место' започната од Beauty.Mar, 28 јули 2019.

  1. Beauty.Mar

    Beauty.Mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Веќе неколку месеци работам во семејната фирма.
    Редовно си ги извршувам обврските, почитувам работно време и за тоа секако добивам плата. Пред неколку дена слушнав дека меѓу вработените се коментира тоа што ме примиле на работа, дека сум премлада(иако имам завршено факултет соодветен за работното место) , дека никогаш немало да научам да работам ако газда ми е сопствениот родител, а не друг човек и слично. Инаку тоа се луѓе што работат таму со години и ме познаваа од малечка, па не ми беше сеедно.
    Добив совет од моите да не дозволам да ми влијаат вакви коментари, особено поради тоа што навистина ја сакам оваа работа и се трудам да ја работам најдобро што можам и да напредувам. Секако тоа што е семејна работа дополнително ме мотивира да одам напред.

    Што мислите вие на оваа тема ?
    Дали имате слично искуство?
    Доколку имате опција дали би избрале да работите со своето семејство или не?





    Доколку има ваква тема ги замолувам модераторите да го префрлат мислењето
     
    На Milobebence и WildMk им се допаѓа ова.
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    6.653
    Пол:
    Женски
    Значи ти што и да направиш луѓето повторно ќе зборуваат. Не ги сфаќај тие коментари толку сериозно и не дозволувај да те прават несреќна. А за тоа дали ќе научиш да работиш или не, не зависи од твоите родители, тоа зависи колку ти се трудиш и сакаш да напредуваш и да учиш. Ти што и да направиш луѓето ќе зборуваат. Заради тоа прави го тоа што те прави среќна и не ги слушај другите.
     
    На Lady D ❤️, WildMk, Tajnaotrovna и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Ако не те влечеше тоа што го работиш кај твоите, ќе ти речев работи, штеди и преобучи се во нешто друго.

    Ама вака?

    Да си останеш да си работиш кај твоите и да не се замараш.

    Штом го сакаш тоа што го работиш (не си приморана) и си се образувала за тоа, на правото место си. Никој не се родил учен, па дури ни тие таму што се со години. Претпоставувам дека коментарите се од страв дека ќе останат без работа и сл. (затоа што нели, еден човек плус во фирмата)

    Јас ни во лудило не би работела нешто друго ако моите имаа некаков семеен бизнис, без разлика во која бранша е. И земјоделие (органски малини у Швицарска, хир ај кам), и перална и автомеханичарство, и погребална опрема или маркети... бизнис е бизнис. Пари се пари.

    Да наследиш разработен бизнис е една од најголемите услуги што можат родителите да ти ја направат - твое е само да се обучуваш и учиш што е можно повеќе за да го развиеш уште толку. Во секоја област има шанси за развој, дури и таму каде што мислиш дека ги нема.

    Порано не ми беше јасно зошто (демек, шо ги форсираат децата да останат кај нив) ама откако поминав и минам дел од тој пат сама, ептен ми е јасно зошто.

    Работи си и свиркај си.
     
    На Espadrila, christinnn, Dust и 15 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ова. (y)

    @Beauty.Mar прво, те влече. Второ, семеен бизнис е. Едно што им помагаш на твоите да имаат човек на доверба и парите на еден начин остануваат во семејството.
    Последно време често гледам како еден ден од семејството се трга на страна и оди да работи кај друг. На крај и оние со бизнисот се мачат затоа што изгубиле човек од доверба, и тој се мачи затоа што, јбг, денешните газди.
    Ич да не си размислувала, да си останеш во фирмата и ич да не ти чуе.
     
    На WildMk, Beauty.Mar, Tajnaotrovna и 5 други им се допаѓа ова.
  5. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    5.443
    Пол:
    Машки
    Не се секирај, што сакаат нека викаат. На твоето ќе научиш најдобро, затоа што ќе ги знаеш сите тајни на тој бизнис што тие не ги знаат. Биди насмеана, држи баланс со нив и свиркај си.

    И еден поздрав до тебе

     
    На Beauty.Mar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. popeto

    popeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2019
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    1.530
    Пол:
    Машки
    @Beauty.Mar Ова е Македонија и овде се е можно и наопаку од реалноста. Наместо вработените да си ја гледат својата работа и да се трудат да придонесат повеќе што е во нивна корист за таа фирма тие наоѓаат време да те озборуваат тебе.

    Па и тие кога дошле да работат, ако не сите бар дел од нив сигурно биле без искуство па твоите родители им дале шанса да работат и да напредуваат. Никој кој почнал да работи некаде не знаел се веднаш, па макар и какво било образование да има. Едно е искуство пракса на лице место на работа друго е школо.
    И наместо да се благодарни за тоа тие сега ќе те критикуваат тебе.

    Ако ти се осеќаш способна за таа работа и функција и ти прави мерак тогаш ич не ги слушај другите што зборат. Сработувај си го своето, што не знаеш допрашувај се до постари колеги кои работат на таа функција и уживај си.
    Чим постои желба во тебе за работа и напредок во вашата сопствена фирма цепај напред и не се замарај. Поубаво од тоа нема, да си работиш тоа што те исполнува и плус тоа во своја фирма.
     
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.975
    Пол:
    Женски
    Не се замарај со туѓото мислење. Со кое право останатите вработени се мешаат во одлуката на газдите? Изгледа фино се однесуваат твоите со нив и им дале преголеми права, затоа им се устите толку отворени. Не ми е јасно само што си мислеле? На некој начин и ти си газда на таа фирма, требаше да седиш без работа или кај друг да работиш само нештата да им бидат по ќеф? Што не ќе слушне човек. (facepalm) Ако ти се допаѓа работата, секако дека ќе ја работиш.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.