1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа за биохемичари од ПМФ

Дискусија во 'Барање работа' започната од biolog1982, 18 август 2013.

  1. biolog1982

    biolog1982 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Здраво. Имам завршено Природно математички факултет, биохемиска насока. Факултет доста тежок, имаше за учење, бараше редовност во предавањата и вежбите, поточно кампување на ПМФ, бидејќи останувавме и до 19:00 часот понекогаш. Ме интересира дали моите колеги со оваа насока работат на струката, како се задоволни, бидејќи јас лично сметам дека е доста тешко да се најде работа по оваа струка. Државните здравствени институции не примаат нови луѓе во биохемиските лаборатории и доколку се пикнеш некаде да волонтираш и тоа е бинго, додека пак приватните лаборатории не се сепак во голем број, а и таму е тешко да се влезе. Пишете ми со ваши искуства и мислења.
     
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Еве јас работам во струка, во приватна фирма од прехранбената индустрија. Поголемиот дел од колегите се вработени, не е баш да нема работа со факултетот, ама знам оти има некои кои со години чекат работа. Секој со среката. кога ке видиш па и многу кадар сме, кај нас завршуваат во Битола исто, не знам може и штип има.

    За работата, тешко ми е ама ,мооогу си ја сакам и добро сум платена. Никогаш не сум сакала да работам во оние здравствен лаборатории гнас ми е колку и да е чисто, па намерно барав работа во индустрија за храна. И тука е малку потешко за нас, зошто мислам дека предност им се дава на тие од Земјоделски, Технолошки и Ветеринарен ама ете, јас успеав некако немаше пријавено никој што е посоодветен од мене за работата.

    За работата во лабараторија се снаоѓам вешто. Нема нешто што тука го има а го немало на факс. Е сега ако сакам да напредувам ке морам на постипломски да се запишам на земјоделски или технолошки бидејки кај нас на ПМФ не ја изучуваме технологијата повеке испитувањата и тоа е единствено што ми недостига од страна образование. Пред некој ден, се збори на работа за некоја филтер преса јас појма неам, а не сум човек што сака цел живот да работи лаборант, ме интересира технологијата повеке.
     
    На biolog1982 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. biolog1982

    biolog1982 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Супер, баш убаво. А во кој град работиш? Тука во Скопје поголемиот мој врсници не работат по струката, се е преполнето, дури нема ни огласи во последно време од таа област, не само во здравствени установи, туку било каде (храна и др), а ако има огласи има и преголем број на кандидати. Јас сум две години без работа. Ако знаеш каде се бараат биохемичари, каде има работа за нашава струка пиши ми. Инаку и јас најмалку сакам да работам во здравствена установа. Благодарам
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. joey9021

    joey9021 Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Баш убаво што некој ја има почнато оваа тема за биолози - биохемичари. Изгледа никаде не се бараат биохемичари во последно време :( Постојано ги следам огласите и понекогаш ке излегне некој на кој аплицирам ама...ни трага ни глас од одговор. Најжално е што за да влезеш некаде на работа не само за биохемичари ти треба во 99% од огласите ВРСКА ДЕБЕЛА...нема врска колку знаеш и дека си супер човек и работник :( работев 3 години во приватна лабораторија за 10.000 денари (патни трошоци и исхрана на мој трошок најнормално) се затвори скоро лабораторијата и сега пак аплицирам by the way и јас сум биохемичар....малку ми е DOWN муабетот ама...колку да знаеш дека не си сама biolog1982 има за жал многу такви како нас, некои и дури си работат работа што е далеку од тоа што сме студирале :(
     
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Незнам дали видовте,Авицена имаа оглас,а за таму имам слушнато дека нема врски.Највеќе што не сакале директорите е да се фаќа врски.А платата таму е екстра.Го видов огласот на вработување. ком минатата недела.Други лаборатории не сум сретнала да бараат биохемичари,никогаш немам видено оглас, а зошто е така незнам ,најверојатно така влегуваат со врски :^)
     
    На joey9021 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Iza.bella777

    Iza.bella777 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    12
    Работа за биохемичари

    Milicki, jas sum diplomiran biohemicar , veke nekolku godini baram rabota. Bi ve zamolila ako znaete nekoj oglas, nekoj sto bara rabota kako laboratorant ili dali znaete nekoja laboratorija kako na pr. Avicena i Adrialab da pisete. Itno mi e potrebna rabota........ :worried:
    Fala vi :$
     
  7. hatidze

    hatidze Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    zdravo na site,privatna firma bara biohemicar samo neka ima rabotno iskustvo nekoe vreme,ako ste zainteresirani pisete licna poraka. pozdrav
     
  8. Philippa

    Philippa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Дали има некој работно искуство во ПЗУ Павлина - Скопје? Ме викнаа на интервју, но слушнав дека не биле редовни со исплаќање...
     
  9. Gracious M

    Gracious M Нов член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво :hai:
    Ме интересира дали во изминатата - 2019 и оваа - 2020 година сте слушнале за некое лице кое се вработило како молекуларен биолог/биохемичар во Скопје и доколку да, дали може да ми кажете каде поточно (во некоја од индустриите или во дијагностичка/биохемиска лабораторија)?
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. belchy

    belchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Јас се имам вработено, во приватна лабораторија.
     
  11. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Сега баш има потреба од молекулерни биолози, имаше и огласи во Биотек и Авицена мислам дека беа, се надевам дека ги виде и аплицираше.
     
    На belchy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Дали е возможно како молекуларен биолог да си отвориш приватна лабораторија во помалите места, но за генетски истражувања (болести)? Дали би било исплатливо и би имало заработувачка?
    И ако знае некој опции за работа на молекуларен биолог во државава, па да ми објасни повеќе околу ова.
     
  13. Vili.l.

    Vili.l. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Дали се наоѓа работа со завршување применета хемија - аналитичка биохемија?
     
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Јас и сестра ми завршивме аналитичка биохемија пред 8 односно 6 години. Можам да ти кажам дека е многу перспективна насока, односно факултетот е доста баран во повеќе различни индустрии. Пред се затоа што е технички факултет и стекнуваш титула инженер, а знаеме тие струки моментално се најбарани во државава.
    Лично искуство за нас двете: Јас работев во пренхранбена индустрија како инженер за квалитет (секоја пренхранбена индустрија бара хемичари), а сега работам во компанија за медицинска пластика. Сестра ми од старт е во автомобилска индустрија (има неколку компании во државава во автомобилската индустрија кои имаат хемиски процеси и кои бараат хемиски инженери).
    Друго што можеш да работиш секако е нели биохемиска/клиничка лабораторија, со неколку предмети да доположиш можеш и да предаваш хемија, имам доста колеги во Алкалоид, потоа во винариите, сега во последно време се актуелни и лабораториите за екстракција на медицински канабис...
    Сума сумарум, јас ти препорачувам да се запишеш! (fingers)
     
    На tina2018, злоба и Vili.l. им се допаѓа ова.
  15. Кристијана

    Кристијана Нов член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    здраво дечки. во врска со темава дали може да ми кажете колкава плата земате биохемичарите вработени во лаб?
     
  16. Vili.l.

    Vili.l. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Околу 20 000 илјади.
     
  17. Ketibeti173

    Ketibeti173 Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Ве молам доколку некој има понова информација нека напише, бидејќи навистина е штета ако е толкава платата на толку тежок факултет и толку трудење. Се надевам дека барем нешто се има променето.
     
    На Nucci му/ѝ се допаѓа ова.
  18. NCIS

    NCIS Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    128
    Razocaruvacki