Па можете по кафичи да работите, во продавници, во трафики. Знам другарка моја преку лето работеше во кафичите во Влае што се, така да прашувајте, ние можеме идеи да ви дадеме само, ваше е да се распрашувате каде треба работник, вака нема да ви дојде
Јас сакам да работам ама во мојот град не примаат помали од 18, сите бараат некои што имаат работно искуство. Неможам ни во сендвичари, никаде! Баш штета... ми требаа пари оваа лето.
Moze samo treba da imas otvoreno smetka vo banka,da ides vo partner da se prijavis i oni od tamu ti se javuvaat i te vikaat za rabota,plakanje od den ti e okolu 500 denari,ama treba da imas potvrda za redoven ucenik,sveditelstvo mislam deka neznam http://www.partner.com.mk/ eve vi link
Работа за малолетници Епа вака сакав да ве прашам , имам 16 години и сакам да најдам работа или начин на кој можам да заработам пари без притоа да значи дека треба да седам пола работно време како во кафич или слично бидејки одам во школо и баш немам 5 саати слободни дневно да ги поминам на работа. Дали некој од вас знае како можам да заработам пари бидејки сакам да соберам што е можно побрзо ама ниту една идеја немам на памет?
За сите помали од 18 по мене најлесен начин за заработка е доколку имате некое хоби на пр, изработувате накит и подоцна тој накит да го продавате, да се зачлените во Авон или Орифламе. Нема да заработите премногу ама колко за џепарлак ке си имате. А вака по продавници премногу е напорно за оние над 18, плус и ние тешко доаѓаме до работа. Веќе некое време активно барам и ништо не наоѓам.
Проверено и сигурно!! Заработка на интернет 3$ дневно за само 10 минути. Регистрација на www.libertagia.com/Ordevska , упатство за почетници http://cl.ly/033r0C1W0P0O , повеќе инфо на www.ordevska.wordpress.com и на фб група https://www.facebook.com/groups/667841126605534/... Еве работа за помали од 18 години...поздравче
и јас исто барам работа имам 15 и до сеа се јавив на неколку места ама уште чекам одговор ако знаете некаде pls кажете
Абе нас малолетните никој не не вработува ни за жива глава еве јас барам месец дена и ништо едино можеш волонтерски да работиш
Ma avstralija si e avstralija jas sum drzavjanka na avstralija blagodarenie na majka mi sto e rodena tamu, ja neznam so uste sedam ovde vo ovaa drzava da i se mocam nekoj sea ke rece ne sum patriot epa kako da bidam so idnina mi pruza drzavava, nikakva osven da se macam cel zivot za 200 evra plata, kje zimam drzavjanstvoto zlatno sto si go imam i begam odvde za nekoja godina tamu zagarantirana idnina barem ke mi bide pogotovo so toa sto planiram da go studiram ke se isturam od pari, toa go zasluzuva sekoj covek sto vo drzavava se trudi i se maci posteno da si gi zaraboti parite i nie sto sakame da rabotime maloletni a drzavata bukvalno nisto ne ni pruza!
Девојче не се мачи, доколку сакаш да работиш колку за џепарлак имам пишувано обиди се со хербалајф, авон и сличните, но доколку од мака бараш за да помогнеш дома е тогаш мислам дека освен некоја фабрика кај што не осигуруваат или пак некој кафиќ/слаткарница како келнерка не ти бега.
Me interesira dali nekoj znae kade treba da se zaclenam zaa da najdam rabota za madi. Mi kazaa deka imalo nekoe mladinci taka neahto ako nekoj znae da mi kaze? Fala
Женски, морам итно да најдам работа. Проблемот е во тоа што имам 16 години и не сум запознаена ама ич со овие закони, знам дека во странство може. Имам прочитано дека и тука може, ама од 15 години, и најмногу до 4 часа. А и не барам нешто многу, доста ми е негде у некој кафич или бутик, така за џепарлак, моите не се баш во добра состојба. Ама незнам дали ке ми се прилагоди и за школото, можам да стигнам јас ама све е до смената. Иначе барам мислење зашо тука тешко дека бараат малолетни без искуство. Знаете нешто за оваа тема?
Имам 15 години живеем во Скопје. Сакам да заработам некој денар,знам дека не сум единствена во форумов.Затоа и отворив ваква тема,докулку знаете кај има такво место слободно пишете.❤
Здраво феминки, Во јуни ќе полнам 17 г. и би сакала за летниот распуст да најдам некоја работа како и сите вие. Затоа што сакам да имам некое работно искуство парите баш не ми се неш мн битни доволно би ми било за карта за бус да имам. Сите во денешно време сакат да вработат некој на 18 г кои имаат работно искуство. Исто така видов погоре и неш за хоби ако имаме па јас знам да плетам и хеклам, знам да везам, почетник сум во везење со монистри но сепак знам помалку. Нз дали би можела со ова неш да заработам пишете ми што мислите и некој ако знае како оди тоа со инервју за работа затоа што би сакала да знам затоа што сум тремаџика..
Колку сакав да најдам ваква работа ама нема, нема, нема . А и не ми беше дозволено, секој ќе ме искористел младо неискусно девојче
Сите кои што имаат миленичиња, се зафатени и им треба некој кој ќе се грижи привремено за нив нека ме контактираат преку оваа страна или да се јават на телефонскиот број. Дневница: 100ден.