Работа за правници

Дискусија во 'Барање работа' започната од blondie99, 12 јули 2011.

  1. blondie99

    blondie99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Како што видов нема таква тема...па би сакала да прашам дали може да се дојде до работа преку оваа струка...какви се вашите искусва?
     
  2. magi.megi

    magi.megi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    секако дека може и тоа многу, само зависи до кој степен ќе се образуваш
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    До била каква работа може да се дојде во денешно време само и само ако имаш врски и тоа од подебелите.

    Ти образувај се до највисок степен ако сакаш и ако имаш време, нерви и пари.
    Ама ако си немаш врскичка така фино-лепо ќе си ги урамиш дипломите по дома и ќе им се дивиш....уште поубаво ќе им викаш на децата-види сине мама колку дипломи има, знаето е сила,. знаењето е моќ :!: Од време на време и ќе им забришеш прашина, греота е :( толку труд си вложил во учење, па можеш барем да ги забришеш, онака за мерак да светат кога ќе ги гледаш. :D

    Тешко, многу тешко се наоѓа работа за дипломиран правник.
    Најдобра опција е да се положи правосудниот испит и после сам да си отвориш канцеларија и да се снаоѓаш и да се пробиваш.

    Ако имаш среќа може и да најдеш работа по струка...секој со својата среќа и к`смет :)
     
    На Amelia, Trendafilka и SexyLady им се допаѓа ова.
  4. magi.megi

    magi.megi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Нема грешка баш така е пфффф шо не останеш тогаш со осмо одделение или само со средно па да видам што ќе направиш со животот...глупости ! Ако си песимистички настроена задржи си го песимизмот за себе не ги демотивирај децата да се образуваат! Секако дека секој со својата среќа шо и не секогаш зависи се од неа , од небо ништо не паѓа!
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Девојче јас СУМ дипломирам правник :!: , во припрема на правосуден, затоа и пишав.
    Ако сакаш и ќе поеднично ќе ти ги наведам сите конкурси и огласи на кои сум аплицирала, и сите интервјуа на кои сум била.
    А знаеш каде и што работам?...во странска фирма што тотално нема врска со моето образование и струка. А знаеш кога се вработив? Пред неполни 2 месеци.
    А знаеш кога дипломирав? Пред 4 год.
    А знаеш зошто? Прочитај го уште еднаш претходниот мој пост. ;)

    Не ги демотивирам само ги информирам, ги спремам за лошиот, суров свет и им кажуваам однапред да си бараат дедо, вујко, чичко итн.итн владика...Ако ме разбра ОК, ако не ме разбра, пак ОК.
    Поздрав.
     
    На melissa, Nina26, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Точно, се согласувам дека многу тешко се наоѓа работа како правник.
    Прво, ги има премногу, буквално со лопата да ринеш.
    Тие малку што се среќлии или врскаџии, може да се вработат кај извршител или нотар, или пак во некоја адвокатска фирма, но порано или подоцна секако ќе биде побарано од нив да полагаат правосуден.
    Целиот факултет од 4 години сместен во неколку испити.
    Па ти трескај си ја главата, снаоѓај се како можеш, нека ти зрачи насмевка на лицето и оптимизам нека пука до небото, воопшто не е лесно и едноставно.

    Помладите генерации инаку не можат да го сфатат тоа, затоа што првенствено факултетот им го направија жива смешка 3+2 години, со 5 си магистер, види богати |( , па мислат дека е многу лесно, и се' што лета се јаде, па згора на тоа и се силат и пукаат ентузијазам.

    За информација, факултетот денеска по ЕКТС е жива глупост што и баба ми може да го заврши.
    Немојте да мислите дека ако факултетот ви е песна, дека наоѓањето работа е исто толку лесно и едноставно.
    Живели, па доживели.
     
    На melissa и lolyta777 им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.574
    Допаѓања:
    240.081
    Зошто сите плукате по ЕКТС системот и зборувате дека факултетот можел и баба ви да го заврши?
    Аман веќе од овие коментари бидејќи и ние ги учиме истите предмети како и тие со 4 години сега ставени во 3, и ние учиме од истите книги и ни предаваат истите професори.
    Мана на овој систем е што некој и на среќа може да положи и што нас како правници не тераат да заокрожуваме. И кога сум кај заокружувањето, верувајте мене ми беше потешко бидејќи мораше се да се научи и може да се случи да го знаеш материјалот, а да едвај положеш.
    Јас иако сум по новиот систем, еве сега сум 5 година мастер се сметам дека имам повеќе знаења од личности кои учеле по стариот систем, а верувајте се тотални тапаци кои завршиле со препишување и со бубица.
    Кога ќе барам работа и еден ден кога ќе се работам, мојот работодавач нема да го интересира дали сум по стара или нова програма, туку како работам, а тоа што сум по ЕКТС воопшто не е мерило за способноста за работа како еден правник.
    Европа го прифати овој систем, само кај нас се плука и се омаловажуваат студентите!
     
    На bubuu, Allthatglitters21, Heidi и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Затоа што е ПОЛЕСНО за разлика од стариот систем.
    Еве, другарка ми заврши на правен по старата програма, и колку за споредба -
    вие не полагате влезен колоквиум, за ниту еден предмет. Они полагаа за СИТЕ можни предмети.
    Влезен колоквиум инаку немаа под 200 страници, Лолита секако знае поубаво, па нека посведочи.
    Се случувало два испити да бидат закажани во ист ден, и никому да не му е гајле за тоа.
    Ама во статутот на факултетот пишувало дека не може - оди па пожали се да те видам.
    Кога им посочија на професорите, одговорот беше следен: Па вие драги колеги одберете кој предмет ви е поважен.
    И тоа не се случило само еднаш, туку многу пати.
    Второ, имаш писмен и имаш устен испит.
    Ти положи го писмениот, ако не им се допаднат твоите одговори на усно, автоматски паѓаш!
    И погоди што? Писмениот НЕ ТИ ВАЖИ.
    Само влезниот колоквиум, инаку се' друго ќе си полагаш од почеток.

    Материјалот беше пообемен и професорите построги.
    Сите професори кои сум ги сретнала досега и сум ги прашала за новиот ЕКТС систем, сите до еден одмавнале со главата, кажувајќи дека е невидена брука.

    И не е точно како тоа постарите генерации со стариот систем биле бубалици, а новиве демек пукаат од пракса во себе.
    Не те обвинувам директно тебе Јуле, ти можеби си супер квалитетен студент и се трудиш многу, ама зборувам за грото, а ЕКТС и стариот систем немаат споредба.

    Крај.

    Значи сите убедувања како на заокружување може да е потешко од 4-7 есејски прашања со тетратка на испит и уште 3 на усно, ви паѓаат во вода.
     
    На melissa и lolyta777 им се допаѓа ова.
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    ^ И јас сум студент по ЕКТС, да не помислиш дека сум постара па солам памет онака.

    Значи факт е дека со ЕКТС буквално секој, ама баш секој може да заврши факултет.Доволно е да научиш 30% за секој колоквиум и толку е.Нас тоа што ни е тешко зашто сакаме да учиме две недели пред испит, да шетаме по кафиња и диска, да дремеме на интернет и ломотиме на телефон е друга работа, со нашето учење порано ни 5ка немале, а не пак 6ка.Нема да станеме 3 дена од стол пред испит и леле се преучив, многу е тешко.Епа порано не станувале со месеци пред испит и тоа испит, испит, а не делкан на колоквиуми.

    Не може да се спореди порано и сега и тоа е факт.Освен тоа, порано не било дали точно ќе ја раскажеш темата, туку што си сфатил и како ќе ја поврзеш со претходно наученото.ЕКТС бара учење напамет, а тоа секој го може.

    И кога е така олеснето, нормално е дека ќе се множат и правници и економисти и се по ред и нормално дека ќе нема работа и нема да се цени трудот.
     
    На lolyta777 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Фала Фемина, ете еден реален и искрен одговор, конечно и тоа од ЕКТС студент.
    Не викам јас дека во моја генерација сите пукаа со знаење и многу памет.
    И те како имаше глупави и неспособни, некои не ни завршија, некои едвај, после не знам колку години, ама погодете што? Не се дрзнуваат себеси да се нарекуваат магистри со 5 години на факултет.

    Зборуваме општо за целината и мака ми е кога слушам како се жалите и кукате денеска, кога ви е олеснето минимум за 40% во поглед на студирањето.
    Опаднато е во квалитет и тоа е тоа.
    И не Европа, свети Европа ако сака нека го признае и 100 пати, пак ќе плукам и пак ќе кажам дека абер немаат денешните студенти. Или барем поголемиот дел од нив. Чест на ретките исклучоци.
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.574
    Допаѓања:
    240.081
    Некои работи и да сакам неможам да ги негирам. Пишав и јас погоре дека маната на овој систем е заокружувањето и исто спомнав дека секој може да положи, но мене ми смета поделбата кај луѓето што слушнат ли дека некој е од новата програма, веднаш не чини, овој лежејќи завршил. Не може да се прави таа класификација, бидејќи како што реков и ние учиме од истите книги, некои се скратени некои не, но исфрленото е непотребно. Не зборувам напамет, блиски луѓе завршија по стара програма. Казнено е истата книга, на пример. А професорите, дел се смирени но повеќето си останаа истите, едноставно еве Родна никој не може да ја смени.
    Тој што сака да научи, ќе научи било по која програма да студира. Материјалот е тој, законите се тие.
    На мастер студиите се полага на цели испити, некои се усни некои писмени, книгите се и те како обемни, и за мене овој начин е подобар. Факт дека повеќе се научува.
    Не мислев на бубатори туку дека полагаат со бубици.
    Како и да е за вработување, како и за работата на еден правник битна е праксата, а не теоријата. А тоа не се учи на факултетот.

    Со 5 година ни јас не се сметам дека сум Магистар, тоа не го спорам, но сметам дека со знаењето можам да застанам на рамниште со некој што завршил со 4 години!
    Тоа ми беше поентата!
     
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ако најдеш работа :!:

    Нема да објаснувам како било по старата програма, а како е сега по ЕКТС, туку само прочитајте го постот на Трендафилка. Се` е вистина, потврдувам, потпишувам и ставам печат па дури и штембил. :!:

    Нема ни да полемизирам ниту пак да навлагам во дискусија кои се поквалетитни студенти, дали по ЕКТС или по стара програма затоа што темава гласи Работа за правници.

    Само ќе кажам дека во повеќето огласи каде што се бараат дипломирани правници, се бараат правници со работно искуство од 1, 2 или пак 5 год.
    Но, тоа потребно раб. искуство ќе се пречкрта кога некое татенце ќе му се јави на чичкото кој му е близок пријател на мажот на сестрата што вработува. ;)

    На крајот пак се сведува и на горе наведеното... ако сакаш ти утепај се од учење, ако сакаш лежи и лагано полагај си колоквиумче по колоквиумче, испитче по испитче, година за година, ако немаш некоја врскичка дипломчето дома ќе си го урамиш. За жал :(

    Нагласувам-мое искуство, моја среќа, мој к`смет.
     
    На melissa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.981
    Допаѓања:
    66.384
    Пол:
    Женски
    obrazovanie/ekts-glupost-t862/
    Девојки има цела тема за ектс системот, дискусијата може да се продолжи таму :)
     
  14. magi.megi

    magi.megi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Точно, за дипломиран правник тешко за работа без врски затоа и кажав дека зависи од степенот на образованието но со правосудниот испит не верувам дека нема да успееш. Секоја чест за постарите генерации на правен кој учеле по стариот систем. Е тогаш се учело !
     
    На melissa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.574
    Допаѓања:
    240.081
    Aпсолутно точно, за жал.
    Ако сакаш да работиш како правник ти требаат дебели врски. На крај се се сведува на тоа!
     
    На melissa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    офф топик

    "Европа го прифати овој систем, само кај нас се плука и се омаловажуваат студентите!"


    јас со тапија ви гарантирам дека ектс кај и нас и вво европа нема блага веза. сте студирале во европа правен да видите како се полага? епа прашајте некој да ви каже да не мислите дека лажам. во европа е ектс систем ама нема испити на заокружување. и се извинувам ама никој неможе да ме убеди дека испит на заокружувањ е права ствар за правниците и дека е многу тежок. поголема глупост здравје како може да биде потежок од 3 часвен писмен испит со практичен случај и оди решавај го.

    и плус сакам да прашам на фон не е со заокружување на пример, само на државен е така?

    он топик

    тешко е за работа да ама не треба пак правниците да се толку ограничени нотар, адвокат и извршител и толку, абе отвори очи, работи у фирма договори преговори, стекнувај било какво искуство, таква е струката мораш да работиш и да трпиш додека не научиш, оди по невладини организации прави нешто некаде. јас сум мн голем противник на песимистите и на оние што велат се е со врски. извинете ама не е , и треба ѓаволски да се бориш за да бидеш некој во струка каде што секој втор или трет го дипломирал истото. зошто да те одберат тебе а не некој друг ако не се истакнуваш барем малку? ако не знаеш еден јазик плус од другите?

    ако тоа е тоа што се сака со голем напор може да се успее
     
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.574
    Допаѓања:
    240.081
    Решаваме случаеви, и на испити и на есеи, и на предавања, и вооошто не е тешко и невозможно. Примерите се од постарите практикуми, од кои полагале постарите генерации.
    Темата не е за ЕКТС, па не би продолжила со дискусија, како се полага надвор и овде. Но и знам како се полага и студира надвор од Македонија, планирав да продолжам надвор од земјава, па затоа и знам.
    Во Европа речиси сите студии се по 3 години, за економски и правен тврдам, и не е задолжително да продолжеш со мастер, туку ако сакаш. Ако не си зимаш диплома, третиран си исто како дипломиран. Кај нас за да заработ повеќе пари мораш да одеш на мастер, иако можеш место 2 години мастер, да стажираш и после правосуден да полагаш.
    И кога мислам на работа како правник, мислам и на работа во фирма, невладини организаци... Но за жал таму за да влезеш, па макар и да стажираш и волонтираш ти требаат врски.
    Но се согласувам со тебе дека не треба да се откажуваш, мора да бараш, да работеш макар и без пари, бидејќи упорноста е те како е битна ако сакаш да успееш.
    А и за да станеш добар правник, ти треба пракса, искуство и логика, а не 4 годишни студии или ЕКТС!
    Грешат сите што мислат дека правото се буба, се учи напамет.

    И на крај да не бидам погрешно сватена, јас не спорам дека ЕКТС не е во целост спроведен и дека не му фали ништо, туку дека и по овој систем може да се стекнеш со истото знаење како и оние кои студирале 4 години. Од што е направен хаос со прашањата на заокрожување, некогаш ќе се утепаш од учење и нема да положеш.
     
  18. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Со 5 години магистер епа со колку години сакате магистер да сте со 10? И по старо и по ново да се запишеш пак со 5 години ќе си магистер!
    Инаку за со правен мислам дека е доста тешко за работа со оглед на тоа што врие од правни факултети, а богами и студнети!
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Jaс се би дала да бев последна генерација од старата програма, него прва од новава |(
    Лично сум на приватен, имав се на се 3-4 предмети на заокружување и тоа од професорите од државен кои имаа часови исто време и кај нас и државен. Сите останати си ги полагав писмено и плус есеи и плус семинарски.
    Е сега реално подобре е само практичната работа по новиот систем, имав предмети каде обработувавме случаи. Пример бев на интерјуа каде штотуку завршени лица од стара програма на правен не знаеа како изгледа тужба и не знаеа пример да напишат. Но имаше и попаметни од нас новаците каде каде.
    Се е до човекот, кој учел ќе учи и така и така, но кога некој 50 години ќе предава и вработува луѓе по една програма нормално е кога ќе има промени да има и позитивни и негативни коментари. А секогаш на почетокот преовладуваат негативните. Плус државата става рампа на оние по нов систем, самата држава дава огласи за вработување на правници исклучиво со мастер и со тоа приморува да се сите магистри и да се полни државата со мр др и да се фали по европава |(
    Но факултетот е едно мало делче, она искуство кое се стекнува по неговото завршување е непроценливо.
    Мене ме нервира фактот што знаењето кое ти го префрла правникот кај кој работиш, а најчесто 90% ти му работиш тој само знае да те подбутне ако заглавиш ти го плаќа скапо. Тој вози мерцедес најнов, има куќа на водно, стан во Охрид, вила во Маврово, надвор минус 50 а он те праќа пеш до суд, те праќа на +45 во управа ил банка и на крај од месецот ти дава некои 2000ки. Може и 3, а може и ич.
    Е тоа во странство го нема. И таму стажираш и таму учиш занает. Е некаде и 5 години треба стаж за правосуден, но барем тие 5 години ти си вработен правник, а не бадијалџија кој со 28 години работи како правник и зима пари од мама и тато или работи како келнерка навечер за да заработи.
     
    На Safira26 и JuLleE им се допаѓа ова.
  20. Kateha2010

    Kateha2010 Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    За жал потполно се согласувам по нова или стара програма без врски работа тешко да не речам невозможно,ако некој сака да ме демантира дека знаењето и искуството се единствено битно тогаш еве вака дипломирав пред време во 2000 година имам правосуден испит и магистратура по правни науки имам 16,5 години искуство на правни работи (во повеќе области од правната материја од трудово и стопанско право ,human recources , договорно право и се останато .....
    За жал по нов или стар систем без врски или давање пари сметам дека денес е речиси невозможно да се најде работа на струката,доколу некој сака да ме демантира нека демантира така што ќе ми понуди работа : Дипломирав 2000 год со просек пред време на 22,5 години, имам правосуден испит полаган 2007 магистратура од 2010 имам и работно искуство од речиси 20 години од кои 16,5 се официјален стаж на правни работи и имам познавања и теоретски и практични од речиси сите области на правото.П.С Ве замолувам само без совети за да си отворам канцеларија адвокатска .....
     
    Последна измена од модератор: 22 април 2020
    На melissa му/ѝ се допаѓа ова.