Би ве замолила доколку некој има информации како можам да дојдам до работа со делење флаери или како промотерка по штандови во трговскиве. Студентка сум и стварно ми требаат пари да си ги покријам трошоците барем малку. Ви благодарам однапред.
ако ви текнува на спотот на елвир и слаџа пет минута има еден тип што влага со слаџа во казиното, е истиот тој бара девојки и преку него добиваш работа да промовираш виски во дискотеки да делиш флаери во спортски обложувалници и слично, и доста добро плаќа, имам две три другарки што преку него добија работа онака кога им одговараше прифакаа ( пошо бевме средно и поради обврските не можеа секогаш да прифатат ) и мн пати ги носеа во охрид велес и имаа платен превоз и престој и плус дневница за работата е сеа ке пробам да стапам во контакт со другаркиве и да се распрашам малку повеќе
Мацуш, незнам дали си чула за Велнес(се нагја во Црниче) кај Симпо) претпоставувам дека си чула за Хербалајф-епа не се само производи(да купуваш, користиш, и препорачуваш) туку делат и флаери(оние ко подарок козметички третман, мерење тезина и сл, колку да те навлечат да им појдеш на состанок кај нив) многу пати сум сретнала делачи на флаери низ Центар, оди прашај, мозе ке ти помогнат
^ мислам дека не ги плаќаат имам другарка таму ако ја видам вечерва ке ја прашам, инаку мацуш не ги прашав целото друштво се на одмор дури коа ке се вратат
Пазете со кој се нафаќате да ја работите работава, другарка имаше лошо искуство. среќа е мн паметна и на време се откачи. Само претпазливо, мОј совет
Хипстер, па кога е веќе така, кажи што се случило и која агенција... Да знаат девојчињата кои одат на промоции!
Јас имам работено како промотерка, ме викаа 2 до 3 пати во неделата, но само преку лето бидејќи училиштето и обврските се проблем +
случајно го најдов огласот на http://www.najdirabota.com.mk/ еве http://www.najdirabota.com.mk/Search.aspx?search=&dateFrom=&dateTo=®ion=-1&industry=-1 Спојлер О Г Л А С Бр. 590267 Објавен од: Вест, Објавувач: - Нема информација [Прегледај коментари] Популарност на Компанијата: 3.883890 Област: Продажба и Маркетинг Работно место: Презентер Број на работни места: 7 Во регион: Скопски, Тип на работно место: Постојано Договор(во месеци): Објавен на: 10/09/2011 Краен рок за пријавување: 24/09/2011 Почеток на работен однос: Оглас внесен на: 10/09/2011 Email за контакт: УРЛ: t Телефон: Поштенски ФАХ: Плата: Потребни квалификации: Должности: Нема информација, Адреса за апликација: Назнака(референца) на огласот: Целосен оглас: ФИРМА ИМА ПОТРЕБА од 7 комуникативни девојки за работа во презентација-продажба. Можности за раб.втора смена. Заработка одлична. тел: 076/682-648
го знам ова севика ДСМАКС 2000, и сопственикот се вика Љубчо ги носат и по други градови девојките со кола да продаваат: парфеми, сетови, часовници, козна галантерија(каиши), имав пробен работен ден во друг град цел ден ваму-таму и на вракање по селата, така да сватив дека не е тоа за мене, иако сопственикот беше фин кон нас продавачките и да , пред да влезете на разговор , ви дава секретарката да потпишете договор и да наведете 2-3 лица кои наместо вас би ја платиле робата(во случај на не дај бозе) ко зиранти по банкиве што се бара за картичките
Благодарам за постот, јас не ја видов оваа тема Еве уште еднаш што се бара: Mi trebaat devojki za delenje flaeri vo Skopje. Akcijata ke se odrzi nekade okolu sredinata na januari. Site koi se zainteresirani neka mi ostavat podatoci i broj za kontakt vo poraka. Pozdrav