Според моите информации за да го полагаш испитот за ревизор (на Институтот за овластени ревизори) не е потребно искуство, искуството за бара за овластен ревизор (и мене не ми беше во почеток јасно затоа прашав во Институтот). Две нивоа се, вкупно 8 испити, а цената на секој испит е 9200 ден.
ревизорските куќи обично регрутираат нов кадар (по правило без искуство, од клупа) секоја година затоа што има голем обрт на кадар. Огласите се обично крај на лето до кај есента. ти треба солидно познавање и логика по однос на сметководствените принципи и тоа е тоа. Обично има тестирање. Смер сметководство и ревизија нема предност во изборот. Среќно.
Нема на што - јас ја почнав мојата кариера како помпад ревизор во една од големите 4 ревизорски куќи. Ако те интересира уште нешто пиши ми пп.
Дали го имаш полагано испитот за ревизор на Институтот? Ако имаш некоја информација во однос на полагањето како е тешко/лесно ќе те замолам да ни кажеш.
После 3 години работно искуство, да. На страната на институтот ги има сите информации. Мислам дека законот викаше дека секој може да го полага, меѓутоа нема да се здобие со звањето. За лесно/тешко - тоа е релативно. Ако научиш и ако те влече работата и имаш логика нема никаков проблем да имаш. Со среќа на сите. Ако видам некој оглас, ќе ви го постирам тука.
Здраво, заинтересирана сум за полагање за ревизор, па сакам да прашам како се платите, полагањето испити дали е тешко?
Здраво дали сеуште важи тоа дека со 5 години искуство како сметководител, можеш да полагаш за ревизор, или искуство мораш да имаш исклучиво во ревизорска куќа?
Здраво, на економски факултет сум и имам потреба од помош со врска со ревизијата, дали некоја од вас е слободна да ми пише? Поздрав.