Работа како стјуардеса

Дискусија во 'Барање работа' започната од Nikce, 5 април 2012.

  1. Nikce

    Nikce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    14
    Здраво на сите. Ги разгледував темите за работа на форумот и приметив дека нема тема за работа како стјуардеса. Дали некој е информиран за можности за ваква работа кај нас. Јас сум била на интервју за Qatar Airways и ги поминав сите тестрирања и се натаму меѓутоа на крај ми пишаа дека сум одбиена. Мe интересира за некој други компании овде кај нас поблиску :P
     
  2. LeonaS

    LeonaS Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    24
    А кои се условите за да се биде стјуардеса, знае ли некој? :)
     
  3. Nikce

    Nikce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    14
    Епа тоа зависи од компанијата. Пред се важно е да имаш над 21 година, висина не знам таму од колку и да знаеш англиски, другото се е зависно од компанијата.
     
  4. La.femme

    La.femme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    110
    Не сум стјуардеса, меѓутоа работев неколку години во една македонска авикомпанија, па знам отприлика како стојата работите. Кај нас нема огласи за стјуардеси поради една единствена многу жална причина, Македонија нема своја авиокомпанија. Во последниве 2-3 години имаше две компании, но пропаднаа. На компаниите надвор од Македонија многу им е полесно да земат веќе обучени и искусни стјуардеси, бидејќи има доста таков кадар. Сите мои поранешни колешки или не работат никаде или се на сосема други работни места или надвор од Македонија.
    Инаку нема некои посебни правила за да бидеш стјуардеса. Најважно е да сакаш авијација, се друго се учи. Треба да си полнолетна, да имаш минимум ССС и да знаеш англиски. Кај нас има стјуардеси што се високи и 158 и 175 см, така што висината не игра улога. Ако поминеш на лекарски (еден вид систематски преглед) почнуваш прво теоретска обука, па практична (те праќаат на лет, во придружба на инструктор). Потоа полагаш писмени испити, па практичен и добиваш лиценца, која важи во цел свет. Доколку компанијата те вработи, а не си стјуардеса, трошоците за обука и полагања се на сметка на компанијата.
    Откако ќе почнеш со летање, се собираат вкупните саати поминати на лет (тоа се вика налет) и колку повеќе саати имаш, толку побрзо ќе напредуваш, бидејќи има титули како стјуардеса 1,2,3,4 и персер (главна стјуардеса).
    Лиценцата се добива со одредена важност, мислам дека беше две години и потоа повторно се полагаат некои испити (ова е повеќе како формално) и се обновува важноста на лиценцата.
    Се надевам дека барем малку ти помогнав со одговорот.
     
    На Animali, angela.kostova, La.loca и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Nikce

    Nikce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    14
    Хммммммм ти благодарам многу La.femme да знам дека овде во оваа наша сиротка државичка е мноогу тешко и знам дека само од Qatar доаѓаат меѓутоа јас не би се пријавила пак за нив имам слушано дека таму не е баш сјајно многу затворена држава со строги правила. Сепак благодарам многу ако има нешто ќе споделам со вас mwa
     
  6. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    82
    А каде може да се пријавиш Никче, мислам има огласи нешто? :*
     
  7. Strawberry.6

    Strawberry.6 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    10
    Јас мислев дека висината има најголема улога во оваа работа. На една српска ( бидејќи не најдов македонска) страница прочитав ко демек треба да бидеш над 175cm (односно со кренати раце твојата висина да изнесува 190cm) за да станеш стјуардеса, а бидејќи имам 157 многу се разочарав.
    Тоа ми е најголема желба, и би направила се за да успеам да ја остварам. Сакам да патувам, не се плашам од висина така да летањето не би ми било никаков проблем, јазикот ми оди супер, комуникативна сум, само уште да бев висока се ќе беше супер... :(
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.422
    Допаѓања:
    3.053
    Пријавувањето е на лице место после предавањето т.е. презентацијата. Инаку Qatar ервејз воведните презентации ги држеа во хотелот Холидеј Ин (до ГТЦ) во Скопје. Досега држеа 1-2 годишно, напролет и наесен. Влезот е слободен, но пожелно е да дојдеш дотерана поради прв впечаток кој од друга страна не е гаранција за ништо. И, да! Никогаш не ги оставајте вклучени мобилните телефони за време на презентацијата и натамошните предавања. Сè се регистрира сè се „снима„... ако некоја го оставила вклучен мобилниот тел. затоа што требала другарка и , дечко и оваа онаа нешто важно да и се јави бла блабла, тоа се сфаќа како доказ дека нејзе/нему во моментот тоа и е побитно од презентацијата, а со тоа побитно и е од тоа да стане стјуардеса. Инаку се примаат и женски и машки.
     
  9. Nikce

    Nikce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    14
    Има оглас кога доаѓаат во Скопје најчесто на fb и на други страни за врабоување, а на мене ми стигнува на mail така да ќе ве информирам кога ќе има :)
     
  10. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    496
    За апликација за работа како стјуардеса во Qatar Airways има предуслови кои треба да се исполнуваат.
    Minimum age: 21 years
    Minimum arm reach: 212 cm (on tip toes)
    Minimum education: high school degree
    Fluent in written and spoken English (ability to speak another language is an asset)
    Excellent health and fitness
    Willingness to relocate to Doha, Qatar
    Outgoing personality with good interpersonal skills and the ability to work with a multinational team
    Инаку на најдиработа кога има оглас обавезно го објавуваат. Е сега треба да се прати редовно :)
     
  11. traumhaft..90

    traumhaft..90 Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    20
    Јас имав желба да пробам да работам и нешто поразлично од мојата струка па викам ај да се распрашам зошто имам прилика имам каде плус на помалку од 20 км ми е аеродромот.Убедена бев дека супер би било но кога отидов таму и кога ми објаснија луѓето од Луфтханза се предомислив искрено но и од причина што имав други малку подолгорочни планови со медицината.Има тестови кои може секој да ги полага значи не ти треба некоја диплома или било што,се полагаат тестови за интелигенција тука имаше и часови по пливање,логички тестови со цел да ја видат твојата снаодливост во стресни ситуации и сето тоа плус предавања трае 6 недели доаѓа како обука.Доделуваат лиценци и уште утредента ги праќаат на пат.Не е ни одблизу така како што си го замислуваат повеќето зошто навистина е стресно и поготово како почетник немаш простор за грешки сепак се работи за клиенти кои доколку не им се допадне услугата ќе ја сменат авиокомпанијата.Имам познанички кои се пријавија сепак и откако им ги доделија лиценците утредента веќе имаа лет мислам дека беше за Јапонија,кутрите имаа право само два часа да спијат и тоа кога им дојде редот или смената мораат сакале или не да спијат оти после нема кога,ајде и тоа не е крај на свет,друга предност е дека во Јапонија беа два дена со платен смештај барем прошетаа и енос ќе шетаат секоја чест,но искрено да ви кажам во однос на стресот и тоа дека немаат работно време нив можат било кое време да ги стават да работат и сето тоа за 400 евра месечно :?: ... Некому му се гледаат многу но верувајте на тукашниот стандард со овие пари неможам да си го покријам ниту патот до аеродром секој ден,тоа е ништо.
    Некако не ми се исплаќа да се обврзувам со договори и повеќе во трошоци да се ставам,ако сакам да шетам ќе си платам а тоа е веќе озбилна работа .. Јас се предомислив а дојдов до таа идеја откако запознав една пријателка на едни мои пријатели она беше стјуардеса во прва класа а мажот и беше пилот.Луѓево парите не си ги знаат живеат на висока нога но и ним не им завидувам они па кога се виделе како фамилија нонстоп се по патишта.Ах незнам јас многу размислував сакав само да ви споделам мое искуство
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    496
    Оглас за селекција за стјуардеси во Qatar Airways во Скопје на 12 мај.
    Eexel in a world of high standards with Qatar Airways.
    Qatar Airways, winner of the Skytrax award for Best Cabin Crew in the Middle East, for seven consecutive years invites you to be a part of its success story.
    To join one of the world’s fastest growing 5-star airlines, do visit us on our Open day: Interactive Information Session only - take advantage of this exciting opportunity and meet our recruitment team.
    SKOPJE
    Venue: HOLIDAY INN SKOPJE- Mosa Pijade 2, 1000 Skopje Macedonia
    Date: 12th May 2012
    Time: 0900 a.m. sharp
    Please bring your CV in English along with full length and passport size photographs personally. Shortlisted candidates will be required to attend further processes over the next two days.
    The above position will be based in Doha, State of Qatar,
    За понатамошни информации Be молиме посетете го qatarairways.com
    World's 5-star airline. qatarairways.com

    преземено од ДобраРабота.мк
     
  13. dlikedevil

    dlikedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    55
    Дали има некоја девојка што била на 12 ти на кастингот??
    Не знам за другите авио компании но Катар за мене бесе дефинитивно љубов на прв поглед, услови екстра, плата екстра... и исто така зачленета сум на еден хрватски форум каде што цело време заинтересираните девојки кои биле или ќе одат на кастинг или кои можеби ги поминале сите 3 дена и чекаат одговор дали се примени си разменуваат искуства, се договараат заедно да ги прават медицинските испитувања итн. Се надевам дека и воој форум ќе се развие во таа насока и дека ќе можеме да си споделуваме искуства...
    Јас бев на 12ти мај на опен деј и не го поминав вториот круг, но планирам повторно да се обидам. Доколку има некое девојче кое беше нека пише дали успеа да си обезбеди пат во Доха и можност за вработување. Поздрав
     
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.541
    Една моја другарка беше и го мина и последното интервју и деновиве треба да и се јават за да ја известат дали е примена, а за платат па и не е баш висока таа како што кажуваше 700 евра е :?: Сега за во Македонија да земаш толкава плата е повеќе и од совршено али во споредба со другите авио компании е ептен малку, а и Доха не е ефтино место за живеење имаат многу повисок стандард од кај нас се е многу поскапо.
     
  15. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    и да ги поминат интервјуата после прават медицински тестови,на кои повекето од примените ги одбиваат пошто бараат да си перфектно здрав,и да испиташ се што може да се испита и пак ке те вратат провери уште ова провери уште она.и да успееш да ги поминеш тестовите и да заминеш во катар,таму повторно ти прават тестови и испитувања.шо значи дека и од таму можат да те вратат ако најдат нешто што според нив би можело да преставува проблем кога би работела како стјуардеса.шо значи шансите да успееш да станеш стјуардеса на катар еирвејс се многу многу мноооооооооооооогу мали :D има и такви кои успеале ама се ретки.треба да имаш ептем срекичка и перфектно здравје.тие шо имаат некаков здраствен проблем,искривен рбет,праено некаква операција,итн ич нека не ни покушават немаат шанси.
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.196
    Допаѓања:
    40.966
    Jас не знам за здравје, ама што сум ги гледала стјуардесиве, сите до една се екстремно високи, слаби, и не убави на лик :D
    значи, најбитно е да си висока...
    услужливи се, малце и досадни, со тие нивни појаснувања со појаси |(
    Hасмеани... Cигурно се и одлично платени, ама што знам, пред се треба и да не се плашиш од авиони :D
    плус и ризична работа е :)
     
  17. lauras

    lauras Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    3
    Следната регрутација е на 9-ти јули со почеток од 9 часот во хотелот Холидеј ин. Дали некоја е во план да се пријави,и доколку некој бил на претходните интервјуа може слободно да објасни како си поминала ;)
     
  18. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    128
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.736
    грешка си
    интервјуто е УТРЕ во 10 часот во хотел Континенатал
    на 23 почнуваат обуките :)
     
  20. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    128
    :$ моја грешка ;) извинете