Работа како стјуардеса

Дискусија во 'Барање работа' започната од Nikce, 5 април 2012.

  1. kaja001

    kaja001 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    Има некој да сподели искуство што му се јавиле ?
     
  2. Dakota

    Dakota Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13
    Дали знае некој дали наскоро сега Јануари, Февруари ќе има некое интервју за стјуардеса кај нас за било која авио компанија. А и ме интересира како е да работиш за Wizz Air кај нас ако знае некој да сподели, зашто се имам возено со нив и стјуардесите баш не ми се услужливи како да не се задоволни така се понашаат па затоа ме интересира :rofl:
     
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.600
    Пол:
    Женски
    Кај нас минатата година имаше неколку интервјуа за стјуардеси, знам дека од Катар имаше а сигурно и други. Имам една пријателка што е стјуардеса веќе една година, цел свет го прошета уште од каде не стави слики: Јапонија, Америка, Сејшели, Малдиви, Сингапур, Банког, Шпанија, Англија, Германија,ма баш цел свет, па гардероба, накити и свашта на нејзе. Стјуардесите обично се тука некаде со годините, убави девојки па не си изоставен од околината, сите се дружат искачаат и забавуваат во слободно време. Колку само добивам желба да отидам, ама ете да не бев вработена овде сигурно ќе заминев.
     
  4. Milena-111

    Milena-111 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    12
    ме интересира дали има шанса да те примат ако носиш леќи???
     
  5. Goga123

    Goga123 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    6
    Што треба да имаш завршено за да работиш како стјуардеса?
     
  6. dzuboks

    dzuboks Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    бараат да имаш минимум средно завршено, и добро познавање на англиски јазик,секој друг јазик што го зборуваш е предност
     
  7. kaja001

    kaja001 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    На 1 март има open day од Qatar airways :)
     
  8. ancebanance

    ancebanance Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    каја001 само за стјуардеса или може да аплицираат и стјуарди сега на 1ви март што е интервијуто ?
     
  9. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Може некоја од вас што била на интервјуто да каже како да се облечеме? Која боја да бидат алиштата, каква шминка да ставиме? И каде поточно се одржува интевјуто во Холидеј Ин? Каде што се одржуваат свадби, или од предниот влез кај рецепцијата?
     
  10. dzuboks

    dzuboks Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    за на интервјуто треба да облечете сукња црна или тегет со должина до под колена,бела кошула на кратки ракави или тричетрвртни,штикли црни не повисоки од 5 цм ,косата разделена на патец на едната страна да поминува на челото и уредно собрана по пунџа доле ниско,без хулахопки.ненападна шминка,црвен кармин,уреден маникир.
     
    На MamaYette и Ale.Ambrosio4 им се допаѓа ова.
  11. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    На страната видов дека треба и онлине да се аплицира. Бил некој на интервјуто без да аплицира онлине?
     
  12. kaja001

    kaja001 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    Ај некој што бил нека напише како беше :)
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Вака бев облечена јас (според советите кои ги добив од веќе вработени):

    Црна сукња до колена (значи, ни предолга, ни прекратка), холахопки месо боја, црни салонки (на помала штикла, да не се кршам таму), бела кошула (моето беше како руско кошулче) со црно сако со долги ракави, косата ми беше испеглана и фатена во плетенка настрана (иако ме советуваа пунџа), ненападна шминка и благ црвен кармин, од накит имав бисерчиња обетки, и обавезно сат на рака (исто тоа ме посоветуваа, да носам сат).
    Рекоа да бидеме трпеливи, но немаше огромна гужва како што мислев и реално имаше буквално секакви девојки. Јас си гледав пред себе и се спремав психички да бидам самоуверена и незбунета.
    Ги предадов документите, добив неколку најопшти прашања (ништо конкретно, само основни прашања), и тоа беше се.
    Не беше ништо страшно, можеби зошто претходно доволно се подготвував, па и другарките ги терав само по англиски да муабетиме на мобилен. :lol:
    За понатаму сум во исчекување. :)
     
  14. Dakota

    Dakota Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13
    А ти се јавија за другиот ден дека си поминала па да идеш па понатамошни тестирања или ... ???
     
  15. ena.ell

    ena.ell Нов член

    Се зачлени на:
    5 март 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки,
    Заинтересирана сум за работа како стјуардеса во Wizzair. Дали некој е информиран колкава е платата и на колку време е договорот за работа?

    Фала
     
  16. kaja001

    kaja001 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    Вo Wizz air немаш фиксна плата, туку се ти зависи од тоа колку летови ќе направиш, плус таму работиш на повик, кога ќе те викнат тогаш. Не би ти ги препорачала затоа што според мене се многу неозбилна компанија, јас бев на open day пред две години и воопшто не сум задоволна ни од условите за работа, ни како се одвиваше open day-от ни ништо. Ако имаш желба подобро пробај со катар или емирати. :)
     
  17. Qatar

    Qatar Нов член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
  18. Muchaca

    Muchaca Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    A,dali nekoj znae koja e starosnata granica za da apliciras za strujardesa vo aviokompaniive?
     
  19. dzuboks

    dzuboks Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    треба да имаш најмалку 21 години заради тоа што послужуваме алкохол
     
  20. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.704
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Морам да се надоврзам на муабетов за тетоважи,незнам што викаат правилниците и правилата ама јас имам пријателка која работи и има на ептен видливо место тетоважа.