Новости, новости, новости !!! Ни стигна мејл до сите стјуардеси дека се сменети правилата и законите кога станува збор за брак и бременост. Па на голема радост да ве известам дека Катар Ервејс им дозволува да стапат во брак на сите кои си планираат . Освен тоа , во случај да забремени некоја стјуардеса , ке биде префрлена да работи на аеродром , а потоа ке и бидат дадени неколку месеци породилно . Откако ке се породи , по извесно време таа може да се врати да лета како и порано , значи да си продолжи со работа . Доколку некој не сака да продолжи да лета, ќе и биде понудена позиција на земја , во канцеларија, на аеродром, во Карго секторот , значи било кој сектор од команијата. Значи НЕМА да бидете избркани од работа, туку ке си продолжете со работа , после породилно . Е алал да им е за промените, фала богу нешто нормално и во Катар да се дешава. Поздрав до сите кои аплицирате и со среќа.
Ви ги читам мислењава на темава и се чудам, па баш пред спиење. Вика ситничарат - траги на бели дробови ако си имал немало да те примат. Извинете, за вас тоа е ситница? Сте учеле физика и зошто е тоа така? Ни пломбиран заб не смееш да имаш, не од лепота, туку други се причините. Не е ситничарење туку важен елемент. Вика - е како јас знам англиски и германски не ме примија. Девојче, за да бидеш стјуардеса психолошкиот склоп треба да ти биде малку специфичен, таму нема да преведуваш. Прво, се бираат личности кои имаат слаба емпатија или такви кои се покажало дека лесно можат да потиснат чувства (во било кое време треба техички да се одработи работата, емоции не смеат да те понесат, ако си преголем емпат ќе те понесе ситуацијата и ќе направиш паника кога не треба, во тебе патниците гледаат доверба, а не збунета или емотивна девојка), второ, се бараат личности кои сакаат да бидат во центарот на вниманието, не треба да ти биде проблем тоа, во таа професија тоа е многу важно, не им е потребен некој на кој му се тресат рацете при секоја комуникација, им треба бре некој што не става на кантар (да се смееш, да пријдеш на секому, да зборуваш на микрофон, да си пријатна и слободна со пилотите и така натака). Сакам да кажам на ниво на селебрети, со тоа што немал талент да биде глумец или пејач, па ете. Трето, изи гоинг луѓе кои се склони кон забава (овие полесно остваруваат комуникација и имаат поотимистичен ментален склоп,дури и кога изобилува со негативен исход некоја ситуација умеат да потиснат, да негираат и оптимистички да влезат во нова ситуација), кои лесно се препознаваат, исто така се едни од првите кои се бираат и луѓе кои парите им се на високо место во однос на вредности затоа што се брзо мотивирани да зимаат повеќе часови на летање и да се жртвуваат... Се на се...да треба да се истакнувате на групните дискусии и тука поминуваат луѓе кои изгледаат универзално ок (не мора да си прелепотица, туку како од реклама на Нивеа - не се убави, туку се пријатни за око), атеншн сикер, тро себична (затоа што работиш со еден куп небитни луѓе за тебе со кои треба да се бориш за својата позиција, а не да цимолиш за дома) и да не покажуваш емоции. И да, за поголемиот дел од вас ова се негативни карактеристики, но за професијава не се и мораш да ги имаш за да успееш, особено во Катар и Емирати. Мислам и не се така лоши, барем јас не гледам така, во тој контекст се одлични, а покрај нив личноста може да има еден куп многу позитивни карактеристики кои не се потребни за професијата и ја комплетираат како личност. Нормално, не е човек три карактеристики, туку многу повеќе од тоа. За секоја професија се бара одреден психолошки профил или профил кој има потенцијал да научи вештини да е таков, ако не виделе во вас тоа, ни од сто обиди нема да се деси...освен ако не почнете да менувате нешто кај себе. Што се однесува до Визер и нивните стјуардеси. Се се, освен стујардеси, побогу како да се возиш во 22ка, а не во авион. Ако тоа е екипаж, Скопје е Дизниленд. И да, чуделе вие или не, кај Визер од самиот старт не функционира комплетно се наведено затоа што во добар дел и по основ на врски се влегува. Мислам... јасно е како и зошто и имаат најниски критериуми за влез, освен здравствените кои не смеат да се замижат, ни е добро за нив, ни за вас. Мене лично целиот концепт на оваа професија не ми се допаѓа (мислам не ми одговара на карактерот, не би можела и физички да го издржам тоа темпо и не можам да потискам, има цел свет да види дека не ми е денот, а и сакам да е така, сум се трудела да потискам, не излегло добро). Конкретно, сакам да работам во авиокомпанија, но во друг департман и причините ми се силни, имам многу убави спомени и искуства кои ништо не може да ми ги замени на светов. Најубавиот период во мојот живот, кога уште во Македонија не знаеше што е тоа голема компанија, успеаа да направат нешто единствено македонско и светско, но успеаа да го уништат. Но нејсе...
Wow сакаш да кажеш дека до скоро тоа било забрането и луѓе иделе таму да работат Попрво би бил сервисер на ректумот на боки 13 Ова е дефинитивно во топ 10 најдобри постови што сум ги видел на фемина. Не зборам за содржината, не ме ни интересира тоа, тука за склопот на речениците и логичките последици. Пример, не викаш дека бараат луѓе што добро се справуваат добро под стрес, туку директно испуцување, луѓе со слаба емпатија. 5/5. Бонус прашање, дали знаеш кој тип на луѓе се природно наклонети кон слаба емпатија? Не викаш екстроверти, туку луѓе што не ставаат ништо на кантер. Don't give a fuck онака. Отсуство на анксиозност. I love it!! Многу е ретко човек да има така чисти и конзистентни мисли без некое поголемо ниво на субјективност. 7 од 10 жени не би го имале ова. Најдобро ќе ти одговара работа во Маркетинг, да имав фирма ќе беше 3та или 4та по важност.
Уел хелоооо Лилит е форумски бог, миломие. И друго ми е мило, шо доби на тежина дискусијава конечно. Emirates Airlines изгледа нема да организираат Open Day годинава во Македонија, а?
Прочитај 2 пати, па коментирај доколку си го сфатил постот. Друга ствар е што не си информиран како стоеле работите претходно за да знаеш зошто се радуваме сега а не тогаш. И да , трета најбитна работа се ЖИВЦИ , а за правење паметни сме прво место во светот П.С. Морав да ти одговорам во твој стил за полесна комуникација. Тоа ти е батка исто ко во реалниот живот : кога некој на културен начин ти зборува и ти со него на исто ниво му одговараш. А да се вратам на темава ОН топик: Кој рече дека сите морале стјуардеси да бидат . Она што мене ме мотивира ваму се парите и посетувањето на далечни дестинации . Кој би рекол дека Австралија, Америка, Канада, Јапонија, Сингапур често ке ги посетувам , бидејки авионска карта до далечните земји кошта многу , а вака уз работа ко кец на десетка , па плус ко начекам на попусти , охооооо милина братче. Такоџе и за пари. Си штедиш, ставаш во банка да течи камата и си имаш пари во секое време. Арно ама за се ти требаат живци. По нетов фрчат огласи за V.I.P стјуардеси кои земаат големи плати. Познавам 38 годишна скопјанка, си работи како вип стјуардеса во европска приватна компанија и си го школува син и во меѓувреме. Е финтата е за да ти биде понудена работа во приватните џет авиони, ти требаат барем 4 години искуство во некоја интернационална авио компанија . Животот е краток , а јас сум авантуристички човек што не можам да седам на едно место, затоа и сакав да се изнашетам и да заштедам за да си имам за во иднина, кога зборам за иднина мислам на наредни 20-30 години да имам пари што ке ги трошам од сметката во банка.
Не се сите приватни авиони џет, тоа е само еден од видовите на пропулзија. Има доста елисни авиони што можат да носат до 60 патници.
Струјардесите во Wizz Air Скопје се страшно нељубезни. Прво, неможеш да ги разбереш кога зборат на англиски, толку непрофесионално и лигаво на тоа микрофонот катастрофа. Абе јасно и гласно кажи, онака ко да пејат без врска влечат зборови, седни и научи убаво што треба да кажеш. Другиве намрштени, ко нерасположени, ко да несмееш да ги погледнеш, страв да те фати ако сакаш да нарачаш нешто... Имам неколку другарки што работат, ама не сум ја имала честа да летам со нив, баш сакав да ги видам какви се на работно место. Искрено ме разочараа, секогаш сакам да ги гледам стјуардесите по авионите, очекувам да се убави и ТОП средени и им се воодушевувам на другиве компании, со странски имам летано, а од домашниве (т.е. што летаат од Скопје) само со Wizz. Ништо посебно не беа средени, реп полураспаднат и бушав, лоша шминка... Како ги пуштаат така незнам. Насмевка треба насмевка и бели заби подредени под конец.
Еве девојче да те информирам дека добивме мејл дека ни е покачена платата. Штета што нема граници македонскиот љубоморен менталитет . *ништо лично. 1.Increase in BasicSalary The basic salary has been revised for all Cabin Crew who are employed by QRason 01 t July 2015 asfollows: 5% increment forF2 27% increment forF1 10% increase forCS 8% increment for CSD 8% increment for PO /LT 2.Increase in Hourly Flying Pay(HFP) 11.1% increment forF2 11.5% increment forF1 22% increase forCS 18.5% increment forCSD 17%increment forPO/LT
Да не имате информација колкумина биле на FI и колку биле примени после тоа? (женски/машки). И да, кога повторно би дошле QR во Скопје? Претпоставувам септември/октомври.
На 27.09, Emirates доаѓаат во Скопје. Според информациите достапни на интернет и по форуми, не се до толку забегани како во Доха.
Поубаво склопено мислење немам прочитано до сега на ниеден форум. Браво, секоја чест. И да, се што имаш напишано е точно. Работам во Емиратс и можам од искуство да кажам дека овие карактеристики се препознатливи кај сите стјуардеси. Поздрав
Ај малку помош феминки Нели пред скоро имаше оглас за ВизЕр, јас пратив cv и ете ми пратија денес покана да одам на recruitment day. Има ли некој овде што работи веќе таму, да ми каже што да очекувам, колку брзо оди целава работа, шо ќе ми треба за почеток (ако ме примат си праиме муабет ), бидејќи не сум од Скопје... И слично. Може и во приватна порака да ми пишете. Дали се исплаќа секако. Да се преселиш од внатрешноста во главниот град со сите трошоци кои ги носи сето тоа. Ви благодарам и со среќа ако има и други. **
кога веќе си таму,може ли на кратко да ми објасниш што треба за да се пријавам,дали навистина треба да бидам облечена во одреден дрес код,како на видеото што погоре,мислам дека од тебе беше објавено??Како ти беше тебе кога аплицираше,мн се мислам како треба да се облечам?Исто ме интересира за фотографиите,какви треба да бидат?Ти благодам најмногу !!!