e dobro de na ovaa siromastoja 720 evra ne se malku no znaejki deka ke ja dobies rabotata tie pari ti se vrakaat...
Мислам дека бараат само девојки и тоа до 29 години. Најпрво треба да се уплатат 950 денари (отприлика), за самото аплицирање. Потоа следува интервју со некоја регрутерка од Бугарија. Фактички, тие 750 евра се делат помеѓу сопственичката на Globalwork и Бугарката (регрутерка). И нормално, сите тие документи што треба да бидат преведени на арапски одат преку нив. Тоа што работат со провизии за мене не е спорно. Ме загрижува тоа што обично агенции не посредуваат за авиокомпании. Кога сум аплицирала за Катар или Емирати, на нивните веб страни веднаш се забележува напомена за кандидатите да се пазат од агенции кои тврдат дека посредуваат за ваква работа т.е дека се обични измамници. А сега со Кувајт ми е малку симптоматично тоа што на нивната официјална веб страна нема оглас за стјуардеси (а обично тоа така оди). Влатко, нема да можеш веднаш да си ги вратиш. Најпрво поминуваш обука (5-6 недели). Сместувањето е обезбедено, ти даваат џепарлак од 300 долари за храна. Ако ја поминеш обуката имаш probation period од 6 месеци, каде работиш полно работно време и ти даваат 600 долари. Дури после тоа склучуваш договор за работа и основицата е 1980 долари. И не ги земаш сите овие пари, туку од нив се изделува некоја сума за одење на фризер, за униформа и не знам што друго. Значи на некој начин компанијата си враќа дел од средствата назад, поради тоа што мора да бидеш цело време дотеран/на, па така 1-2 пати месчно редовно одиш кај нивни фризер и козметичар. Освен тоа за мене доста демотивирачка е информацијата дека кај некои од арапските авиокомпании стјуардесите ги чистат WC-њата. Претпоставувам дека е таков случајот и за Кувајт, затоа што компанијава е прилично нискобуџетна и до пред некоја година возеа авиони стари 20 години.
Здраво на сите. Одамна читам за оваа работа, мило ми е што и тука се развила оваа тема. Откако ве исчитав ги имам следните прашања, се надевам некој може да ми помогне 1. Постојат ли шанси да ме примат ако имам проблеми со рбетот (малку ми е искривен) 2. Исто во врска со порцелански заби, како стои работата? Ме интересира за виз аир но и за другите авиокомпании. Тенк ју
Зависи од тоа колкава е деформацијата на рбетот. Ако е сосема мало искривување, не би требало да биди проблем. Сепак, на лекарското ќе го пишува степенот на искривување. Во врска со забите, важно е да бидат здрави и правилно распоредени. Од wizzair немаат некои строги правила, затоа што таму се оди преку врски. Од 50 (или повеќе пријавени) на assessment day одбираат само 6. Ќе се изненадиш од тоа какви луѓе поминуваат, но како што реков тоа е така затоа што нив не им е важен квалитетот туку бирократијата која владее таму. За компаниите од Блискиот Исток важи сосема поинакво правило. Тие буквално го бараат најдоброто, не само од физички аспект, туку и од тоа каков мајндсет имаш. Буквално, бараат личност која не покажува никави емоции и на која парите и се топ приоритет во животот. Со еден збор, треба да бидиш без скрупули, онака bitchy карактер. И да знаеш да работиш во прилично стресно опкружување. Тоа е тоа.
А имам едно прашање, за овие европските авио компании..ако се нема бг пасош дали доколку компанијата сака да те вработи дали може да аплицираш и работиш со работна виза, т.е. дали компанијата ќе се заинтересира да ти помогне да добиеш работна виза?
inace devojki stvarno ima oglas za kuwait airways vo Globalwork i toa vcera bev vo agencija i imase dosta devojki za na intervju..sega za sega smao zenski im trebale a ponataka i maski ke trebale....
Почитувани девојки, имам 19 години и сум заинтересирана за работа како стујардеса бидејки голем дел од моите пријатели веке се заминати за Emirates и никогаш немале лош збор во однос на плата сместување и сл. Бидејки на страната од Qatar Airways прочитав дека може да аплицира секој над 18 години помислив да прашам дали некоја пробала да аплицира со помалку од 21 год? Воедно дали знаете каде може да се објават интервјуа за Qatar и Emirates колку да не ги испуштам? Ви благодарам.
Следи jа официјалната страна на Qatar Airways - vacancies (пиши на Google) и следи за датум на следен Open Day во Македонија. Emirates годинава не доаѓаат во Македонија, со 100% сигурност. И не се оди преку агенции во Катар или Дубаи/Emirates. Ова со Kuwait ми е тотално fishy, така да убаво би било некој директ маил да им пушти и ги праша дали така вработуваат од Македонија стјуардеси. Бидејќи Катар и Emirates цело време нагласуваат дека НЕ ЗЕМААТ пари за целиот процес ниту за било што. И дека директ со нивни претставници се вршат интервјуа во процеси кои се исцрпувачки. Been there, done that.
И јас цело време тоа го нагласувам. Ништо чудно по некој месец повторно да прочитаме вест дека некоја агенција им зела пари на кандидатите и ги извисила. Ама колку и да им напомнува некој, залудно. Има многу овци за стрижење во Македонија...
Гледам пишувате околу KuwaitAirways и агенцијата која го прави интервјуто. Јас бев на информативен разговор ме повикаа веднаш од кога им го пратив моето CV,и бев загреана се додека не ми кажа колкава сума треба да платам. Ниедна авиокомпанија во светот не ти вика дека ти сама треба да си ја покриеш картата до местото каде што одиш,и ниедна авиокомпанија не ти овозможува смештај само 3 месеци. А притоа,да нема на официјалната страна,со тоа што кога јас прашав зашто нема мене газдарицата ми одговри дека ја менувале страната па заради тоа. 750 евра да ги дадам,за по месец дена да ми рече почекај,ќе те известиме или го раскинавме договорот а парите се неповратни-нема шанси. Со самото тоа што таа самата ми кажа "јас живеам од ова не планирам да правам превари" одма ми беше јасно дека е филм. Друга работа која исто така ми беше сомнителна е фактот што не е класичен Open Day како кај сите други компании,него интервјуто се случува во просториите на агенцијата со објаснување дека заради стресот на девојките полесно било во канцеларија. Тие 950 денари за учество не разбирам зашто се плаќаат,нели е Open Day? Зашто морам да го загарантирам своето место?
Здраво, ќе може ли некој што знае да ми помогне, не ми е јасно што треба да направам. Задолжително е да се одговори на сите прашања. Бара да се прикачи слика, а нема алатка за прикачување. Дали треба да најдам некој сајт па таму да ја прикачам сликата и тука да го вметнам линкот? Благодарам однапред, поздрав!
Исто и јас бев на информативен разговор. Затоа и веднаш апелирав на форумов, да не се затрча некој. Искрено, Росана Лотски (т.н газдарица), треба да крка една пријава. Мислам, да беше ова нормална држава тоа агенцијата нејзина немаше ни да постои. Ама начекала таа да вади пари на сметка на млади луѓе кои очајно се обидуваат да избегаат од “државава“.
Или. Invitation only Recruitment day. Треба да се пријавите online за да добиете покана за на ваков ден. Некој погоре побара инфо како се аплицира. Јас директ им напишав маил на адресата што е поставена на официјалниот recruitment сајт каде што фино лепо напишав дека аплицирам за во Скопје но поради лошиот сајт за аплицирање не можам да ги вметнам сите документи па ги прикачив на тој маил.