Девојки, После толку време собрав храброст за да се пријавам за стујардеса во Wizz. Од сите искусни кои се вработиле или биле на интервју ме интересира кои прашања ги поставуваат на групната вежба? Исто така, одлично го познавам англискиот јазик, меѓутоа го немам користено во комуникација можеби веќе три години и имам огромна трема поради тоа. Можам да се уклопам веднаш, ама напочеток мислам дека ќе сум малце несигурна. Дали се премногу строги?
https://recruitment.clipcon.net/eve...OvAuuN6T7rz6NbxsoIu1EQOmE2BFiJFQagxqACTORMlaz Имам само едно прашање... Дали се плаќа?? Иначе линков е за Сауди Аирланес(стујардеса)....
Здраво. Да прашам, дали ако се вработиш како стујардеса бараат документи за завршено образование(мислам на свидетелства или диплома). Поздрав.
Знам пред неколку години ептен сакав да го пробам ова. Најмногу оти ги исполнувам тие нивни “фамозни“ критериуми. Појдов, успешно ги поминав трите круга. Ни рекоа чекајте две недели, ќе ви пратиме мејл. Кога дојде мејлот, ништо, стандардна гомненица. Од други кандидати со кои бев во контакт, дознав дека од одвај 40 души кои го поминавме тој трет круг, само две одбрале. Тоа на почеток, не ни го кажаа. Замисли, правиш таква сложена регрутација за ДВА кандидати. Се разочарав јако тогаш, најмногу оти изгубив многу нерви и енергија, а богами и морав да патувам. Друг пат не ми текна. Патем, за тоа интервјуто, се спремав како за на испит на факс, до толку бев мотивирана. Гледам, последниве 2-3 години ептен е намален интересот за оваа позиција, која се рекламираше како нај-нај работно место. Познавам и лично две личности кои имаат работено во овој сектор, гламурот само по екраниве е изгледа. Не за бадиела се вика, згора мазно-здола азно.
Општо познато е дека малку примаат од интервју. Два-тројца, а може да се случи и никој да не примат. Посебно компаниите со поголеми критериуми ко Катар, Емирати. Затоа и цело време имаат интервјуа низ цел свет.
За Катар и Емирати никогаш не сум се пробала. Не ми се живее мене таму, искрено. За Wizz Air се пробав еднаш, ама се демотивирав од односот.
За емирати пробав, ама ме одбија.. За катар не пробав бидејќи знам дека ќе ме одбијат. Во Wizz пратив CV ама нема одговор од таму...