Дали некој може да напише какви ситуации за решавање се паѓаат? Доколку некој има одено на open day или што е веќе стјуард/еса ако сака да ми пише
Јас планирам да одам, искрено имам многу трема и знам дека имаат многу високи критериуми. Не знам колкава е заинтересираност за Emirates
Женски, каде барате нови огласи? Во Германија сум моментално и ми излегуваат тука за нивни компании, но со Мк пасош сум, па не верувам дека можам да аплицирам за тие
одамна нема конкурс, следи на нивната страна: NORTH MACEDONIA - SKOPJE No recruitment days at the moment. We'll see you soon!
Повторно имаат отворен ден на 7.март па доколку можеш да пишеш каква беше атмосферата, колку души беа во прв и втор круг и да какви прашања поставуваат. Накратко, како си помина
Здраво Видов дека на 7ми Мај Emirates имаат open day во холидеј ин. Ја читав темава но не видов некој да напише за стјуарди па вака како машко да прашам што све се гледа кај машките стјуарди , дали изгледот им е битен , висината , дали ја гледаат килажата не сум дебел вежбам скоро 10 год затоа не знам дали им е проблем кога се познава вежбаното преку маица, кошула или гледаат да е кандидатот слаб со помала тежина исто за косата дали е проблем поголема ( подолга во реп итн ) или мора да е кратко шишан. Општо ме интересира вие што работите како стјуардеси какви ви се машките колеги или некој што одите/биле на open days пошто до сега не сум бил со каков стил на облекување треба да се појавиме таму и дали како машки имаме шански за вработување или побарани се женските во оваа професија. Исто така дали се гледа претходно работно искуство и образование. Поздрав.