Здраво феминки, јас слушнав дека било подобро да работиш за Emirates Airlines отколку за Катар, ама мислам дека немаат open day во Скопје. Дали некоја од вас има некое искуство во врска со ова?
Да каде, каде е подобро јас имам еден другар таму, не е воопшто строго како во Катар поопуштено е и повисока плата затоа што Емиратите се на прво место. Само што да, не доаѓаат кај нас, другар ми беше во Софија на open day, еве ти линк каде да следиш http://flightattendantcentral.com/recru ... open-days/
Фала за линкот Али некако не ми се оди до Софија или било каде настрана за open day....Што ако не поминам, и џабе одење до таму, вака во Скопје подруго си е барем не трошиш ништо, и не мора да се замараш со тоа каде ќе преспиеш итн итн...
Некаде (на некој форум мислам дека) прочитав дека на фотографиите (за апликација) треба да бидеш насмеан и да ти се гледаат забите при насмевката. Точно е? Или треба само да бидеш озбилен и да не се смееш како оние за пасош што се? Ве замолувам да ми одговорите зашто планирам овие денови да се сликам па да знам како треба да биде точно.
На страната им пишува дека нема да имаат open days во јуни месец, немаа ниту во мај, којзнае дури кога ќе има и дали воопшто ќе дојдат пак во Македонија. Слушнав дека не биле задоволни од македонците многу, затоа Etihad i Emirates не доаѓаат во Македонија повеќе.
Ај тие што биле нека кажат што и како оди процедурата, и најважно дали е целава работа местенка или пак стварно влегуваат тие што имаат квалитети.
^ јас бев лани влегов во последните 12 и кога ги напишаа на табла подвлекоа црта под првите 4 во кои бев и јас,и типот рече као овие се 90% сигурни,за останатите ке потврдиме за 15 мин.. поминаа 50 мин и излезе со сосем нови фаци,телефон им звонеше нон стоп,па на крај заклучив дека е местенка 100%,бар за оние што имаа врски,а има и заслужени тоа не го спорам.. е за годинава незнам...уште повеке ке биде со врски мислам,односно тврдам од сигурни извори немам причина да ширам дезинформации и да уништувам нечија надеж.. ко воли нек изволи..малтерирање е процесот на селекција ама оние што ке влезат се исплати дефинитивно.. друго да ви дадам совет да не правите циркуз од својот изглед,НАЈБИТНА ви е умереноста во се,и немојте да пробате да се истакнувате многу на групните тестирања,имаше една девојка ко нацртана беше и многу паметна ама претера со самоувареноста па ја исфрлија на трет круг а сите бевме сигурни дека таа ке е прва на листа на примени,така да-балансирајте
Благодариме за информациите...сакав да не информираш за уште некои работи..прво треба ли да бидеме облечени во сукња до коленици и бела кошула и таква да биде сликата што треба да ја однесеме? Англискиот мора ли да е перфектен и ако може уште некои дополнителни информации за процесот на селекција..ааа и како што разбрав веќе првиот ден се одлучува кој е избран? поздрав
Мене не ми е јасно како може да имаат отворен ден преку недела кога лугето се на работа... одма ми се виде нешто сомнително па и сега кога прочитав дека имало местенки се ми стана јасно,целта изгледа е да има што помалку кандидати за полесно да ги примат тие што треба... ако е така стварно штета
па пожелно е да изгледате деловно но не е пресудно,јас си носев пантолни лани на рамни сандали бев,не се издржува цел ден на штикли,земете си во кеса и облечете ги таму,слика јас имав мала обична ко за документи,и онака ме гледаат цела,англискиот е битен,и пробајте да зрачите со позитивна енергија,која за жал ке ја снема после саати исчекување и стрес.. колку и да си со став демек ништо не губам одам да видам,пак многу луге многу енергии и напнатоста е неизбежна,ко на идол коа бираа лежиш по сепареа и по столици,коа влагаш во просторијата исто само шо не пееш,те гледа тројкава а ти се препотуваш... инаку не се знае првиот ден..целиот процес трае 48 саати,а се завршува накај 12 навечер..
па нормално,ке чекаш по саат два до нареден круг,ке си шеташ ке си пиеш кафе па пак ке се вратиш попладне,они не те гледаат, до кај 5 попладне се знае кои се првите што одат понатака,,е сеа зависи колку ке се пријават..лани беа околу 400 души..