1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа како content writer

Дискусија во 'На работното место' започната од Someonespecial, 7 ноември 2021.

  1. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.601
    Пол:
    Женски
    Искрено, повеќето се такви. Вториот дел од прцесот на регрутација им е да пратиш статија на нивна тема од околу 500 збора, ретко повеќе. И ај за мене, лесно е, ептен имам навлезено, ама да го праќам за потоа да не добијам одговор, не, не, не! Експлоататори се, оти од ова добро се заработува. Ама пошо се мивки-мивкосани не знаат дека има карма и ќе им се чукни од тоа зелките еден ден.
     
    На Frestonia му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.881
    Допаѓања:
    11.995
    Пол:
    Женски
    Hello!

    За вие што пишувате, како пишувате, од свое од себе или гледате на нет, како знаете што да пишете?
    И како изгледа текстот? Како опис, есејски, убедување, реклама, каков тон има?
     
  3. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Зависи за што ти е статијата, треба да ти пратат фајл на што да се фокусираш за време на пишувањето, keywords, итн. Не е само да пишуваш.
     
    На bookslover и elenaklasik им се допаѓа ова.
  4. dveiljadi2

    dveiljadi2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Ridarec content and media НИКАКО!!!
    Бев со нив пред неколку години, исплатата каснеше два месеци. Не даваа работа на време, замерки од сите страни без претходно посочување на спецификации и крајно хаотична фирма.
     
    На T.M., bookslover и GirlLove им се допаѓа ова.
  5. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.745
    Пол:
    Женски
    Истиов впечаток го имам од нив, не издржав таму ни 2 недели искрено. Еден текст ми враќаа 300 пати на проверка и се нешто не им одговараше а предходно никакви инструкции, ме ставија со едиторка којашто објасни што објасни во 3 саати и ајт чао.

    Искрено не ги препорачувам ни на душманот, катастрофа од фирмиче.
     
  6. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.745
    Пол:
    Женски
    А и да надополнам, јас почнав во август и ми рекоа дека исплатата им е тек во септември на 25. Значи скоро 2 месеци работиш без плата, прекрасно.
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    Но комент! Јас се мислев дали да се понудам за фриленс онака парт тиме заработувачка ама нема шанси сега
     
  8. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.745
    Пол:
    Женски
    Те молам поштеди се од нервози и глупости со нив. Катастрофа се, не исплаќаат и никаков однос немаат. Една недела работење и јас ги притискав да ми побараат трансакциска сметка. Не исплаќаат и не планираат да исплаќаат претпоставувам.
     
    На T.M. и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  9. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    17.466
    Здраво, дали има некој контент маркетер ми треба итна консултација за интервју за работа?
     
  10. Fuzzyblueberry

    Fuzzyblueberry Нов член

    Се зачлени на:
    4 април 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Ништо чудно овој профил да е на некој од нивните.

    Катастрофа фирма, на клиентите им наплаќаат дупло, а тебе те плаќаат мизерно (дали и ќе те исплатат знак прашалник).

    Јас пред две години бев кај нив, и си отидов откако ми дадоа текстови со вкупни 3000 зборови, без потпишан договор, без побарана трансакциска.

    Згора на тоа главните ти викаат извини, заборавив, сега ќе ти пратам договор, и оп, блок од секаде.

    Оваа фирма не треба да постои!!!!!
     
    На Someonespecial, KittyAgnes, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Ми текна да се логирам на форумов после цела вечност и ме пречекаа нотификации од темава. Guess what, токму Ридарек е фирмата во која работев кога ја отворив темава, тоа е стресното искуство на кое мислев во воведниот пост и што ме натера да побарам совет. Жал ми е што и доста други луѓе се изгореле, па морам да ставам потпис на сè горенапишано. 2000+ збора на ден - коишто пази, обично вклучуваат по минимум 2-3 текста на различни теми кои претходно треба темелно да ги истражиш, кои често се тотално непознати и непривлечни за човек со просечни знаења и интереси (пр. gambling, крипто, спортови специфични за американско подрачје, па дури и прекринџ описи за 18+ сајтови). Сето тоа за нередовна плата (или дури и скратена ако немаат зделки со странскине клиенти за да ти даваат доволно задачи), а за пријавување и осигурување абер немаа. Јас таму издржав нешто повеќе од пола година во која бев во константна состојба на burnout, буквално секоја втора недела плачев од стрес и притисок, мислам дека засекогаш ми се уништи делче од ентузијазмот за пишување и се радикализирав во антикапиталистичка политика. Заобиколете ги по секоја цена, ни на најголем душман не ја посакувам таа експлоатација!
     
    На Waverly Raven, agios, st-el и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.335
    Допаѓања:
    21.607
    Пол:
    Машки
    Тотално се согласувам мој близок беше таму и одвај си зеде пари. Иначе тие главните се опарија баѓи на грбот на работниците. :)
    ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ЈА НЕ СЕ ЛАЖЕТЕ.
     
    На agios му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fuzzyblueberry

    Fuzzyblueberry Нов член

    Се зачлени на:
    4 април 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    А тек пак кога ти е прво "работно место"

    Катастрофа, не ми е јасно како сеуште постојат...
     
    На Sophitas, KittyAgnes и GirlLove им се допаѓа ова.
  14. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.745
    Пол:
    Женски
    Како си издржала пола година таму алал да ти е. Нон стоп гледам како вртат огласи за таму јас таква позиција на најголем душман не му посакувам. Недела ипол издржав со константно проверување од страна на едиторот, ти прави стрес дека цел текст ти е АI, ти става прашалници на реченици и слично без да објасни што мисли со прашалникот, дали е нејасно дали нејзе не ѝ се свиѓа… катастрофа невидена. И тоа јас почнав во август да работам и ми рекоа дека платата за август ја добивам тек некаде крај на септември?? хм? како некој може да живее од тоа? Два месеци без плата?

    Ај тоа.. HR мене не ми побара ни трансакциска кога се вработував абе ништо. Каква дупка од фирмиште не знам како сѐ уште работат.
     
    На Sophitas, T.M. и GirlLove им се допаѓа ова.
  15. T.M.

    T.M. Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2024
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Ridarec не треба да постои. Дечкото ја пропаднал фирмата на татко му, со исто име и претходно била пекара во Прилеп. Еден месец работев, не бев целосно исплатен, ова беше пред некоја година. Сите му бегаат и се жалат од него. Подобро почекајте си подобра понуда.
     
    На eliesaab, bookslover и agios им се допаѓа ова.
  16. YaraTous

    YaraTous Нов член

    Се зачлени на:
    19 јули 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Се зачленив за да потврдам се што е пишано за Ридарек, мислам дека си направив животна мисија секој content writer да го оттргнам од идејата да аплицира таму. Последно што направија, покрај нередовното исплаќање нели, податоците на сите ангажирани, со копии од лични карти, матични броеви, адреси дома, без дозвола ги изнесоа од фирма и ги дадоа на една банка каде ја отварале новата сметка на правното лице. И ТОА ГО ИЗЈАВИЈА ГОРДО КАКО ДОБРА ВЕСТ.

    Можеби е ок искуство да се стекне пракса во пишување на секакви теми (и да се види колку дна дневно може да се допрат), ама да биде извор на приход во животот и здрава работна средина, секако дека не.
     
    На NoirSerpentine, Waverly Raven, KittyAgnes и 4 други им се допаѓа ова.
  17. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.745
    Пол:
    Женски
    Најлошо место кадешто сум била и тоа бев само две недели. Полошо искуство во живот мислам дека нема да искусам, среќа си имав стабилна работа па ова ми беше како плус.

    Требаше да сфатам уште од интервјуто кога ми се јави регрутерката во маица уцапана со болоњезе сос и си лежеше во кревет додека ме интервјуира дека не се најпрофесионални…
     
    На Curious cat, Cosmic Girl и Polyincognito им се допаѓа ова.
  18. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    Nekade da ne ima da preporacate da se raboti kako content writer
     
  19. HummingBirdie

    HummingBirdie Нов член

    Се зачлени на:
    2 август 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    И јас се зачленив само за да можам да коментирам. Само што си заминав од фирмата пред некој ден. Мислев дека е до мене и почнав да пребарувам на интернет, па налетав на форумов. Јас издржав три месеци. Немав многу работа, ама кога и да имав задачи доживував burnout. Последно добив 4 текста од 550 зборови кои требаше да ги завршам во тек на работниот ден. Четири различни текста за 8 часа, немав време ни до наредниот ден. Мизерија, за тие пари не вреди здравје да се губи. Премногу стрес за џабе. На крајот на работните денови се тресев и истото го доживував секој пат. Среќа и мене ова ми беше side hustle. Имам работа, сакав само да ја доразвијам оваа вештина, што сметам дека го постигнав. Во однос на исплатите можам да кажам дека навистина првата исплата ја доцнат, ама после секој месец редовно исплаќаат. Барем за тоа со мене беа океј
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  20. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.858
    Допаѓања:
    3.233

    Ова се работи од дома или во канцеларија? И, 4 текста по 550 зборови за 8 часа е многу? Мене не ми личи така, не знам зошто. Какви текстови?