Они се само посредници, нема договор, тоа што ти можеш сам да го најдеш они ќе ти го најдат ама знаеле како и тоа со суми од 2.000$. Реков не, фала, после беше упорна девојката па рече еве јас ќе ти пуштам огласи па после ќе ти кажам како сама да пријавуваш данок, да плаќаш пензиско. На Апворк немаш договор.
Фриленсери неретко се без пензиско и здравствено, ама има опции (и се прават напори тие опции да се зголемат) за сами да си уплаќаат, најчесто преку приватни.
Кој како заработува, ако јас имам плата $500, нема пари за пензиско и здравствено, тек со $2000 ќе размислам. Не стигаат, едноставно.
500 не е малку. Таман е да се одвојува по некоја мала сума. Не те судам тебе и не мислам конкретно за тебе ама ова не смее да биде избор бидејќи тоа се фондови за иднина.
Дали некоја членка во темава има искуство со пишување статии за македонски сајтови? До сега не сум сретнала оглас а би работела тоа како дополнително. Веќе имам искуство за статии на англиски, па зошто да не и мајчин јазик. Ако има некој информација да сподели би била благодарна.
Одвај има за тие што со години го работат овие, а не пак за почетници... Слабо се чита на македонски. Дигитално, дури и тие што постоеја повеќето веќе не постојат - бидејќи никој не ги чита. Единствено да почнете сами нешто и да објавувате.
Да, но со каква содржина би просперирала најмногу? Што најмногу би се читало, освен политика и дневни случувања?
Е за тоа има економисти, истражувачи на пазарот и маркетери кои би помогнале околу одговорите на овие прашања Беше само предлог, сигурно има други опции.
Ми треба совет и мислење од Content writer. Многу години немам го работено ова, а тогаш единствен начин ми беше истражувањето на одредена тема, па составање текст. Сега многу понапредна е технологијата, како и ова раб место е многу позастапено кај нас денес. Дали може да споделите кои алатки ги користите, на кој начин ја олеснувате работата за да напишете одредена содржина?