1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа која не ве исполнува

Дискусија во 'На работното место' започната од I I, 6 септември 2016.

  1. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Знаеме колку е тешко да се најде било каква работа во нашава држава. Да почнам најпрво од себе. Со факултет сум. Бев на определена работа за неколку месеци и воопшто можам да кажам дека за неколку 3, 4 плати од 200 евра ми имаат направено нервози и стресови кои воопшто не вредеа за 200 евра во месецот. Инаку, од газдата бев примен на неколку месеци како помошник на останатиот персонал. Е добро, (од газдата, не видов некоја замерка непотребна, значи фер беше човекот) ама видоа работник кој беспоговорно работи и работата што секој од нив ја имаше гледаа 80 % да ми ја префрлат мене. (додека тие пиеја кафе, а кога газдата ќе дојдеше „се активираа“. Ајде, се поминува преку тоа. Но, никогаш нема и неможам да го заборавам моментот кога еден од шефовите за ептен мала ситница што заборавив да земам толку дрско, безобзирно ме навреди покажувајќи непримерна, недолична (пред жени) гестикулација (Претпоставувам дека ме сфативте што сакам да кажам). Газдата дозна за ова наредниот ден, но на мајтап ја сфати работата и ми рече дека требало да му вратам. Другиот шеф беше далеку поразумен, и со одлично културно однесување. И, да додадам плата се зема од 8-до 12ти во месецот (а, не на први што значи платата касни околу 10 дена, се случувало и по 14 дена да закасни).
    Фала Богу, уште ептен кратко време ќе сум тука, па се надевам дека кога ќе најдам работа по струка ќе одам со задоволство на работа и без негативни мисли кои однапред ме фрустрираа (уште не стигнат на работа).
     
    На mila1111 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    „Клати врата, замај плата“,е таква никогаш не би ме испонила.
     
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.575
    Допаѓања:
    171.537
    Пол:
    Женски
    Јас не познавам фирма каде што платата се зема буквално на први во месецот. И тоа никогаш не било спорно. Дури и пензионерите не земаат пензија на 1ви..

    Ако не те исполнува, знаеш што треба да направиш. Да најдеш нова.......


    ...... или да трпиш.



    А муабетот во темава беше...?!



    Јас сум работела ваква работа, бидејќи помагав на татко ми кој што тогаш имаше редовна работа во една банка во МК.. инаку не би работела.
     
  4. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    2.147
    Јас мислам дека е од особено големо значење работата која што ја работиш да те исполнува. Освен ако се работи за хонорарно... Макар што дури и тогаш би требало да се пронајдеш во тоа што го правиш. Евентуално, ако земаш прееееемногу пари кои нема да можеш да ги заработиш било каде, тогаш признавам, ама и тоа ќе ти здосади зашто не те исполнува и пак ќе сакаш да најдеш нешто што е подобро за тебе.
     
  5. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш се сметам за интектуалец и дека можам многу да постигнам , имам фах , невработена ( како пола младина ) , пред неколку години ми требаа пари и се вработив во хотел и тоа во кујна ( а јас никогаш немав готвено , само неколку пати имав сварено макараони ) тоа беше за во најсмешни видови инсерти. .... Иде келнер ми вика салата цезар спремај ... А јас аааааа ке наредев све што ке ми се најдеше при рака , па после ми ги вракаа назад салатите ..абе патишествие , таа работа ниту ме исполнува ниту ја сакам ... Срекна сум што ке ја работам работата која ја сакам и се надевам ке бидам успешна bisnis women. :P
     
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Самиот наслов ме асоцира на
    1. Работа која не ме исполнува интелектуално
    2. Работа која не ме исполнува финансиски
    3. Работа која не ме исполнува ни интелектуално ни финансиски...
    Под 4та точка би следело онаа која ги исполнува двата критериуми и таква би работел секој.. но да не излегувам од темата ајде ;)
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Според Закон платата за сработениот месец се зема до 15-ти во наредниот месец (за август ...до 15ти септември)...така да платата не ти каснела.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.