1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа - модерно ропство

Дискусија во 'На работното место' започната од INNERBEAUTY, 28 септември 2019.

  1. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.235
    Допаѓања:
    4.729
    Пол:
    Женски
    Секако, јасно ми тоа е и се сложувам.Поентата не ми беше да навредам /умаловажам/исмевам некого затоа што јас сум се одлучила и пробала поинаку еј па сите сме во исто с.. Мора да се плаќаат сметки додај на тоа растат деца итн. Не ми беше поентата нити сметам дека постои реално опција СЕКОЈ да даде отказ(нити секој сака ) Но проблемот е што оваков менталитет се наметнува и на децата -МОРА добри оценки на школо,факултет и се со ред иако постои свест дека истиот систем и диплома не(секогаш/воопшто ) функционира тоа е лудоста, но ваљда не доволна свест (барем не сеуште во нашава ни Македонија) дека постои и друга опција .Тука ми текнува и за уште една проблематика ако не и најголема небулоза на ова поле што заборавив да ја напишам а тоа е константна компетиција и недоволно работни места(молам ?) У смисла оди ти на факултет ама не ти ветувам ништо по тоа прашање после,али пробај у секој случај(fingers crossed).

    И да одлично за тие што си работат по струка и се добро платени,уживаат во својата работа па ги боли и уво што ова уопште се случува .Епа мене ме боли и покрај тоа .Како што рече една членка погоре ова треба да е проблем на сите на листа за решавање само што емптаија нема секој за исто.

    Ко што вика друже dzejo
    A ritam vozi, vozi, vozi ne staje, ovde se cak i voda prodaje, ovde se niko jos ne predaje a ritam vozi, vozi, vozi ne staje...
     
    Последна измена: 30 септември 2019
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Секако ке е ропство ако работиш за 200 евра и плус викенди... Плата испод 20 000 не оправдувам.
     
    На GirlLove, tina2018 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.390
    Допаѓања:
    35.824
    @INNERBEAUTY Еве јас сум растена со тој менталитет на "мора сите 5ки ако сакаш на факс а мора да сакаш оти инаку со средно нема работа"
    И океј, бев со сите 5 па чак и на натпревари одев имав и републички награди, земав стипендија.
    Реално, не требаше да ги имам сите 5. По физичко особено. По ликовно. По географија во 4та година немав ни учебник. Ама професорите во средно правеа нивелирање на оцени и тоа како први тако други. Да не ти намалат просек. Еден просек... пола беа незаслужено одлични.
    Брат ми не го заврши факсот но секогаш ама СЕКОГАШ во мк заработуваше пвеќе од мене...шта чеш ИТ, нив им е важно дал ке сработиш.
    Мајка ми уште го жали дека нема факс.
    Јас и се смеам. Ама тоа е, оди убеди ја.
    Ќерка ми е средно. Овде оцени се до 10. Guess what. Ги нема сите 10ки. Оти реално се тестира плус таа не се претргнува од учење. Иако е во најјакиот правец со максимум бодови од основно. Ни ја колиме , ни ја бесиме. Другарките од мк децата им се со сите 5. Дали мислам дека се попаметни? Не...само задоволуваат таа норма таму. Има и многу паметни од нив се разбира , со награди и се. Којзнае чија иднина ќе биде боља и економски поблагопријатна. Битно да се среќни и да си го најдат патот. А дали некој ќр биде конформист или бунтовник, негов живот. Оние што беа најјадни во средно во мк, сега најповеќе пари прават. Да се чудиш. Во право време на право место со прави ВРСКИ.
     
    На темјанушка, Herrera и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    5.899
    Факт е дека менуваме време за пари.Само што нашето време не вреди толку малце од финансиски аспект.
    Барем ако го поминувм денот на работа од ручек време па до вечер ( значи скоро цел ден) да биди платено, бидејќи за тоа време што го трошём овде можам да се посветам на други работи, да гледам дете и да му посветам внимание на сопругот, да пијам кафиња со другарките.
    Па може и некоја идеја за бизнис ќе ми текне кадешто времето за работа ќе биди пофлексибилно.
    Же имам повеќе време да истажувам дали би успеала.
     
    На INNERBEAUTY и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.357
    @INNERBEAUTY, значи ти конкретно зборуваш за македонскиот менталитет и она што му се наметнува на човек да мора да извршува некои работи по редослед.

    Види , имам една другарка едвај средно заврши , арно ама занаетот за правење нокти и те како и оди и верувај дека заработува прилично добро во Мк.

    Е сега , сигурно на нет читаш статии од типот некојси бездомник во Америка станал милионер откако си развил свој бизнис. Еве линк од посвежите статии кои кружеа изминативе денови

    https://tocka.com.mk/vesti/320360/b...cept-mu-donel-milijardi-na-bankarskata-smetka

    Разликата е во тоа што Македонија како мала земја има навистина мал пазар и каков и да понудиш продукт мали се шансите да ти тргне во споредба со оние држави каде можеш да пласираш нешто твое и да заработуваш.

    Ова го пишав во контекст со муабетот да не работиш за друг , нели секој може да се потруди и сам.
     
    На Feminka192 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.064
    Допаѓања:
    11.208
    Во внатрешноста се работи за 200 евра, а и во Скопје има плати по 20.000 денари. Еве јас работам за помалку од 20.000 денари, плус со хонорарна работа стигам до 23.000 да речеме, но не чувствувам дека сум богата да речеме, напротив роб сум за да имам повеќе пари. За некој денар плус, ретко кога имам слободно време, а на работа работам и саботи, и неработни денови оти сме приватен сектор. Ние во Македонија сме робови, навистина.
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    За едно се слагам, ова е во многу погледи нефункционално општество. За друго не се слагам, зошто да не заработуваш за храна? Сите живи суштества заработуваат за храна почнувајќи од најпримитивни бактерии, животните ловат мора да направат труд за да се прехранат и преживеат, ние работиме и со парите купуваме храна, ако не сакаш таков начин тогаш оди копај нива тоа е друг начин да дојдеш до храна. Или постојат луѓе кои не можат да работат за работодавец, отвараат свој бизнис. Е сега тука ќе кажеме не секој има шанса да отвори свој бизнис. Да ама на некој начин тоа е природата. Во природата има хиерархија на најдобри и помалку добри. Образованието е катастрофа и тоа е коренот на многу проблеми понатака. Во проблемов што го опишуваш постојат две работи, едната е посочување на проблемите во општеството, другата е одбивање да преминеме од дете во возрасен односно созревање и преземање одговорност за сопствениот живот. Сакам да кажам тенка може да биде линијата кога посочуваме проблеми општествени, и кога одбиваме да пораснеме. Да кажеме дека живееш во свет во кој ништо не функционира (после имаш пишано држава) според мене е депресивно размислување. Општеството има задача за сите да обезбеди место. И за посиромашни и за самохрани родители и за луѓе со попречености (во ова богами е доста лошо нашето општество). Место за секого значи минималната плата да ги исполнува сите трошоци за храна облека, превоз, здравствено осигурување во превод работи за удобен живот каде нема да се стресуваш дали ќе ти останат до 30ти пари за леб. А оние кои земаат поголеми плати да можат да си дозволат и луксузни одмори и коли и поскапи но не толку потребни ствари.
    Статистиката не е таа, депресијата најмногу ја има во земји во кои нашите не баш сакаат да се селат, земји како Авганистан, Непал, Пакистан, Индија, Бразил, Малдиви овие и уште неколку спаѓаат во топ 10 земји со највисока стапка на депресија. Овие проблеми се толку многу длабоки, толку многу аспекти, толку многу коренски.
     
    На Briar Rose и Dentina им се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.390
    Допаѓања:
    35.824
    Да имаш свој бизнис, секако ќе работиш повеќе од 40 часа неделно и ќе бидеш свој роб:D барем додека го ставиш на здрави нозе.
    А и после...е сега со нокти, ваљда сам си закажуваш и работиш на црно. Фискална за нокти уште никаде не ми дале...ама никаде.
    А ако имаш фарма, ух , и во недела јадат животните. Ако си доктор , и во недела пациент ќе те побара и хирурзи оперираат со саати, не си одат во 4 дома.
    Страшно е ако работиш а пак си сиромав, на 1 чекор од бездомништво , те на 1 плата, ако ја загубиш , отиде дом кој е под хипотека. А такви има и во Америка.
    Затоа некои бираат да лежат и да живеат од социјално. За 5 деца ќе добива повеќе помош отколку да работи во Мекдоналдс. Ама тоа во САД и во Британија. Во мк тешко на тие со социјално. Јас верувале или не знаев стоматолог која работеше за....9000. Одамна пред 12-13 години. И СТРАВ и беше да напушти. Демек ако не тргне на другото место?
    Скоро СЕКОЈ има избор. Само изборот почнува на 5 години...или 10...или 15. Не покасно. Покасно може да смениш професија евентуално, земја или партнер. Ама ти си ти. Со сите квалитети и мани. Не ми чинеше во мк, заминав. И во мк сменив град. Некаде ме собра. Не може НИКАДЕ да не ме собере. Тогаш јас сум проблемот. Ми фуфка сама бизнис. Фајн. Ќе работам за друг. Ама знам дека нема да возам Порше и да одам на Кариби секоја година. Еднаш ќе одам ваљда:D:D:D
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Одлично кажано. Децата нека се среќни прво. Како уште не сфаќаме не знам, дете ако е среќно израснато ќе стане самостојно ќе созрее полесно ќе се справува со предизвиците во животот. Па и ќе најде начин за да заработува, дали со факс или без, па само медицината е со сите 5ки, доколку сакаш да одиш на факс ќе се запишеш со било какви оценки да збориме реално.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.235
    Допаѓања:
    4.729
    Пол:
    Женски
    Темава е општа така што нема само еден правец но главната поентата беше доколку МОРАШ да работиш за да преживееш и заработиш за основни човечки потреби-вода,храна и покрив над глава тоа не е избор(без разлика што можеш да бираш како ќе дојдеш до тие пари) тоа е ропство.

    Оф топик како да вметнам слика(ако е уопште дозволено на темава) и означувам членови ?
     
    Последна измена: 30 септември 2019
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.390
    Допаѓања:
    35.824
    Ма ни медицина не е . Има приватни факултети, Тетово, Штип па и во Ск .
    Колеги се запишуваа Ниш или Бугарија , па се префрлаа.
    На децата од средно им фали финансиска писменост. Да научат колку чини се, како се плаќа, како се заработува. Да подработат во лето , да видат дека потешко свои заработени пари се трошат на партали и пијачки отколку парите на тато. Да им овозможиш образование и да им го олесниш животот но не тепих да им постелиш, оти надвор не ги чека тепих. Да знаат дека ако се способни , ќе го најдат патот па колку и да е скриен. И да се здрави и живи најважно. Факултетот е само зрнце во било која работа. После следи учењето. Ма ако сака ич нека не учи, блогер нека стане со милиони следачи:D:D. Само нека не се тетовира на лице, оти нема да го примат на озбилни места:devil:
     
    На Feminka192 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Па не мислам дека се збори баш за Кариби или Порше, за ИТ сектор и менаџери и директори и доктори ко да тие не се "робови" како останатите со други професии. Факс е факс, работа е работа, и за себе да работиш пак треба да работиш. И не е битно колку пари заработуваш туку дека си во тој систем да мораш да следиш одредени правила поставени од други за да можеш да живееш живот каков што се наметнува.
    Јас колку што разбирам е да постои начин да се образуваш неформално, да читаш и да се оспособиш само за она што тебе те интересира и во иднина да го работиш од љубов, без притисок дека треба одредена сума да заработиш, туку интересите спонтано да ти прават пари. Така некако. Оти не значи дека секој со високоплатена работна позиција завршил од љубов, работи со леснотија и сам си одредува кога, колку и како ќе работи.
     
    На oblace1, dunika, g8lQQk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    А според тебе на кој начин не би било робство за да ги имаш сите тие работи, велиш се дадени од Бог, али јас велам и животното внесува труд, лови за да преживее, оди километри бара засолниште, единствено водата е бесплатна, али водата не ја плаќаме, го плаќаме тоа што ни ја носат до дома, можеш да пиеш од реки и езерА не е забрането али нормално одма ќе се разболиш, па кој е според тебе моделот каде не е робство?
     
  14. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.357
    Во тој случај , единствена опција е селење во држава со подобри можности и услови за живеење и работење.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.390
    Допаѓања:
    35.824
    Зборам за ИТ и доктори оти тоа го знам, околу мене се, најблиските.
    Секако дека и тие следат правила и се влезени во машината.
    За земјоделци не знам многу, не можам да тврдам со сигурност. Ни за козметичарки иако имам доста посетено.
    Не работам како доктор оти прво морам да нострифицирам. Инает ми е дека пример Грците, Бугарите и Романците не мораат ама тоа ми е...може да пукнам од инает , на никој не му е гајле освен на тие во моја ситуација. Има: сакаш, неќиш, не мораш. Имам избор.
    А за неформално едуцирање, се едуцирам. Ево вечер одам на шпански. Дал ќе заработувам од тоа? Јок. Само ми е интересно. Да сакав да заработувам ќе учев за нокти ваљда во меѓувреме.
    Идеално нема никаде. Не знам , можда на Кајли Џенер и е идеално. Ем нема школо ем пари ем убав бизнис. Ама не сум Кајли и , така.
    Плус кажав дека сфатив дека не мора да имам Гучи наочари или најскап телефон. Ма јок. За тоа да ринтам нема...ќе ринтам за да шетам. За тоа не ми е мака. А дека ми се станува наутро, ич. Сакам од 12 да почнам.
     
  16. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.235
    Допаѓања:
    4.729
    Пол:
    Женски
    Свесна си дека затоа што си /сме родени во ваков систем не значи дека е исправен/најдобар/единствена опција и врв на еволуција ? Дека природното стање на човекот е во природа/племе(заедница) во склад со природата и дека човекот постоел и ПРЕД ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА /цименто и градови НЕ како роб туку како слободно човечко суштество што и е и овие ресурси ги имал природно како што и му припаѓаат се до почетокот на индустриската револуција не толку далеку ? Ова не го викам јас,ова е општ факт . И да можда и подобра опција за наслов на темата би бил како што и се мислев измеѓу овој и ''цена на модерен живот-дали вреди? '' пошто го опфаќа постоењето на модерното општество како целина со сите сектори вклучително и работата но сметам дека тоа е корренот на ситуацијата али добро нека иде вака.
     
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.235
    Допаѓања:
    4.729
    Пол:
    Женски
    Така е, вториот чекор по тренинг/шаблон селење во странство каде што ќе бидеш вечно странец со ушт епоагресивно темпо работа-спиење-работа ,се откажеш од секојдневен живот со семејство/пријатели ко да парите ќе ти ја купат среќата јер си ипак ти роб/от а не човечките односи како на нормално човечко суштество.
     
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ако си со таков став, тогаш за тебе е најлесно. Не ти требаат многу пари за да живееш, што значи можеш на социјално, можеш една недела во месецот да работиш колку да не си без ич, па најголем дел од времето ќе си слободна да правиш што сакаш. Дали тоа ќе е спојување со природата, учење како да произведеш храна, облека или нешто друго, твоја работа. Што те спречува? Може кога ќе те видат сите среќна, ќе те земат за пример и конечно светот ќе се промени?
     
    На Dentina и Herrera им се допаѓа ова.
  19. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.357

    Не знам зошто ко се спомне странство многумина мислат дека цело време се оди од работа дома и обратно.
    Ако си во добра фирма верувај дека не мораш да работиш полно работно време и со помалку часови можеш да земеш добра плата. Познавам многу кои работат по 120 саати месечно , а останатото време го имаат за семејството по дома и за некое хоби. Искрено има и такви ќе потенцирам жени кои работат 50 % од времето, на пола работно време , 2 недели одат на работа, 2 недели се дома и си функционираат нормално.
     
    На ninja35, Briar Rose и Dentina им се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.390
    Допаѓања:
    35.824
    Мммм...wrong. Бар од мое искуство, јас не работам повеќе од во мк, ни маж ми а стандардот ни е доста подобар, иако ни таму не бевме за жалење. Аман не се сите отепани надвор и куча -посо. Јооооој. Кој не му одговара, се враќа назад. Еве имам на фб читано статуси од луге кои се враќаат. Не се сите мизерни надвор и не си вечно странец. Тоест СИ ама овде конкретно во градов 50% од жителите се родени надвор од Холандија. Значи пола сме странци. Боље тука странец од во мк "странец" . Оти токму така таму се осеќав, кога гледав кој напредува..и сега слушам од други, не е поарно ама ајде можеби ме излагале. Да има повеќе место за нив. Странство не е за секој. Ова 100 пати на било кој ќе му го кажам. Ако си мамкало, несреќен ќе бидеш. Просечен американец се сели неколку пати во живот. Сите во Америка не се изгубени несреќници. Едвај чекаат да напуштат мал град некои. Бев, видов.
     
    На dunika, Briar Rose и Herrera им се допаѓа ова.