А зошто мислиш дека ова не го правам веќе ? Но не ми беше поентата да наметнувам мој начин на размислување/гледиште и животен стил ме интересираше нашето(македонско) размислување по ова прашање и дискусија за исто пошто ваква тема не најдов на форумов а надвор веќе зима здив и е во раст , нема потреба од исмевање/напаѓање/вреѓање ни од една ни од друга страна тоа е се
Не е ниту напаѓање, ниту вреѓање. Ако веќе практикуваш поинаков начин на живот и отвараш тема за тоа, безвезе е дури после 3 страни дискусија да напишеш дека ти живееш поинаку ама не кажуваш како, туку едно мистериозно па ај ќе припаѓаме у несвест. Дај твој личен пример, може за мене пак тоа ќе е ропство.
Не може да се повлекуваат паралели помеѓу индивидуални работи и ропство во класична смисла на зборот, меѓутоа, може да се повлекуваат паралели помеѓу целиот финансиски систем и борбата за финансиска слобода, како форма на ропство. Реалноста е дека никој не може да се откаже од финансискиот систем, колку и да сте против него. Бидејќи системот е оној кој диктира кои вештини треба или не треба да ги поседуваш. Исто така, ги вреднува оние кои ја максимизираат продуктивноста. Да не постоеше трудовото право, тогаш финансискиот систем дефинитвно би претставувал ропство во вистинска смисла на зборот. Fredrick Douglass, кој бил поранешен роб и abolitionist intellectual од 19-ти век, може преку неговиот пример да се каже доста за она кое луѓето го сфаќаат како модерно ропство. Додека работел како роб, на Даглас му било дозволено да ја напушти плантажата и да заработува плата. Како на пример, да работи на бродоградилиште и од него се барало да му даде ден од својата плата на својот сопственик, и тоа по негова одлука. Со ова, трудот на Даглас не му припаѓал на нему. Во оваа форма на ропство, на Даглас не му била понудена слобода, туку само една илузија за слобода. Неговата работа сам по себе не претставувала ропство, бидејќи тој самиот ја избрал дејноста што ја работел, но неговата работа не го приморала Даглас да биде роб. Она што го дефинирало Даглас како роб, е фактот дека тој не го поседувал својот труд од работата која ја вршел. Кога тој не можел слободно да ја троши сопствената плата како што тој сакал, тој во принцип можел да се дефинира како роб.
Јас те прашав едноставно прашање, ти не ми одговори. Да живееш во племе во заедница не значи дека храната и засолништето ќе ти дојдат бесплатно. Ќе мораш на друг начин да придонесеш ти и сите членови на племето за тоа племе да опстане. Тоа нема да се пари, ама ќе одиш ќе ловиш и ќе збираш плодови, и ќе мораш да се откажеш од бенефитите на медицината ако нешто се обиде да те убие или инфекција добиеш пошо во природата сите се борат за опстанок. Природата е супер ако гледаш само од едната страна. И тигарот е во заедница и се штитат меѓусебе и ако ги гледаш ќе кажеш колку е убаво и бајковито. Али го игнорираш моментот кога тигарот без да му трепне око ја дави зебрата и тоа не е толку бајковито. Кога ги убива сите младенчиња, бебиња од 2 месеци кои изгледаат невино, на претходниот тигар доколку победи во борбата за доминација.
Ништо не пишува во првиот пост за твојот избор, еден пример само за писател кој сменил неколку работни места за да на постари години се посвети целосно на поезијата. Ако имаш талент можеш уште сега, кој те брани?
Повторно, очигледно не си свесна дека во природа имаш се што ти е потребно не само за преживување (храна) одржување на здравјето туку и лечење така да мислам дека е подобро да се заврши тука и да не идеме уште оф топик.Тоа ќе ти го каже секој (модерен ) нутриционист и хомеопат(не сум сигурна но мислам дека има отворено ваква тема на форумов) И да, не предлагам екстремни начини на живот одење во шума/племе и слично,иако имаш и такви луѓе сеуште живеам во град да се разбереме .
Поради тоа и општествата се појавиле од мали племиња кога имало околу 100 или повеќе луѓе по племе и тие го поминуваат животот заедно. Земјоделската револуција се појави кога луѓето започнаа со земјоделство и не јаделе толку месо бидејќи не се наоѓале at the top of the food chain. Кога луѓето почнале да произведуваат повеќе храна отколку што треба, луѓето можат да се специјализираат во други области и да тргуваат со добра. Ова го максимизира бенфитот и со тоа ја прави економијата многу поефикасна. Ефикасноста е она што нашите видови сакаат да го максимизираат бидејќи ние сме инхерентно мрзливи, сакајќи да искористиме најмалку напор, но да добиеме доволно количество за да живееме. Ова најбрзо се одвивало во времето на античките цивилизации. Со текот на милениумите, луѓето развивале технологии кои до денес не биле откриени повторно, а процесот на производство не бил обновен. Најзначајна античка цивилизација се Античките Египќани кои граделе големи гробници и / или пирамиди кои сеуште постојат над 5 милениуми или дури и повеќе. Тие се специјализирале за тоа и затоа таквите научни достигнувања воопшто биле остварливи. Во врска со максимизирањето на бенефитот и употребливоста, колку повеќе луѓето се специјализираат во области, толку подобро. Ова е поради фактот што луѓето можат да произведуваат еден продукт колку што тие можат кога, во спротивно, луѓето создавале сопствена храна, тоа морале да го прават за себе. Но кога луѓето започнале да се специјализираат, тие можат повеќе да произведуваат од продуктот, отколку што тоа можел да го направи еден просечен човек.
И јас мислам дека е подобро да се заврши тука кога спомнуваш дека во природата има се. Има секако дека има, али има исто толку опасности кои ги избегнуваш со живеењето во град. Планетава немаше да има 7 милијарди и згора ако бевме сите во природа, природата многу ќе не збришеше досега. А тоа хомеопат тоа е еден пресмешен термин на професија која за мене нема никакво значење
Душо ти си исфрустрирана нешто, извини али ако сакаш да отвориш тема, отвори без фрустрации, ако имаш мака кажи ја да се обидеме да помогнеме или утешиме затоа е форумов, али со навреди да почнуваш уште од 3 страна а темата зеде замав, мислам дека не ти е добра идеја
Да во ред е најдобро да оди под клуч нема поента со мали умови нема дискусија само живци искинати се сложувам
Во ред само објасни ми молим те како тоа физичките болести се најзастапени во најразвиените земји во светот да ја земеме сад еве за пример каде што здравството е најразвиено и паралелно највеќе се врти грб на природа?
Се извинуваме што се дрзнавме ние прости и малечки луѓе да коментираме на толку паметна тема отворена од уште попаметна членка, не сме достојни, прости ни
Давање отказ и работа од дома? Ако за тебе слобода е да работиш дома, за друг слобода е да излезе од дома и да се замеша со народ. Пак ќе работиш, ама дома ќе си. Големо чудо. Почнување свој бизнис? Толку едноставно ама на никој да му текне. Колку знаење, способност, храброст и финансии требаат за свој бизнис, знаеш ли? Селење од град во село? Ти рече уште во град си? Пола работно време? Со добра плата да разберам. Пола од минимална во Мк колку е? Ти за толку работиш?
САД не е најразвиено здравството, те молам провери си ги статистиките ( по втор пат ) пред да ги пишеш мислејќи дека ќе пишеш нешто и сите ќе мислиме дека тоа е така. САД имаат ужасен здравствен систем. Еден од најлошите во светот. Најскап. Таму здравјето им припаѓа на богатите. Многу луѓе не можат да си дозволат да одат на лекар ни за настинка. Онаму каде што здравството функционира како што велиш не се застапени физичките болести во огромни мери. Онаму каде што здравството функционира животниот век е многу продолжен. Ако во некои земји здравството НЕ функционира, луѓето умираат од туберкулоза, али во други туберкулозата се лечи ко настинка. Некаде умираат од СИДА, на други места сидата е веќе толку добро контролирана болест, веќе се постигнува истиот животен век со оние кои немаат сида и не само што се постигнува туку се живее и без симптоми.
Не реков најразвиена,реков меѓу најразвиените .И да затоа што ти не веруваш мора да е така ќе ги изоставиме овие излечени случаи на природен начин(мора да е magic у питање не да му го дадеш на телото она што му е потребно,порадие чие и отсуство дошло до болеста ) како и дипломираните нутриционисти и новинари/водители кои што го кажуваат истото на национални телевизии не не никако ти и само ти си во право побогу која би била алтернативата
Aren't you a smartass? Да одлично секој има слободна воља да прави и бира како сака,како што веќе реков(кхм not naming names али кој сака да прочита ќе прочита кој не само ќе најде начин да нападне,вреѓа,исмева,омаловажи ) не велам дека ова е решение за секој ,тоа е мое чекор по чекор и на многу други тоа се дискутира тука гледишта да/ не . И да постои гоолема разлика да работиш за себе под свои услови и под туѓи
^ А оние кое не се излечиле на конвенционален начин ќе ги игнорираме м? Ок. Би извела тука статистки али џабе е за тој што сака да си живее vo lalaland како да ова не се случува насекаде во светот. Пак ќе речам чим ти така викаш мора да е така Tи и само ти одлучуваш која диплома е исправна која не Да ја изоставиме и кинеската медицина која постоела милениуми пред лабараториско докторче да влезе во лабораторија , ти и само ти си во право зашто?Затоа,која би иначе била алтернативата. Радијација и само радијација е решението за и онака ослабнато тело од рак ,па да ги уништиме и овие преостанати здрави клетки кој се борат со ракот до крај јер -логика и наука и интелектуална еволуција је у питањеТака е бе во никој случај немој да внесуваш здрава храна во организмот што ќе ти се витамини/минерали и остали нутриенти и како жити се нивнот оотусство може да доведе до ослабување на организмот и болест побогу и обратно зачувување на здравјето и превенција земи си бургери/чипсови,кока количка што нема ништо од гореспоменатото тоа е животот yolo и у пм Кој си заборавил да ја направи домашната тука?