1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа - модерно ропство

Дискусија во 'На работното место' започната од INNERBEAUTY, 28 септември 2019.

  1. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Не читам јас селективно, туку ти селективно размислуваш.

    Твоето работење е модерно ропство, ама работењето на милиони други благодарение на кои ти живееш толку комфорно не е ропство?
     
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.759
    Пол:
    Женски
    Ајде чекам уште проблеми на решенија да слушнам
    И пак по стоти пат НЕ, никој не ми брани темава ја отворив чисто да видам дали има исто мисленици ако сакаш одговорот а не да напаѓаш без веза веќе го имаш одговорот повторен најмалку 10пати, нити терам некого,нити наметнувам (освен ова за природната исхрана сметам дека секој треба да се стреми кон тоа и му е јасно на секој здрав разум а за остали не одговарам нити би да губам живци за објаснување.
     
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.759
    Пол:
    Женски
    Важи а ти по 50 години пцовки зa грујо,зајко и нивно племе по ред кој го кривиш за се и зависиш ко глушец од домаќин :D
     
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.759
    Пол:
    Женски
    Реков кое би било моето идеално решение не? Ах тоа селективно читање/реплика на она што не одговара strikes again...Но би го прифатил просечен ум ?нема шанси освен ако не добие директива од сад/грујо зајко. Затоа и го мењавам она што навистина можам да го мењам-самата себе и мојот живот
     
  5. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    А ти не зависиш од никој пошо се што ти треба сама си произведуваш.Oh wait...

    Уживај додека те издржуваат мама и тато, после ќе мораш да се соочиш со реалноста и да се фатиш за работа.
    Од празни филозофирања не се живее.
     
  6. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.759
    Пол:
    Женски
    Да сама си заработувам по мој избор проблем? Треба да се извинувам и по сто пати да објаснувам дека сум свесна дека не секој е во ситуација за ова?
     
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Ако се е бесплатно, тогаш ништо нема да има вредност. Ако ништо нема вредност, тогаш нема да се произведува - така во суштина светот ќе престане да функционира. Секој би можел да преживее само со тоа што може сам да го добие/произведе/расте за себе.

    Јас и претходно објаснив дека дури и во времето кога парите не постоеле како валута, кога се употребувал принципот на размена на добра и услуги меѓу луѓето, повторно ништо не било free. Бидејќи дури и тогаш производите и услигите си имале сопствена вредност - вредноста постои без пари.

    Ако некој сече дрва, тогаш тие дрва ќе имаат вредност бидејќи ќе можат за да заменат за вреќа со компири, на пример. Ама ако тие исечени дрва се безвредни и не можеш да ги замениш за друг производ/ услуга, тогаш тоа што го правиш нема никаква вредност освен лична.

    Парите, како валута, постојат само како поедноставување на процесот на размена на стоки и услуги во човековото општество.
    Не знам зошто некој мисли дека ако парите како валута едноставно исчезнат, тоа би значело дека човековото општество магично ќе се претвори во некаква утопија?

    Ова прашање само би му звучело добро на некој марксист...

    Доколку некој замислува свет каде што сите ќе работаат за меѓусебна корист, односно ќе се воведе т.н. колективна сопственост, тогаш сепак истата таа колективна сопственост нема да значи бесплатно, туку повторно се враќаме на примитивниот концепт за размена на добра/ услуги каде сечени дрва ќе замениш за вреќа со компири.

    Освен тоа, треба да се мисли и на квалитетот на производот/ услугата. Односно, со самото тоа што одреден производ ќе биде подобро/ полошо изработен или одредена услуга подобро/ полошо направена, автоматски се поставува одредена вредност.
    Поради ова, наскоро повеќето луѓе кои немаат способност да произведат/ направат нешто со поголем квалитет, би чувствувале дека пропуштаат нешто такво.
     
    На MysteriousQueen, FVP, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Или идеалист...
    Промена преку еволуција, а не преку револуција.

    A girl can dream :D
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На WildMk и Asparagus им се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.759
    Пол:
    Женски
    ^ Или мозок што мисли /во спротивно на оној кој буба и прифаќа она што му е сервирано :D Да јасно ми е што се учи на школо и што науката мисли нема потреба да ми објаснуваш сум била во школо :)Но потоа пораснав и сватив дека ништо не е ко што треба да биде и дека науката да беше навистина полна со (вистински )интелектуалци и навистина да одиме во еволуција немаше да дојдеме до ова ср нели? И немаше да има бесконечен број на небулози и бездомници и луѓе кои сврзуваат крај со крај додека други живеат со небулозни суми. И тоа на секој здрав разум му е јасно а сега колку се здрави разуми преостанати е тоа е друго...Овие другите секогаш ќе скакаат напаѓаат и напаѓале за што друго и знаат сиротите...
     
    Последна измена: 30 септември 2019
  11. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.759
    Пол:
    Женски
    Ајмо још средношколски булинг .....
     
  12. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Сакав само да додадам дека вредноста на производот/ услугата не зависи само од квалитетот туку и од комплексноста и од бројот на луѓе кои се компетентни да ја направат таа услуга/ производ.

    Колку покомплексна услуга, толку помал број луѓе можат да ја направат и автоматски поголема вредност.

    И обратно услуги за кои не е потребно некое знаење или вештина и кои може скоро секој да ги заврши имаат многу мала вредност.
     
    На Briar Rose и Angie1432 им се допаѓа ова.
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    35.984
    Прво , главата не му била откината, туку, черепот од рбетот одвоен, тоа го викаат внатрешна декапитација.
    Рбетен мозок не е прекинат или крвни садови...иначе ќе искрварел за неколку минути. Мозокот без крв кратко преживува. А ако се прекине рбетен мозок на тоа ниво, моментална смрт е, таму се витални центри.
    Девојче, убаво што читаш, еве ти и на англиски. Ама главата не му била ОТКИНАТА. Пази со термини. Внатрешна декапитација не е исто со откината глава. Сега сили се повторно. Толку знаеле и од сител да преведат.
    https://www.google.com/amp/s/hollyw...ecapitation-head-reattached-car-accident/amp/
    Значи и самата мајка вели знаев дека вратот му беше скршен а не дека главата му одлета 1 метар па ја вратија. Тоа не е можно. Сеуште.
     
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    @INNERBEAUTY,
    Освен да се потрудиш самата да станеш експлоататор, друг излез немаш.
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.759
    Пол:
    Женски
    Го читаш насловот на статијата истото го повторив и ништо друго не додадов а каму ли дека му излетала 2 м. Попаметна работа немаш освен на твои години да се замараш со извртување на зборови?
     
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    35.984
    Имаме време ние на мои години, не сме робови нит пензионери:devil:
    Мал непобаран совет- батали Сител, на времето велеа дека и Маленко се оженил со бившата на Абрамович и тоа како топ стори го најавија, и после како и за секој флоп новен, не се извинија.
    Јас ти се извињавам дека ти ги извртив зборовите, ама пак ти велам, на малото не му била откината главата туку зглобот меѓу череп и прв пршлен, се раздвоил. Ти како си сакаш.....
     
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.759
    Пол:
    Женски
    Ok ме нападна кога реков дека природата е лек за се дадов аргумент како не е во секој случај што го подржува твојот контра-аргумент и за тоа ме нападна ? Вие реални сте? Сега па не се десило,којзнае дали стварно се десило,не е ни битно дали се десило не се десило зборот ми беше во такви итсни случаи како собраќајки како на пример пред година ден дарко лазич страшна несреќа ова е госип њуз и верувам сите го знаат спасен живот на таков начин но која е твојата поента освен да напаѓаш и оламоважуваш се што ќе напишам ко да пишувам кое какви небулози ?
     
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    35.984
    Нападнато тебе како личност никаде. Твоите аргументи, да.
     
  19. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    [/QUOTE]
    Ти си крајно контрадикторна.

    Го напаѓаш модерното ропство, образованието и конвенционалната медицина, зборуваш како природата е лек за се па хомеопатија спомнуваш, а после даваш пример за дете кое е спасено благодарение на стварите кои ти ги напаѓаш.
    Тие хирурзи и доктори кои го спасиле биле на своето работно место баш заради тоа условно кажано модерно ропство, односно потребата да заработат.

    Дај биди појасна и кажи како ти го замислуваш идеалното општество?
     
    На FVP му/ѝ се допаѓа ова.
  20. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.759
    Пол:
    Женски
    ^ А и ова не важи ок :D Не драга не сум,тоа само ти чекаш да најдеш замерка,да го напишев спротивното ќе беше нереално и пак ќе беше проблем и напад вака се сложив реално и пак е проблем и напад.Напишав и дека во ова време на развој на технологија и сообраќајни несреќи за тој што сака да види е НЕРЕАЛНО да се лечи само со природа во ИТНИ СЛУЧАИ се остало ДА. Уште некој проблем на решение:?
    МОЕТО РЕШЕНИЕ и ИЗБОР е здрава исхрана,живот во склад со природата и самозапослување што е проблем за ова треба дебата ?