Ти си крајно контрадикторна. Го напаѓаш модерното ропство, образованието и конвенционалната медицина, зборуваш како природата е лек за се па хомеопатија спомнуваш, а после даваш пример за дете кое е спасено благодарение на стварите кои ти ги напаѓаш. Тие хирурзи и доктори кои го спасиле биле на своето работно место баш заради тоа условно кажано модерно ропство, односно потребата да заработат. Дај биди појасна и кажи како ти го замислуваш идеалното општество?[/QUOTE] Какво бре црно иделано решение за општеството за кого? Па секој е таму кај што си заслужува и нека си е за боље и не е ова е дојдено до овде баш поради тоа што е прифатено како такво уште се и напаѓаат индивидуи по форуми кога се бунат против исто зошто бог знае? ''Решенијата и изборите си се лично мои и индивидуални што е единствена реална опција ,човек би помислил дека при условите во кои живее обичниот македонец темава немаше да наиде на ваков отпор но иди ти види ко што реков луѓиња кои што си живеат во ла-ла-ленд.
И ти си замислуваш дека самозапослувањето не е ропство? Демек кога ќе ти текне идеш на работа, кога не, денес ти се спие па наместо од 9 почнуваш од 12, па у 2 те фаќа сафра и си одиш, па ајде сеа ќе си земам одмор...многу кратко ќе ти трае самозапослувањето. Почнувањето свој бизнис е ризично, конкуренцијата е безмилосна, можеш да пропаднеш дури и ако рмбаш ко вол, да не зборувам дека одговорностите се далеку поголеми...не е тоа никаков излез од модерното ропство.
Жално е што луѓето тоа што го доживуваат на работа сметаат дека е нормално и дека е право на авторитетот над нив. Не е. И за жал, заради неудобноста на нашиот систем, остануваат таму каде што се. Многу луѓе се способни, но не успеваат ради културата во фирмата. Тоа е како да очекуваш кактус да успее на влажна клима. И така настанува модерното ропство.
Чекај велиш дека сум идеалист и аспирациски пештерски човек,потоа ова ? Добро ајде кажи/те ми ти/вие онда решение ЗА /СПОРЕД ТЕБЕ ВАС во овој случај што би било .Да дигнеме револуција и идеме на плажа сите? Тоа е за тебе изводливо? Постојат и луѓе кои идат оф-грид тоа тек немам живци да објаснувам што е кој сака нека изгугла,тоа е тек бег од модерното општество и ропство како и една од опциите доколку некој ја сака.За мене ова не е и ова ми е како баланс i next best thing повторувам за мене. Нигде не реков дека сум месијата нити е тоа работа на еден човек, нити дека доаѓам со одговори за сите проблеми на светот,само како обичен човек со она што досега сум го сватила и одлучила за себе отворив тема за дискусија на проблематика што не засега сите.
И мажи и жени здравјето си го уништуваат во некои смрдливи фабрики и без клими еј на 50 степени цел ден некои стојат и притоа зимаат највише до 13 илјади со тие 13 илјади можат само сметките да ги платат и да купат две саламки во фрижидерот. Газдите се дно дна, ама како расте свеста на народот се иселуваат и работат за пристојни пари што со тие пари можат и месец да прекараат и да штедат и деца да школуваат и да прошетаат.
Ваа наша држава за жал е никаква еден Боки 13 шо пуа само и прде а ништо посебно не работе и пред телевизијата да му се отвореше имаше пари, луксузни патувања се исто и инфлуенсерките што рекламираат производи којзнае колку пари и даваат на пример на Лила а замислете вработена чистачка во училиште зима 12 000 шо мете и чисте измети.... Секако дека ке има вип личности и ке заработуваат повеке ама за вип ги сметам познатите пејачи што имаат милионска публика, актерите познати, режисери, ама неможе обичнио човек да робува бе барем да живее скромен живот замислите и децата патат нивни. За 12 000 шо у денешно време е еден атлас за у школо на дете да купеш 500 денара а кај се вода, струја, дрва, зимници, родендени, па и недај боже некои терапии каде лековите се изнад 400 500..
Абсолутно се согласувам. Исто така, сметам дека би постоела голема веројатност да настане т.н. Tragedy of the commons - ситуација во систем на споделени ресурси, кога индивидуалните корисници, дејствувајќи независно според сопствениот личен интерес, се однесуваат спротивно на општото добро на сите корисници, со осиромашување или расипување на тој ресурс преку колективно дејствување. Во модерниот економски контекст, терминот "commons" се употребува за секој ресурс кој е заеднички споделен и нерегулиран, како што се атмосферата, океани, реки, рибни резерви, патишта итн. Со други зборови, станува збор за оние добра што уште од Римското право биле дефинирани како res communis omnium. Меѓутоа, доколку хипотетички претпоставиме дека сите производи/услуги на планетата Земја се здобијат со истиот статус, тогаш би требале да ја земеме во предвид и општествената психологија која би настанала со таа нагла промена. Луѓето, од генерален аспект, се себични суштества кои постојано бараат одреден начин како да се одвојат од толпата и да си придадат значење за себе. Поради тоа и сме психолошки условени да прифатиме систем на социјална економија што ја формира нашата психа како вид - доколку секој ресурс би бил бесплатен, сите би се обиделе да ги злоупотребат истите и да земат многу повеќе отколку што ќе им биде потребно затоа што луѓето се својствено алчни. Со други зборови, ние сеуште не сме еволуирале за целосно да ги заменуваме емоциите со рационалноста. Всушност, економистот Адам Смит одамна ова го утврдил во неговата книга “An Inquiry into the Nature and Causes of Wealth of Nations”, (1776). Односно, концептот што Смит го имал на ум, било тоа дека дејствувањето за самозаинтересираност е она што ја прави економијата и трговијата да функционираат на глобално ниво. Кога би можела грубо да претпоставам, сите би се однесувале како луѓето во Европската народна приказна "Stone Soup" - гладни патници ги убедуваат себичните граѓани секој од нив да сподели мала количина на храна која ја имаат за да направат супа од која сите ќе јадат.
Следиме трендови. Трендовите пред се ни влијаат за да посакаме 20 пара чевли, 7 палта, 10 фустани, ваков часовник онаков. И детето во приватна градинка и на скијање дали во хотел со 4 или 5 * ол инклузив и неол инклузив. Па автомобил, па втор автомобил, па викендица и наочари за сонце од не знам колку евра. Па пари за факултет. Па за кафиња. Цигари, не знам што. Робови сме на нашите навики пред се. Оти 2 возрасни образовани би требало без проблем удобно да живеат без трауми. Чак и необразовани високо. Мебел на секоја ...не знам колку години...колку од тоа е вистински потребно а колку е тренд? Сеуште функционираат семејства еден да работи еден не. Прашањето е што ако на работникот нешто му се случи, дали домакинот има доволно вештини да се снајде? Племето ( роднини, пријатели) некогаш ќе помогне некогаш не. За живот надвор од тековите на општеството , на маргини треба многу сила.
Не ви ја пратам расправата од претходните страни. Сметам дека има 3 врсти на ропство од работата,од кои најстрашно не е малата плата,туку е трчањето по пари и занемарување на себе, семејството,друштвен живот,семеен. Познавам повеке примери вакви. И покрај многу направени пари,тие не се богати, уживаат само кога ги бројат парите,тоа е роб во права смисла,кој не отишол на одмор со семејство,не излегол никаде само работа/дома и броење пари,тажен живот.
Па повеќето луѓе се робови на работата. Оние со ниски примања трошат голем дел од времето за да обезбедат средства за да преживеат неможејќи да си пружат некои задоволства додека голем дел од овие со повисоки примања заборавиле да уживаат во она што го стекнале. За нив животот се претворил во голема математика. Затоа се цел ми е да работам за да живеам а не да живеам за да работам.
Има и вакви луѓе. Јас не спаѓам во таа група. Купувам колку што ми треба, имам дисциплина со пари. Но, има луѓе кои на 35 години последните пари ги даваат за очила за сонце марка, и потоа се позајмуваат од мама за да го истераат месецот до плата. Тоа е веќе аздис. И викам на една пријателка „Јас не можам да имам, не можам да си дозволам да имам 15 пара чевли“, ми вика „Можеш, секој емсец по еден пар ќе купуваш“...И што со тоа кога 15 пара јас не можам да постигнам да ги носам? Таа ги цени луѓето по тоа кој колку купува, и малку по малку се оддалечивме, оти секое јавување ме прашува дали сум купила нешто, од каде, колку пари. Попис ми прави. Ако имаш 2-3 пара чевли за неа си скржав, не е тоа доволно.
На работа одам од 8:00- 15:30 Газдата ни нуди прекувремена работа, која сме приморани да ја прифатиме, и тоа после 17 часот, кога треба да заврши колегата. Значи од 17 до 19:30 за едни мизерни 500ки. На одговорот дека е напорно. Ми се обрати шефо и рече, кога може мојата сестра да иде од Швајцарија и да прави заби и вие можете да работете. Млади сте. Поголемо ропство, амин!
@GirlLove, на твое место би се пуштила во активна потрага по ново работно место. Не вреди, едноставно не вреди. И за повеќе пари да е, дали би си ја жртвувала среќата и слободата? Мое мислење е дека човек треба да ја работи работата што ја сака, работата треба да причинува задоволство, а не секој ден да ти е пекол. Знам дека не е лесно, знам дека зависи и од твојата струка, но верувај дека има излез и дека не мораш да ја работиш таа работа ако не сакаш. Има излез, само не се откажувај и барај го. Не мора да е конвенционална работа од 8 до 4, работи на твоите таленти, развивај ги и обиди се да профитираш и од нив. Вака кога ќе пресметаш, поголемиот дел од денот го поминуваш работејќи, и е апсолутно недозволиво според мене тоа да е нешто што не го сакаш. Нема шанси да си среќна на тој начин. Секое добро и не се откажувај од потрагата по твојата среќа!