Благодарам многу ! Искрено ми падна камен од срце хахах... Планирам летово да го довршам англискиот јазик целосно (го знам да кажеме 70% но сепак сакам да го усовршам) и да аплицирам за работа на брод, па се надевам се ќе си биде како што треба.
Имам пријател кој се врати пред неколку денови од брод после 7 години. Човекот ми објасни што е и како е работава, значи трошоците се 1.000 евра од кои тие 500 евра што ќе ги дадете за карта на прва плата ќе ви бидат вратени. Лекарското пред да се отиде е навистина до детал она баш да се каже. Исто така мислам дека три категории имало за работа на брод, другарчево ми кажа дека најпаметно е да се избере NCL категорија бидејќи како демек не било толку многу строго и стегнато. Како келнер плаќале на почетокот 800 долари (Тие ви се чисти затоа што логички храната и престојот не се плаќаат на брод), но понатака како се напредувало така се покачувала платата и се стигало до околу 1400 долари плус бакшиш. Еден договор траел 8 месеци и ќе ве излажам колку но има слободни денови кои може да се искористат за шетање. Како чистач на соби платата била поголема, но немало скоро ни ден слободно затоа што било претерано многу работа за чистење и нон стоп било на нозе повеќе од 12 саати. Јас ќе одам до агенцијава на разговор заедно со другар, за сите други кои што им треба повеќе информации доколку ги знам нека ме прашаат да им кажам.
агенцијата е коузон, се наоѓа негде кај рекорд не знам каде точно но таму е. Инаку не знам ни јас кога ке биде следна тура, треба да одам деновиве и ќе се информирам
NCL не е категорија, туку бродска компанија - Norvegian Cruise Line, не знам што мислиш под категорија. А за слободни денови, не ќе да си разбрал убаво. Слободни саати за шетање, може.
Како функционира со Мајоми на пример? Одиш кај нив, кажуваш отприлика што сакаш да работиш и ако си квалификуван за колку време се договара интервју? И еве те одберат на пример, колку долго трае процедура за да отидеш???
Ако има отворено позиција за тоа што сакаш да работиш, можеш за многу брзо да заминеш. Интервјуто зависи од колку кандидати се пријавени за таа позиција и од тоа за колку брзо им е потребен работник на компанијата. Доколку те одберат тебе процедурата трае месец дена.
Zdravo sakam da rabotam na brod ili stujardesa da bidam no sakam na brod poveke no ima proglem angliski mn malku znam sekoj den ucam po malku sto bi mozela da rabotam bidejki angliski slab mi e I dali treba da znam ubavo da zboruvam ?
@macka91 дали ќе може да ме контактираш во лп имам некои прашања па би сакала да слушнам твое мислење.
Потребен ми е да ми пише хитно некој што веќе бил на брод, ми треба една информација, но само во порака, благодарам однапред !
Мене ме интересираат детали за работа на речни бродови. Кои други позиции ги има освен келнери, собари, кујна и колку време траат договорите.
Тешко е без искуство да се добие добра позиција на брод било да речен или окенски.Менеи ми беа потребни 6 години да добијам менаџерска позиција,но од мое искуство јас работам на океански е да си пробаш на океански затоа што е полесно.Договорите на океански траат од 6 до 7 месеци додека пак на речен 4 месеци,ама се работи повеќе.Имаш позиции и како Restaurant hostess.Guest Relation officer,Account Purser,Youth Staff,Entertain Staff,Shore excursions Staff ....но за се треба да имаш искуство ...
Zdravo Kazete mi nekoj ima iskustvo so majomi? I za kolku vreme se javuvaat I kakov e toj test sto se polaga? Za angliskiot jazik ili? Za spa centar sakam da apliciram
За некои компании има полагање на тест за англиски јаик, за некои не. За тоа за колку време би ти се јавиле зависи за позицијата што ја бараш и кога ќе се отвори работно место. Можеш да се јавиш да се консултираш со нив, они ќе ти објаснат најубаво.