Здраво друштво. Вака имам закажано две интервјуа за две бродски компании на 12 ти за Ривер Адвајс ,а на 13 за Scylla. Ќе се појавам и на двете иако според условите што ги нудат би ја одбрала Scylla зашто за келнер платата е 2100 евра со се типс со се комплет швајцарски договор. Т.е кај нив нема типс тоа е фиксната плата имало 30 или 100 гости на бродот. Ривер Адвајс нуди 1480 на договор и плус типс кој се движел од 400 до 900 евра наводно зависи колку гости има на бродот. Еве информации за оние кои немаат. Е сега јас немам искуство на брод и не знам како да се ,,понашам ,,на тие интервјуата. Ако некој имал искуство нема ми пише тука или во порака чисто да се исконсултирам оти јас и со келнерско искуство сум тенка. Таму имам ставено нормално повеќе искуство за да добијам датум нели,јас у суштина цело време сум работела административна работа, но тоа не е многу битно...Јас имам шанси да добијам договор оти имам европски пасош и лична карта. За Ривер имав понуда за минатата сезона зашто кај нив имам дадено документи уште пред коронава ,ама нели не се одеше и пост корона се јавија ова време лани ама некако немав донесено одлука за идење и не бев сигурна дали ќе истераат сезона ,уште ми беше страв од корона и карантини. И сега бидејќи истераат цела 2022 год се одлучив да се појавам на интервјуто... За Ривер инаку имам аплицирано преку бугарска агенција Easy consult ,луѓето се регулар профи се денар не бараат ,а за Scylla ми пушти Холи од daycare и некако се поклопија работите. Со Холи имав недоразбирање околу провизијата од 250 евра,оти ја не знаев дека тој наплаќа ,прашав дали се плаќа откако ја даде мојата апликација...и му реков пријателе повлечи се не треба ништо оти имам европски пасош не ми треба твоја услуга. Сепак ќе речам со мене испадна фер,рече апликацијата е дадена интервјуто е закажано,оди појави се не мора ништо да платиш. Така што еве и искуство и фидбек а вие кои сте поминале интервју помагајте. Благодарам однапред и среќен празник на сите што слават.
Со лесно и со среќа на сите Ситуацијата у нашава северна придонесе И јас Послем нова година аплицирав и за бродови и за хрватска и сам преку интернет и преку агенции па ќе видиме. Со МКД пасош сум и малце постар,па некако сум несигурен дали нешто че кликне… Ако има некој идеја каде место е сигурно за идење и плаќање и добра плата(и бакшиш) нека сподели фала Поздрав
Mozes na internet da baras sajt ama mene me izvisija i sum totalno razocaran i od agencijata i od brodskata kompanija.... ke te vlecat so godini da cekas, da frlas pari za viza i na kraj ke ti kaze "nisto za ovaa godina, ke te barame naredna (nekoja) godina.
Жал ми е што сте имале такво искуство. Се надевам ќе сфатат дека згрешиле и ќе ве побараат. Мислам дека сега овие два наредни месеци се пријавува и се одбира за сезона… Би требало повторно да дадат шанса
Пробај со Ферон или Ривер стар од Србија. Тоа се сериозни компании кои со години регрутираат персонал и нема да те зафркнат. Не бараат пари за процесот, но ако ти треба виза сам си бркаш тоа барем го разбрав овде на форумот. Не сум имала искуство со нив, ама како што прочитав искуства ок се. Можеш да пробаш и преку Easy consult еве ти линк разгледај си. https://easyconsult.eu/job/7W77V5 Бугарска регрутерскс компанија се многу коректни, соработуваат со Ривер адвсјс. Јас преку нив имам дадено апликација уште пред да почне короната, ама таа сезона 2020 не работеа, 2021 полс сезона мислам истераа, а 2022 уредно цела. Ме контактираа и за 21 и 22 ама некако уште беше пост ковид и неизвесно нели... А пролетва 2022 кога вртеа бев на ново раб место овде со подобра плата да кажам за мк услови и не се одлучив, зашто они основица тогаш нудеа 1200 евра плус типс. Е сега ми стигна известување за келнер позиција покачиле на 1480 основица и не е лошо ако бакшишот е плус просечно 600 евра. Да не те излажам тогаш кога ми вртеа на прва бараа и европски пасош да имаш, со мк не регрутираа. После бараа и 2 дози на Фајзер да имаш примено имај го и тоа во предвид... Сега за вакцините не знам дали важи тоа... Пиши им или пушти едно CV ќе ти одговарат. Со среќа.
Нема такво нешто на брод. Работиш 12-13 часа, на речен вршиш и утовар на храна на одредено пристаниште, внесување багаж итн.. Без разлика на позицијата На океански брод не го прават сите тоа, ама на речен бидејќи се малку сите работат се. Дури и собарките некогаш служат во ресторан ако мора.. И обратно А ферон и не се толку сериозни... Исто и тој бојан од ривер стар Иначе сега веќе е и касно за сезонава, септември-октомври па за некои компании до кај 10ноември е најдобро да се аплицира. Подобрите места и компании од почеток на октомври веќе немаат слободни места за подобрите позиции
За skylla да знаеш дека освен што се повисоки платите, парите се отепувачка. Ланската сезона им беше криза со персонал и келнерките на некои бродови работеа свашта. Другарка моја ја натераа садови да мие после 3тиот месец (уствари кога им дојдоа повеќе гости и почна висока сезона) и оваа се откажа
Фала на информации А дали знаеш дали има старосна граница лимит на тие што работат? QUOTE="Dust, post: 6486104, member: 46452"]Нема такво нешто на брод. Работиш 12-13 часа, на речен вршиш и утовар на храна на одредено пристаниште, внесување багаж итн.. Без разлика на позицијата На океански брод не го прават сите тоа, ама на речен бидејќи се малку сите работат се. Дури и собарките некогаш служат во ресторан ако мора.. И обратно А ферон и не се толку сериозни... Исто и тој бојан од ривер стар Иначе сега веќе е и касно за сезонава, септември-октомври па за некои компании до кај 10ноември е најдобро да се аплицира. Подобрите места и компании од почеток на октомври веќе немаат слободни места за подобрите позиции[/QUOTE]
[/QUOTE] Не е касно за Скила јас сега пуштив Cv декември и одма ми закажаа интервју... Зависи каква среќа ќе имаш. Јас дури 50 - 50 сум за одење и да го поминам интервјуто, зашто имам детенце и не ми остава баш поготово ако плата е мала за бродска работа. П. С Што се однесува до вадње маст од работа, тоа го имаш и овде, не знам кај си работела, ама овде келнер исто се прави, служи гости, наплаќа раскрева, мете локсл, цело време на нога. Јас келнер уште од студентските денови не сум била и еве се нафаќам. Еве овде работам интелектуална работа, 9 часа во место, се бара од мене да сум топ левел и секогаш 100 посто да дадам, ама 2000 евра не ми даваат. На претходното работно место пак сум работела дури и за тројца, плус обучување помлади колеги. Исто интелектуална работа, ама саати поминати на работа до бесвест 10,12,на повик од дома ако затреба за фантастична плата од 450 евра. Многу ми е криво што така евтино си го продавав знаењето и трудот... Така што се е во перцепцијата... Дали ќе бидеш овде невработен/а и ќе чекаш пари од друг не дај Боже или ќе работиш за бедни пари за леб и вода одлуката е индивидуална. И јас пријателка што работи на брод со сопругот заедно. Да, кога е фул сезона е тврдо, но они останаа и зимово вели ептен раат дали имаат 20 или 30 гости на брод ептен релакс, а платата е иста... Еве тоа е што знам, што ми кажале пренесувам. Ја имсм интервју на 13 баш и прецизно ќе си прашам кои задолженија ќе ги имам и колку работни саати се во прашање па ќе ви пренесам. Поздрав друштво.
Ако се одлучиш да работиш на речен брод и имаш добар англиски и по можност германски , би препорачал да аплицираш за Рецепција или Night Watch позиција, сите други позиции се напорни и стресни. Но, работа на речен брод е напорно затоа што нема да работиш конкретно на рецепција ако се одлучиш за тоа , туку ти даваат и други работни обврски. Ако имаш ЕУ документи јас би ти препорачал да бараш работа во Германија,Швајцарија или во Скандинавските земји.. затоа што работа на речните бродови посебно како конобар во бар/ресторан или housekeeping е напорно, стресно и тешко и плус ти даваат други работни обрски како на пример kога има disemberakation треба во гостинските соби да менуваш постелнини и да ги припремиш за наредните гости што доаѓаат истиот ден,фрлање на ѓубре и товарање на брод со пијалоци и храна тоа се прави групно со целиот екипаж и други работни обврски. Швајцарски договори и плата од околу плус минус 2000 евра нето + бакшиш може, тоа зависи од тебе но и од гостите... чиста заработка , немаш никакви трошоци.. не секој може да издржи да работи на брод,но, добро е да пробаш и едно ново искуство во животот. Ако ги пројде интервјуата и доби работен договор за новата сезона, со среќа.
Да друштво ги поминав интервјуата. Не ја добив посакуваната позиција зашто немам искуство на крузери. Ми дадоа позиција лондри. Претпоставувам не е лесно. Не сум работела никад во живот перална ниту имам претстава дал ќе издржам...платата да ок е околу 2000 евра не е малце. Ќе пополнсм документацијата па ќе видам дал март ќе се качам.Ако одам ќе биде за Скила иако и кај двете компании поминав.Тоа е ако некој веќе имал искуство на оваа позиција нека пише...би ми значело. Тоа е на сите со среќа.
Здраво дали некој беше на интервју за на Grand Circle или ќе оди сега што се на 24 јануари во вторник ?
Treba da se dogovoris so covekot sto ti brka rabota ako imas covek ako ne pisi mi vo poraka ke ti kazam
https://www.vrabotuvanje.com.mk/Ves...-rechni-brodovi-potrebni-se-2400-mladi-lugje/ Некој искуство со ова?
Искрено ќе ти кажам бев на разговор таму вработените беа фини стварно неможам да кажам ама фирма што се отворила пред 2 месеца но наме... Прво ти бараат пари да уплатиш после ти кажува дека имаш обука они имале све изнајмено хотел,ресторан,бар,базен незнам што.. Мислам дека е превара ако си заинтересирана за работа на брод пиши ми ЛП ќе ти дадам контакт да средиш јас чекам одговор утре треба да ми кажат ама преку други луѓе.