Девојки, може ли да ми каже некоја од вас колку чини цела апликација за работа на брод? Вкупно цената за сите процедури???
Aпликација - 500ден. Тренинг -6000ден. Американска виза - 140 долари, + 550ден за ПИН. Систематски - 6200ден. На крај 3000ден за агенцијата. И авионска карта до местото од каде што треба да се качиш на бродот. Вкупно - околу 1000 евра.
Ти ги пишав погоре посебно сите давачки. Всушност најскап е авионскиот билет, но зависи од каде ќе те викнат да се качиш на бродот. Во мојов случај половина од сите давачки ќе ми биде билетот, а другата половина се останато.
Преку која агенција одиш ти? Јас сакам да се распрашам преку Коузон,ама навистина мислев дека под 2000е нема шанси биде!
Преку Коузон сум, има и други агенции кои посредуваат но овие се многу професионални и мислам дека се најсигрни од сите. Давачките се тоа, мене ми остана уште систематски да поминам и карта да извадам. Вака не се малку пари 1000 евра, но за месец-два ќе ги вратиш секако откога ќе почнеш со работа.
Јас не сум баш најсјајна со англискиот, ама навистина сакам да отидам, ке почнам со распрашување набрзо, за почеток ке аплицирам за позиции каде се бара basic English додека го извежбам подобро здравје Боже да имам среќа да заминам се со ред ке се среди
Прв пат одам, сега во сабота на 15 треба да тргнам, на 16 да се качам на бродот. Уште не знам дали сум сама за одење натаму, во текот на неделата треба да одам во агенцијата. А страв - воопшто, не можам веќе да седам овде, така да Can't wait
Јас од се срце ти посакувам да ти се посреќи, да имаш убав помин, да си ги извадиш тродупло парите(или колку и да е , само повеќе да е) и многу интересни авантури, па потоа да ни раскажуваш тука
Маца ти посакувам најмногу среќа. Чекаме да ни пишеш како ти е . И јас сакам да аплицирам или не знам дали тоа е периодично или кога сакаш можеш да аплицираш и ме интересира дали мора да си студент ???
Пред се е за не-студенти, треба да имаш завршено средно и да имаш 21 година минимум. Аплицираш - кога сакаш. Одиш на главно интервју - кога од некоја од бродските компании ќе закажат интервју. Заминуваш - кога ќе имаат потреба од тебе, кога ќе ти пратат Letter of employment.
Треба да имаш 21год, логика-во Америка си полнолетен со 21год. Во агенцијата каде што аплицирав јас мораш да имаш 21, го знам тоа од лично искуство и зборам конкретно за она што го знам. За други агенции не коментирам бидејќи не знам.
ај малце да разјасниме,бев во коузон рекоа може да аплицираш под 21 година, а јас имам 20 години,а на главно интервју мора да имаш 21 година, на кој не му се верува нека се јаве во коузон и нека праша !!!
Па за главно де, а ти ако сакаш спремај се од 15год. Битното е главното интервју, од тоа ти зависи дали ќе одиш или не.
Со дечкоми сакаме заедно да аплицираме и незнам колкава е веројатноста да бидеме за едно на исти брод ?
За жал нема таква веројатност, на главното интервју претставникот од бродската компанија одредува кој за која компанија ќе работи ( овде има 3 компании - Royal, Celebrity и Azamara ) и после се чека да ти стигне договорот од компанијата-каде што пишува на кој брод ќе одиш. Агенцијата одовде те спрема само за интервјуто, а после ништо не зависи од нив, туку од бродските компании. Единствено ако се случи да ве викнат случајно на ист брод, ама веројатноста за тоа е премногу мала. Од сите што бевме заедно на интервју што ги знам сите се на различни бродови. Јас ќе одам сега сама, нема никој друг со мене.