Знам дека плаќаш за обуката која се состои од теоретски дел и мал дел практичен,добиваш сертификат па послем тоа чекаш да добиеш интервју и да поминеш односно те примат(ако поминеш и ако те примат) …
Ова е спонзориран,платен ,,текст,,за агенција која постои само 2 месеци и наплаќа 350 однапред да ,,ти среди,, а дал ќе поминеш на интервју и дал ќе ти средст тоа е сосема друго. Ги има на ФБ oxxon vacancies кога ќе им го видите профилот колку е нов ќе ви стане јасно...мислам дека некој од членовите овде подели искуство со нив т.е ги контактирала и рекле пари однапред па потоа ви средуваме. Така што јас не би препорачала...Агенции кои регрутираат за работа на брод се Коузон, Ферон, Safe cruise, Успињача ...погледнете овде на форумов има искуства од членови кои аплицирале и биле на интервјуа.
Luge aplicirajte preku agencii sto se dokazani....... eve vi forum educirajte se http://www.inozemstvo-posao.com/smf_1-1-2_install/index.php?board=68.0 Jas aplicirav preku Feron vo Septemvri, imav intervju vo Oktomvri so Viking i sega mi pratija dokumenti bev vo Germanska ambasada za viza. Od agencijata ni denar ne mi zemaa, taka da natamu so ke bide ke ve informiram.
Dali ima nekoj sto veke bil so.ovaa novava agencija oxxon vacancies?se poveke i poveke mi ispagaat reklami i nekako platava 2700 so ne mi se veruva da e tokku iako go procitav forumov ne dava nikoj poveke od 2000
Уште кога ќе видам дека треба да платиш 400 евра унапред за некоја си демек обука све ми е јасно. Во ред е да е тоа откако ќе ја добиеш работата али вака нема никаква логика. Според мене ова е една голема измама за правење пари.
Јас и мојот пријател бевме вчера во нивната канцеларија која се наоѓа на улица Македонија, имаше една девојка која ја прашавме за работа на јахта и речни бродови а таа само кратко одговори дека обуките се завршени и дека следните обуки би биле во месец Октомври на нашето прашање кога се заминува и почнува со работа на јахта/речен брод? она ни кажа после 50-60 дена од обуката. Ако има некој на овој форум што ја поминал обуката и почнал со работа нека пише, што не ми се верува дека некој се качил на јахта или брод до сега, само се олесниле 300-400евра за "обуката" Следното наше прашање беше со кои речни компании соработуваат а нејзиниот одговор беше: Со кои речни компании соработуваме незнам, да не ве лажам.. Мојот пријател има бродско искуство преку 8-9 години на прекуокеанските бродови а последниве 2 години заедно работиме на речен брод низ Европа и со агенциите што сме отишле на брод никогаш не сме платиле пари за некаква си обука. Сакавме само да видиме која e речнатa компанија или јахта што дава минимална плата 2700 евра
Too good to be true. За нив имав прочитано на споделено стори од страна на боемот, па ја користам оваа прилика да искоментирам не е во ред да ги промовира исто како што е он против брзите кредити. На такви исфорсирани реклами секогаш човек треба да се запраша два пати. Среќа пријателот имал бродско искуство.
Јас работам на брод од 2020. Аплицирав преку Safe Cruise на фејсбук. Агенцијата е од Србија, не наплаќаат воопшто ништо за нивниот сервис. Ова беа моите трошоци откако ги поминав првите две интервјуа со нив: - Марлинс (англиски јазик), мислам дека беше околу €20 - Ц1/Д виза $160. Овој трошок ми беше вратен кога дојдов на брод. - ENG1 - систематски. Кај нас го има во Неуромедика само и последен пат платив околу 27000 денари. Може и да се направи и во друга држава, битно да е од листата на признаени установи. Погледнете го нивниот профил, исто како и allcruisejobs.com Ако сакате да работите на јахта, има исто групи на фејсбук за yacht crew еден куп. Со правилно резиме и упорност, се наоѓа работа и на јахта, башка сега е моментот кога вработуваат за наредната сезона во Европа.
Последно Сејф круз 150 евра за услугата наплати на лице од скопје Имам и доказ за трансферот по вестерн на име на Иван Сите се искурназија
Леле, стварно? Мене ништо не ми наплатија, може дека работам со Princess cruises и прво нешто што ме прашаа е за агенцијата, дали ми земале пари во замена за оваа работа.
Има ли некој искуство со работа на брод во казино како cashier? Колку е месечната заработка на таа позиција?
Како фотограф, а после откако ми заврши договорот се префрлив во друг оддел, ама тоа веќе посредував со агенцијата во Италија.
Овие од Oxxon многу несериозно делуваат и по постовите на инстаграм. Јас лани бев на онлајн презентација од Коузон. Човекот делуваше многу океј и беше искрен. Може да се аплицира кога сакаш, цело време праќаат луѓе. Е сега мене малку многу трошкови ми се видоа, посебно ако бидеш одбран да одиш во Америка. Тестови, виза, авионска карта која напомена дека не секогаш ти е платена од компанијата, ама ко демек поголема плата имало ко замена. Така да, сега-засега не знам, ама убаво што цело време им се отворени вратите, за кога ќе се одлучиш.