Oпределен рок нема, се аплицира во текот на целата година, само се чека кога ќе дојде некој од Мајами, од компанијата да го направи интервјуто. Може да се аплицира за различни работи, најчесто во бар, како assistent waiter - тие што работат во главниот ресторан кај што јадат гостите (работа со храна) искуство е пожелно да се има, а може и само "црно на бело" ти даваат материјали да се спремаш за интервјуто, зошто колку и да имаш искуство кај нас се' тоа е комплетно различно со работата таму. Лекарско вадиш од Ремедика мислам дека беше. Трошоците се на се се околу 1000евра, може и помалку. 6000ден. беше тренингот, 6000 или 6500 беше лекарското, визата е 130 долари, и најскапа е картата, во зависност од тоа до каде треба да леташ. За старт и не се малку пари, но за два месеца можеш да ги вратиш сите трошкови.
Може ли некој што веќе бил на брод или е поупатен да каже колку од прилика се движат платите, најниски и највисоки... И колку можеш да заштедиш??? Јас сум заинтересирана да аплицирам, ама на брод на речно корито.
Еве јас за 7 месеци, без многу трчање и замарање заработив околку 16 000 $ а пошто сум многу стедлива, се вратив дома со 3 300 и баш ми е гајле, купив лап топ, 2 телефони, а се останато е изедено, испиено, плажа....
па скоро ке одам и јас на ова дестинација па те молам кажи ми колку те кошташе патот до Њу Џерзи..поздрав
Дечко ми порано работел на брод 3 години со ред , преку летото.Преку битолска агенција, имало и девојки и ми кажа дека е тотално безбедно, парите се исплатени на време и што е најубаво видел многу од светот.Бил на Хаваи...љубоморна му сум, ама никогаш не би отишла,покрај се страв ми е.
Macaaaa.....ХАХАХАХАХА.....Па ти бетер од мене си била со штедењево...Јас 6-7 договори имам до сега и како што и сама кажа,се отиде по коктели,плажи,телефони,гардероба.Ама искуството-НЕПРОЦЕНЛИВО!!! Е да-не е секој за таква работа,треба да си снодлив,издржлив,да се навикнеш и да работиш.Пред се таму си за работа! Кога мене ќе ме прашаа :Kако издражуваш? Јас им велев дека не сум таму на сила па да треба да издржувам некакво туторство! Таму сум зошто јас сакам и сум навикната на тој систем! Е не сака никој да му паметуваш таму,секој си има свое место,функција и должност! Доколку ја почитуваш твојата работа,значи не доцниш,ги обавуваш на време своите должности,ама баш немаш никаков проблем!
Дали некој знае дали може со 20 години да се аплицира или треба 21 да наполнам ? И друга многу битна работа, ме интересира овие шо веке биле, како се снаоѓале со депилации и слични женски работи
се разбира дека можиш да аплицираш ќе си одиш во агенција каде нудат работа за на брод и убо ќе ти објаснат тие која е целата процедура...
Една од моите неисполнети желби! Сакам да работам на брод, сакам да го доживеам тоа повеќемесечно искуство, но секогаш фалело она мало „нешто“ за да се распрашам посериозно и по можност да се пријавам. Пловење, запознавање нови луѓе од секаде, па дури и рибање на палуба... Уникатно искуство!
Дечки , бев да разговарам во коузон во прилеп и ми рекоа дека целата процедура ке ми фати 500 евра. 500 денари за апликација , 4500 денари за обука 2 дена и на крај 20 илјади даваш на агенцијата...значи тоа е процедурата за давачките од прилика.
За која компанија и која позиција? На некои им е платен авио билетот, затоа прашувам..Ама знам дека не сите компании го плаќаат авио билетот. А 140 долари за виза и 100 евра за медицински преглед?
Еве сега следниот месец сестра ми заминува на брод. Помина една година одкако аплицира и секоја и чест, стрпливо чекаше и успеа да дочека Мислам дека преку коузон аплицираше, не сум сигурна. Инаку има многу трошоци пред да заминеш и колку што јас знаам никоја компанија не ти го плаќа авиобилетот. Се додека не пристигнеш на бродот, се е на твој трошок, а одкако ќе пристигнеш таму тогаш се е на нивен трошок, и повратниот билет за дома тие ти го плаќаат. Еве и јас имам уште една година средно и веднаш кога ќе ја земам дипломата одам да аплицирам Едвај чекам! Ако некој се интересира за подетални информации, прашајте слободно, ќе ја прашам сестра ми и ќе ви одговорам за се што ве интересира
Кажи ми дуст пошто ти си била, сакам да аплицирам за работа на брод, кажи сали онака солидно треба да го знам англискиот, за да го поминам тоа најглавното интервју со бродската компанија, ја онака го знам , сеа не баш најдобро,колку се почетните трошоци и колку се чека после тоа за да отидам позз
Нормално дека треба да зборуваш англиски, инаку како ќе разбереш што те прашуваат на интервјуто, а за трошоците јас имам напишано во оваа тема неколку пати, разлистај ја темата.
Знае ли некој дали има ли старосна граница за работа на брод? Имам 25 год. Немам работа во мк, и ептен сакам да запловам и јас.