ако сака некој нека каже кои се платите за келнер на брод и слично имам во план да аплицирам за келнер на брод и дали се исплате или нека каже што е најплатено оти тука у нашта Македонија нема фајда веке а вака на брод колку и да е тешко ке се работе..поздрав
Eве и јас да ви пишам . аплицирав преку Kоузон , и се вработив како сезонски работик на брод .топло ја препорачувам оваа агенција на сите кои сакаат да работат на брод , сигурна е , впрочем запознав тамо и други луѓе кои отишле преку ниб , и тоа луѓе од целиот балкан. инаку на брод зависи што работите ... работата на повеќето департменти не е ни малку лесна . Jас сум youth staff , и им советувам на сите со завршен педагошки , филозовски , филолошки или било која друга општествена наука , да аплицираат и да си ја пробаат среќата некаде таму. инаку мојата позиција е staff , при што имам мн, привилегии... вечери по рестрораните , излегувања по брод , и мн. друго , а некои немаат ни можност да излезат на open deck ,што мене лично не ми се допаѓа ама што е тука , тука е .. инаку имав прилика мн места да видам , да се прошетам и да запознам мн нови пријатели . убаво е да се излезе од овде и некој таму некаде можеби повеќе ќе ве цени , него ли тука , не сакам да звуцам патетично , ама успеси и на сите што тука успеале ...ете јас не успеав тука ... успеав таму .. и ќе работам колку сметам дека треба ... daniel 123, за плата не знам баш точно ама околу 2000 дол . ќе е . може помалку , мозе повеке , зависи од бакшиш што ќе го добиеш , како и да е поарно него тука , тие пари можеби овде никогаш нема да ги земеш.сакам да кажам , да не звучам патетично.. не е се во парите... еден ден сваќаш дека мн . си постигнал кога работиш надвор , а тоа со пари не се купува ... созреваш... учиш како да се снајдеш во ова лудо време и успеваш... да можеби со мн труд , и многу маки ама тоа што го добиваш нема пара која може да го купи/./...посакувам успех на секој што работи некаде надвор или сака да работи... секогаш имаме излез...секогаш имаме избор ... изберете што е најдобро за вас .. и нема никогаш да погрешите ... јас сум тука за сите кои имаат некое прашање , се што знам ќе ви кажам , мн форуми и мене ми помогнаа и пријатели кои со години се на работа... поздрав феминки и феминци.... Irepleceable , Kоузон се сигурни , од свое искуство пишувам.. уплата ми беше оклу 3000 ден . за посредништво .. ги дадов на крај со лое договор во рака , 4500 ден . за тренинг , 500 ден. за првата апликација , виза платив и лекарско се на твоја рака е тоа... но се исплати за се.. тие пари си ги повратив за мн. кратко време .. процедурата оди вака .. на нивен сајт се ке видиш , секој вторник имаат презентација , се ти објаснуваат , и аплицираш ако сакаш , треба 500 ден , цв и 2 слики , колку што се сеќавам ... и со среќа...
мене ме интересират за работа наброд дали може да се работит и како медицинска сестра дали досега некој рабптел така??? и исто дали имат вистина работа за речни бродови за 1 месец до 3 пример налето дури се слободни студентит???
Се бараат итно женски кандидати за позицијата Assistant Waitress за потребите на бродската компанија Carnival ! Потребно е кандидатите да имаат познавање од англиски јазик и да имаат над 21 година. Сите заинтересирани можат да испратат CV на info@majomi.com.mk или да се јават на 078/204-779
девојки сакам да прашам за работа на брод дали се тргнува сега во мај/јуни како што на пример се тргнува на програната word and travel или може да те повикаат за работа на брод и во септември/октомври? многу ми е важно ако имате информација пишете ми
На сајтот на Коузон видов дека бараат луѓе до 28 год, не постари. Значи ли тоа дека повозрасен не може да аплицира?
Мислам дека е до 35 години границата ( не видов никаде на страницата на коузон дека пишува 2 а за одење на брод не мора да е јуни, мај ,може во тек на цела година само зависи кога ке аплицираш и кога ќе се интервјуата.
Нека пише некој што има искуство како е на интервју, бараат ли ептен да се знае англиски, ако ја добиете работата што понатаму. До каде вие одите, од каде го фаќате бродот?Тешко ли е за работа, што е најлесно на брод да се работи, колку се движат платите ?
Kоузон се тешки преваранти од лично искуство да ви кажам. Mе моткаа година дена и згора на се после прелиминарното интервју со еден нивни вработен ми рекоа ке мора уште едно интервју со јазикот не била задоволна дотичната ма немој молимте! јас го знам англискиот перфектно имав работено 2 години сезонски во грција само со странци после во турција исто после во странска компанија со седиште во скопје каде имав контакти претежно со странци и на крај бев во лондон на работа и таа мене ке ми кажува сум имала проблем со јазикот. море марш! исто така коузон те обврзуваат да платиш обука 100 евра мислам беше демек без тоа не можело жими мајка не можело,набрзо слушнав за мајоми и аплицирав месец мај во јуни ми се јавија одма ми понудија работа значи без никаква обука јас ги одбив не ми се бендиса позицијата и после само 2 недели ми се јавија за друга позиција прифатив си полагав тест си положив после бев испратена на главно интервју во хрватска 2 минути муабет имав со работодавецот ме примија и ете си работам скоро 3 години.
Напорна ли е работата или секој вреден човек може да се снајде? Кои позиции се нудат? Платите од колку до колку се движат? Имаат ли вработните осигурување или само плата добиваат?И од каде практично се качуваш на брод и почнуваш со работа?
работата е напорна за сите имаш мн позиции фотограф,собар,помошник келнер,помошник шанкер и позиции во спа центар на пример масери бараат доста и скоро сите почетни плати се од кај 900 до кај 1500 долари плус бакшиш. осигурањето ти го обезбедува самата компанија ти го покриваш тука кога ке стигнеш таму ти ги даваат парите назад. е сега претежно се качуваат на брод во мајами таму може и да се задржиш во хотел неколку дена додека дојде бродот да те собере а може уште истиот ден зависи како ке ти се погоди летот,сепак пак зависи која компаанија е има компании што пловат низ европа не америка ама ти викам во поголем број е мајами. ке треба да леташ од белград,софија,загреб,трст како ке ти кажат од таму ке одиш
Vo pogolem broj Majami? Bas i nema mnogu brodovi koi plovat od tamu, ima od poveke destinacii niz Amerika, mnogu destinacii niz Evropa (od april-maj pa do oktomvri-noemvri) Letas od Skopje, bidejki toa ti e home port, spies edna vecer vo hotel pred da se kacis na brod, a ne da cekas da te "soberel" brodot. Za maseri i ostanati pozicii vo Spa mnogu retko odat luge od nasive prostori.
јас секогаш одам од мајами за тебе не знам. да те собере бродот не буквално кој како конта нормално.. спиеш у хотел една вечер или 3 вечери зависи како ке се погоди па тераш и јас лично познавам многу што работат како масери некои одат на обуки шо траат еден месец во лондон и добиваат сертификат и после со истиот можат на која сакаат бродска компанија да работат! некои што имаат искуство немаат потреба од обуки. и да нагласам масерите имаат мн поголеми привилегии од помошници келнери,бармени итн. немаат мн работа а платата им е горе доле иста со другиве кои работат ко коњи. и исто неколку пати имам летано од загреб а до таму сум одела со автобус!!
Јас имам завршено 6 договори и никогаш не сум била во хотел повеке од една вечер. Може да леташ од друга земја само првиот пат, во зависност од тоа каков лет ке ти најде агенцијата, а секој нареден договор леташ од Скопје и до Скопје, компанијата мора да те испрати до таму и да ти најде лет од тамy, освен ако не одлучиш да си бараш лет самиот за себе (ако си платиш карта од компанијата што и да се случи, одложyвање или испуштање на лет и сл. тие се должни да средат се, а ако сам си купиш карта се е твој проблем). Тие од СПА се staff, нормално дека имаат некои привилегии, но нивните смени се најчесто по 12 часа,со мала пауза за јадење, и имаат еден слободен ден во неделата, и најчесто тоа е денот кога имаат можност да излезат надвор. Јас и покрај тоа што сум сrew можам да излезам надвор речиси секој ден зошто имам паузи поголги од 1 час. И нивната плата е значително помала во однос на таа на келнерите во бар и ресторан и шанкерите. И ако не се лажам имаат подолги договори.
добро секој со своите искуства. како и да е мислам дека најдобро е да успееш да се пикнеш со деца да работиш ако не се лажам немаат мн работни саати,платата им е солидна и можат мн почесто да излегуваат надвор за разлика од сите останати и јас би рекла подобро психички да ме тормозат децана отколку физички да се убивам.а за спа баш сега поново една моја школска замина пред нова година и плови низ европа и е презадоволна работи како масерка и вика дека немала мн работа цело време шетала што до некаде можам да кажам дека е така зашто кој шо прави она виси на фб и објавува слики за платата ја прашав ама не ми даде конкретен одговор као у стил океј е. е сега како е навистина не можам да кажам секој може да си додаде нешто...
ај вака едно прашање за оние кои имаат веќе работно искуство, или знаат од некои нивни блиски, коде е поголема шансата за вработување, МАЈОБИ или КОУЗУН??? ВЕ МОЛАМ ДА МИ ОДГОВОРИТЕ БИДЕЈЌИ САКАМ ДА ПОЦНАМ ПОСТАПКА ЗА РАБОТА, А НЕ ЗНАМ КАДЕ ДА СЕ ОБРАТАМ. За Коузун ми казуваат требало многу цекање , за Мајоби ми викаат супер било, и бродските компании не биле толку строги спрема работниците, ваше мислење????
A што би можело со деца да се работи, кои позиции и како знае кандидатот дали ќе оди на брод околу Европа или Америка?
За да аплицираш за таа позиција - Youth staff треба да имаш завршено Филолошки или Педагошки факултет, чуваш деца, поделени се во групи, во зависност од возраста. А на кои десинации ке одиш не можеш да знаеш, ке те викнат на некој брод кога ке има слободно место за позицијата за која ке одиш, а може и да отидеш на еден брод, па да те пратат на друг, да добиеш трансфер.