Вака сега, знам дека имаше во една тема за хостеси, но јас не сакам преку агенција, плакаат после неколку месеци....а и веќе имам аплицирано и од никаде не ми се јавија. Сакам да биде преку некој оглас, или пак доколку некој знае за некоја фирма што се претставува на некој од саемите, доколку бараат хостеси. Јас работев на саем, ама преку една другарка, и многу ми се допадна. Сега барам редовно огласи за престојните саеми, налетав само на еден..али типот си бараше друго....Мислам ме разбирате. Имам слушнато дека даваат и по 100-150 евра...ја тогаш земав 100 Ако некој од вас знае нека пише.
Oва за на саем,една другарка беше,и јас сакав да одам,меѓутоа ми кажа дека таму сите хостеси биле преку врски.Роднини,пријатели,па така доаѓале до таму.
па кога има прекрасни дневници. Јас лани работев на саем за мебел меѓутоа преку газдата кој си го држеше салонот воопшто не идев преку самата организација саем. Е таму и те како е тешко да влезеш затоа нема нешто многу саеми и си ставаат нивни деца затоа што од ден плаќаат 1000 денари. па прерачувајте колку е ќарот. јас за тој саем за 6 дена 100 евра земав кај го има тоа хехе. Затоа ако немате некој во самата внатрешна структура на саем службите не се ни надевајте да влезете
Јас не отидов преку кој знае какви врски, преку една другарка побарале девојче, само да не е од агенција, зошто така агенцијата зима повеќе пари, а на девојките им дава помалце. излагачите сами си бараат хостеси, а не од самиот Скопски Саем. Врски треба за у некоја фирма што излага на саем.
Јас уште во средно волонтирав во една фирма ( културни беа, па пуштаа и по некоја паричка ). За секој саем ме ангажираа и земав околу 1500 денари на ден, што за тоа време ( пред 6-7 години ) беше супер. Годишно излагаа на Технома ( мислам дека тогаш поинаку беше организацијата, не се викаше Технома туку беа две посебни саемски организации) , на саемот за мебел, и на уште некој, одамна беше, не ми текнува баш. Инаку исцрпувачки е, цел ден си на нозе, цел ден со луѓе, од 8 до 10 навечер... ама предност е што ептен влегов во шема на работата, од таа област ем волонтирав, ем повтарење по 100 пати дневно на посетителите... Мој совет ви е пред некој саем да си отидете дирекно кај фирмите излагачи и да побарате да си волонтирате, а они после може ќе сакаат да ве ангажираат за саемот. Во секој случај ако не друго ќе имате еден ред плус во CV, сега може не ви звучи примамливо, ама и тоа како е важно. Ако сте човек како мене , без врски , а очајно ви треба работа ова е добар начин да ги прошетате фирмите, па можеби некоја ќе изрази желба и да ве задржи кога ќе го завршите факултетот, во секој случај вие не губите. Инаку овие агенцииве слабо плаќаат, а во последно време слабо гледам хостеси по саемиве, секој си ги ангажира вработените.
Јас 3 години по ред работам како хостеса на саем кога е Технома,супер е 1000 ден дневница,5 дена 5000 што е супер.Е сега јас не одев преку агенција туку газдите од фирмата ме знаат (вујна ми и вујко ми работат таму)и они ме викаат.На саем јас како што знам се е вака преку познати.
И јас оваа година бев на технома.... Пошто ете ти си веќе повеќе години таму..ако има нешто за следната технома пиши обавезно.
А дали се појавуваат некаде огласи кога ќе има саем или...?бидејќи интересно е да се работи како хостеса на саем и + примамлива е и дневницата,и ако знае некој како оди целата постапка во кои градови може да се работи оваа работа само во Скопје или...?
А јас пак знам дека сега уште малку е саемот за мебел,така прочитав на флаерот од Прима мебел. Инаку и јас сум заинтересирана за таа работа,па ако знаете како да влеземе меѓу нив кажете.
Се бараат хостеси за Елитна дискотека во Измир , Турција плата 1200 до 3 000 долари плус сместување , платен пат , платена виза итн, голема заштита. (Сите информации во инбокс) . http://www.facebook.com/besplatni.oglasi.944
Компанија од Скопје има потреба од хостеса за престојниот саем на техника ТЕХНОМА 2016, (од 18.10 до 22.10.2016 во Скопје) Сите заинтересирани можат да добијат детални иформации во инбокс.
Firma od Skopje ima potreba od dve prestavitelni hostesi za Tehnoma 2016 od 18-22.10.2016 . Dokolku ima zainteresirani ve molam vo inbox