1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа на црно

Дискусија во 'На работното место' започната од vinozito1, 28 август 2013.

  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Мислам дека кај нас во Македонија , повеќето работат на црно.Верувам дека многумина од вас имале такво искуство .Па да го споделиме .Дали би прифатиле работа на црно ?
    Поматаму како таа се одразува врз опшеството ?Какви се ризици носи тоа работно место и кој е во полза ?
     
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    На денешнава сиромаштија кога се нема работа, ако сум во тесно би прифатила, и тоа како. Исто и ако студирам па работам во меѓувреме или си барам работа по струката.

    Ризици од инспектори, немаш осигурување, немаш здравствени картони, не собираш стаж, а предности е што можеш да си бараш друга работа по струката на прм. Најголема полза сепак мислам дека има сопственикот.
     
    На tessie и vinozito1 им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.001
    Допаѓања:
    11.120
    Јас половина од периодот додека сум била вработена сумбила без стаж,а пола со стаж. Кога нема работа мора луѓето да прифаќаат.
     
  4. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    А дали доколку сте пријавени како вработен а фирмата не ги плаќа придонесите да речеме скоро цела година ( ова е за пред 7-8 години, сега веќе не е можно зошто ги блокираат или барем би требало) се смета дека има работен стаж? Или додека не ги плати придонесите фирмата ништо?
     
  5. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.952
    Феминки работењето на црно кај нас во Македонија не е ништо ново... Јас сум од генерациите што бараа вработување во првите години од осамостојувањето на Македонија т.е. во времето на почетокот на транзицијата!!! Во тие деведесети години од минатиот век повеќето фирми се затворија и луѓето останаа без работа. Новосоздадените газди сакајќи да остварат побрза и поголема заработувачка не ги пријавуваа своите вработени, а и им се можеше - немаше толку голема контрола од инспекциите како денес!!! А, луѓето преќутно ја прифаќаа таа ситуација т.е. работата на црно, им беше потребна било каква минимална заработувачка за да ги прехранат своите деца!!! Жалосно, но вистинито!!! И денес е исто, но мислам дека е помалку застапено, сепак во меѓувреме се донесоа многу закони за заштита на вработените, а и контролите и казните се поголеми!!!
    Моето прво вработување беше во 1993 година и јас бев убедена дека “сум пријавена“, дека неработам “на црно“ и дека ми тече стаж!!! Но, не било така!!! Минатата година решив да отидам во Фондот за пензиско осигурување и да си го проверам стажот. И ме чекаше ИЗНЕНАДУВАЊЕ!!! На првото работно место каде што работев 1 година и 9 месеци - стажот е 10 месеци (11 месеци неплатени придонеси и нема стаж!), на второто работно место работев 5 години, а стажот е 2,5 години ( во случајот сметководителот не ги уплаќал парите кои што ги добиваше од работодавателот - знам со сигурност!!!). Сума сумарум, сум работела на “црно“ 3 години и 5 месеци без да знам!!! :@
    За жал и ден денес многу работодавачи сакаат да ги избегнат давачките што ги имаат за вработените и парите да си ги стават во џеб!!! Но, сепак постојат закони и казни од кои се плашат, па работењето “на црно“ е се понезастапено во општеството!!!
     
  6. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    мислам дека поголемиот дел веќе од фирмите почнаа да се свестуваат, не сакаат да вработуваат на црно, бидејќи има многу инспекции, а казните се ептен високи... ете јас имам другарка, бара работа на црно веќе 5-6 месеци не може да најде, никој не сака да не ја осигури, е сега друга е приказната во текстилните фабрики, таму барем мислам дека не се осигурени сите и во кафичите исто така...
    досега јас не сум имала такво искуство, ма да и од скоро почнав да работам... а ако некогаш се најдам во тесно, и немам друг избор, и те како би ја прифатила работата на црно... и газдите се плашат веќе, слушнав и случај, каде жена работи во маркет, а газдата не сака да ја осигури, и таа пријавува, газдата си плати казна од 2-3000 евра... треба на време да се отвараат очите ако со газдата си се договорил да си осигурен, да знаеш што и како си, да не биде на крајот како што рече вал-дим, па да си чукаме главата после, толку години работа, а за ништо, само плата...
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не, според мене не е фер, иако и на газдите не им е лесно, се наоѓаат во посебна положба и тие. Никогаш на нивно место не се ставаме, а и да се најлошите, нивната одговорност е баеги поразлична од нашата. Мора да признаам, интересни ми се истите кога се жалат дека ги дереле инспектори, а како им е на работниците не е битно. Но, тоа е. Тој што не сака да пружи еднаш, ќе врати десеткратно од што мора.
     
  8. master1976

    master1976 Нов член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Од мое Искуство. Јас 20 год работам Професионално 20 Занаети имам и едн куп сертифиикати знам два јазика работа со компјутери итн . Што мислите треба ли моите способности и големо работно искуство да му ги дадам на некој работодавец за 200 евра месечно и од тоа да заработи неколку илјади евра? јас тие двеста евра ги вадам за еден до три дена како милувате да кажете на црно. Но јас работам за тие пари не крадам.
    Што но овозможува нас државата не продава на странски инвеститори како квалификувани работници ама за скапани 200 евра. Штета што сме заглавени ОВДЕ во нашава чудесна земја.....:@
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  9. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    17.683
    Работа на црно или црн бизнис, за што точно е темава?
    Нека ми појасни некој.
    Сакам да се изјаснам ама не знам за кое од овие две работи да пишувам :D