Видов има посебна тема за работа на Upwork па бидејќи има многу што работат на странава си реков да има посебна тема каде што ќе се пишува само за freelancer. Сите што не интересира нешто во врска со странава може тука да прашаме, или да кажеме наше искуство. Јас се уште немам сработено нешто за да кажам сигурно за странава но ми изгледа добра. Ваши искуства?
Дали ви се случило да се пријавите за работа и да ви пишат од профил без профилна со чуден username и бара да контактираме преку емаил. И дали ви бараат да им префрлите пари за некаква сигурност кои покасно ќе ви ги вратат. Ова ми е прв пат па ми е сомнителено, дали ова сите го прават?
Ова треба да ти е прв знак дека нешто не е во ред. Не треба да даваш пари за да работиш, туку обратно. А за странава freelancer, генерално имам впечаток дека се повеќето измамници оние кои нудат работа. Индијците овде се многу активни, што значи дека ќе треба да се убиете за ич пари од работа, секако доколку дојдете до саглам работа.
Тоа и јас го заприметив сегде ги има кај и да сакаш да се пријавиш ќе видиш 100 Индијци се пријавиле. Дали знаеш дали е сигурно број свој да внесиш или дали има можност потоа да го избришиш? Кога го направив акаунтот ми се појавуваше цело време дека треба број да дадам па затоа прашувам го пишав но сакам да го избришам.
Ти благодарам Странава многу ја спомнуваа па мислев дека е нешто woow ама имало и измамници. Ти благодарам уште еднаш на одговорот.
Мислам дека има многу подобри страни од freelancer, имаше некаде и рангирано кои се најдобри, оваа не беше меѓу нив. Upwork и People per hour се најдобри затоа што кај нив се најдобрите клиенти.
Тоа што го знам го пишав овде, немам профил таму. Инаку, достапни ви се Google, Bing и цел интернет. Барајте, читајте, истражувајте. Многу повеќе информации ќе добиете од повеќе извори одколку тука што може некој да испише во еден пост. И најважно, направете нешто во врска со тоа. Правете профили на повеќе платформи, аплицирајте, сопственото искуство е најдобар учител. Со среќа
Не губете време на freelancer,многу фејк огласи има. Ако сакате да работите и заработите одете на Апворк. peopleperhour ,guru се исто така добри. @referentka Отвори на Апворк има категории. Да работи може секој кој има знаење, вештини и кој упорен.
100 пати сум помислила слободните ноќи да седнам да најдам нешто, бар да ми се исплати 10 евра- 10 нека се...слободното време да го претворам во задоволство наречено евро
Freelancer беше спомнуван како добра страна во темата Заработи преку интернет, го спомнуваа заедно со Upwork, Fiverr.. Имаше и такви кои пишуваа дека таму работат и задоволни биле. Направив акаунт и има искрено премногу огласи за работа но искрено мислам дека треба многу среќа да те изберат бидејќи премногу се пријавуваат. Но откако кажаа дека не е таква страна како што изгледа избришав профил. Испадна дека има многу лажни профили таму Кај ваквите страни многу ме нервира тоа што бараат премногу информации за да го направиш профилот, број од телефон, држава, град, дури и адреса..
Секоја реална страна за заработка бара лични податоци. И Апворк ги бара истите податоци, бара и да им пратиш лична карта или пасош за идентификација. Инаку секој би можел да работи од друг профил.
Кога ќе почнеш да работиш и да стекнеш искуство, исто така ти препорачувам и профил на линкедин да си направиш. Често ме контактираат за работа на линкедин и имам сега за сега одлична соработка со клиенти.
Пробај,ништо не губиш. Ама на Апворк,имаш категории избери нешто што можеш да го работиш. За помош сме тука.